Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Реџепи праша за уставно признавање на албанскиот јазик

Резиме

На 103-та седница, пратеникот Скендер Реџепи го праша премиерот дали Владата е подготвена да почне уставни измени со кои албанскиот јазик би бил наведен во Уставот, повикувајќи се на претходни изјави на премиерот. Во своето излагање Реџепи изнесе и критики за односот на Владата кон меѓуетничките односи и употребата на албанскиот јазик.

Премиерот одговори дека не сака луѓето да се гледаат низ призма на проценти, туку според квалитетот. Најави дека пратениците наскоро ќе имаат можност да гласаат за закон за правична застапеност. Не даде конкретен одговор дали ќе почне уставни измени за албанскиот јазик.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Скендер Реџепи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам потпретседателе. Почитувани колеги пратеници, министер, премиер. Моето прашање ќе биде упатено до премиерот. На сите муслимани им го честитам празникот Курбан Бајрам посакувајќи им се најдобро во нивните семејства. Моето прашање вообичаено е поврзано со меѓу етничките односи бидејќи ова ги задира директно и во мојот национален идентитет и мислам дека како вакво треба да се дискутира секогаш. Со помош на мегафоните Владата постигнала да позиционира едно прашање на кое го контестираат нашиот идентитет новинарите и различните медиуми констатирајќи дека ние додека се занимаваме со албанскиот јазик, со Законот за користење на албанскиот јазик или различното поставување на правосудниот испит. Светот стигнал до месечината, но пречката да се оди до таму и моите идентитетски права е ова Влада. Бидејќи оваа Влада на некој перфиден начин, на професионален начин постигнува да ги дефокусира сите реални проблеми кои што ги има земјата. Од тешкиот економски живот, долговите, проблемите со образованието, значи бегање на младината и проблемите кои се поврзани со сиромаштијата и граѓаните воопшто не постигнуваат да го покријат месец. И овој де фокус се гради газејќи по етничките права, на моите етнички права како граѓанин и како националност газејќи го својот живот. Да не одиме подалеку еден друг мегафон кој го именуваме како новинар и кој му служи на национализмот пред неколку дена истакна дека единствен начин кој е обврска да се користи тука е македонскиот јазик и дека албанскиот јазик е преведен јазик. Зошто тогаш го фрлате огнот? Зошто фрлате оган во соживотот. Каков проблем имаат граѓаните да комуницираат помеѓу нив за да му служат на соживотот, на етничката... искрено не го разбирам ова. Не го разбирам. И претходниот пат сум истакнал за граѓаните и сега повторувам. Сите албански граѓани сме пратеници не обврзувајќи го користењето на македонскиот јазик. Ако за мене како пратеник не е обврзувачки да го користам македонскиот јазик зошто тоа го барате од граѓаните. зошто ги дефокусирате реалните проблеми ако не постојат. Ова е реалност. Ова се меѓуетничките односи, кои не сакам никогаш да се обвинам за национализам, бидејќи не ми е проблем и го знам македонскиот јазик, англискиот јазик, турскиот јазик, босанскиот јазик. Ова е во склад со мене и не ми е обврска, но сум сакал да кажам, да покажам дека јас сакам живеам подеднакво и со Македонците и со Албанците, со сите други. Не подалеку од ова поврзано со соживотот е еден граѓанин 10 полицајци го приведоа еден млад како да е најголем криминалец поради единствена вина што тој држеше во рака едно палестинско знаме. Замислете значи тоа младо дете сакаше да покаже на еден ракометен натпревар помеѓу Македонија и Израел да им покаже да израелската држава дека доаѓа од една држава која прави геноцид и терор над едно невино палестинско население убивајќи со илјадници жени и деца. Многу европски држави се позиционирани подеднакво тој се приведе како криминалец од највисоко ранг. Ова има смисла ако еден ден претходно министерот за внатрешни работи ќе реагираше во времето кога екипата на Вардар играше фудбал со Тиквеш и целата јавност викаше добар Албанец е мртов Албанец. И тука значи Министерство за внатрешни работи не реагираше воопшто. Пораката од овде е за министерството и за Владата се позначајни односите со една геноцидна држава од соживотот помеѓу Албанците и Македонците. Значи не разбирам зошто мора да биде ова. Ова е болна вистина која ние ја живееме тука во текот на овие две години како Албанци во кршењето на моите етнички права. Понатаму, Владата манипулира со Венецијанската комисија без ниту еден прекин значи бидејќи со помош на оваа комисија ги оправдува сите кршења кои им се прават на етничките, уставните и законските права на Албанците. Затоа јас денес ќе кажам за да разбере јавноста Венецијанската комисија откога е основана во нејзината програма е комисија која е советодавна и не е обврзувачка. Не може Венецијанската комисија да е над Собранието, над Уставот, над ниту една држава. Само е уставна комисија која дава само сугестии и совети за законите кои се поврзани, односно имаат уставност и за развојот на европската демократија во земјите кои предлагаат да се анализира еден закон. Но нема одлучувачка улога ние да се осврнеме на оваа комисија било да е за Законот за јазиците која е грешка која тие ја испратија. Било да е Законот за правичната и еднаквата застапеност и уште полошо пред да дојде во Собранието, значи во моментот кога ќе дојде во Собранието ние можеме да го менуваме. Потоа Влада може повторно да го испрати таму. Значи мнозинството од европски држави не ја консултираат Венецијанската комисија. Франција, Белгија, Италија, Финска, Ирска, сите овие држави имаат двоетничка комуникација и двојазична комуникација и тријазична опфаќајќи ја и Швајцарија и Шпанија. Но нивните закони не ги испраќаат во Венецијанската комисија. И во Финска 5% од Швеѓаните подеднакво комуницираат како званичен јазик во целата Финска и во судот без да имаат интерференција помеѓу нив, значи имаат право 5%. Зошто не ја консултирате Венецијанската комисија и тие многу добро го знаат и Владата и вие пратениците, бидејќи овие држави постигнале првично да создадат еден договор помеѓу двете националности и потоа тоа да го претстават во Уставот, Уставот во закон и нам потреба да одат по Венецијанската комисија. Додека ние што правиме спротивното. Еднаш ги консултираме другите, го имаме Уставот во право, го газиме Уставот. И сега ги имаме законите, законите се многу во ред како Законот за користење на јазиците не го имплементираме и се повикуваме за нешто со дефокус повторно. Моето прашање за премиерот е искрено прашање бидејќи го разбрале оценувањето на премиерот. Во Уставот на Република Северна Македонија постои еден член каде албанскиот јазик е ограничен како закон од 20%. Ова е срамно за мене како Албанец, срамно за нацијата, за мојата историјата, за мојот идентитет, за културата, за меѓуетничката хармонија е срамно. И што е подобро во 2020 година премиерот изјави дека не е во ред еден народ да се оценува со проценти. Ова беше изјава на премиерот и се сложи зошто да нема уставни измени за ова да се префли како албански јазик. Во 2022 година истото го потврди и имам копии од изјавите кои ги кажал. Кажува дека јас сум сложил 20% да се оцени како албански јазик. Ова треба да се поздрави премиер. Значи ова е значаен чекор на еден опозиционер кој е во својство на позиција да создаде добра меѓуетничка доверба и ова треба да се поздрави. Како Финците дека не се осеќаат помалце Финци отколку Швеѓаните да се поголеми. Исто така и Македонците не треба да се осетат навредени или дека има се кратат нивните права ако Албанците функционираат во целата држава кој се 30% или 29,7% во споредба со Швеѓаните.. Моето прашање премиер е дали сте подготвени да ги направиме уставните измени. Вие тоа да го почнете како што го кажавте во 2022 година. Вие како премер да ги земете придобивките и конечно албанскиот јазик, мојот јазик да е дел од Уставот и да се создаде меѓуетничка хармонија која е многу потребна за граѓаните. Ги имате бројките, ги имаме бројките над 100 пратеници.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник Скендер Реџепи. Благодарам на прашањето. Би сакал да дадам еден краток осврт на вашето малку подолго излагање кое што би го ставил во една рубрика во која што имам дилема дали да навлезам подлабоко или да го гледам само на површина. Бидејќи толку беше површно што во суштина немаше и некоја вертикала за да можам јас да навлезам малку подлабоко за да дадам одговор. Но за да верувам во вашите чесни намери за соживот меѓу различни етнички заедници во Македонија како мултиетничка земја. Очекував од вас да денеска бидете малку по објективен. Јас нема да навлегувам во делот кога ја навредувате државата Израел и ја нарековте геноцидна држава. јас би сакал во таа насока како претседател на Владата јасно кажам не стојам позади овој ваш став како пратеник во македонското Собрание, туку се оградувам од овој ваш став кој што вие сега го кажавте. И нема да навлезам во понатамошна дискусија по тоа прашање бидејќи споменавте и други држави, други случаи кои што немаат никаква суштина со внатрешните односи на нашата заедничка татковина Македонија. очекував од вас да бидете малку повеќе коректен и како што напати кога ќе излезете овде на говорницата се служите со навреди да споменете настани кои што се случуваат на спортски настани да речеме, да со пример направите споредба помеѓу два многу значајни спортски настани кои што се случија изминативе денови. Едниот беше финалето на фудбалскиот клуб кога се навредуваа сестрите и мајките на каурите. И кога се свиреше националната химна. И вториот кога се одлучуваше шампионската титула во фудбалското првенство каде што немаше ниту една навреда по национална и етничка основа. И очекував во духот на соживотот да излезете и овој првиот да го искритикувате и да го кажете како негативен пример. Бидејќи во минатото многу пати негативни примери сте кажале. А што се однесува до вториот натпревар да го пофалите и да кажете како треба да изгледа едно дерби на стадионите во Македонија каде што ќе признаете и вие често пати знаете да ги цитирате репликите и коментарите таму навивачките групи ги даваат. Но ја испуштивте таа можност да бидете објективен. Понатаму спомнавте за правосудниот испит. Апсолутно се слагам со вас дека сакам да спорам и да коментирам за образованието. Оваа Влада вложува 40 милиони евра и уште некој милион понатаму за изградба на нов универзитетски кампус на Универзитетот Мајка Тереза. Нешто што за вас и Владата во која што вие бевте и ја поддржувавте преставуваше мисловна именка и ќе продолжи да инвестира во образованието. Јас сакам ние да дискутираме за образованието, вклучително и за правосудниот испит. Но кога сме кај правосудниот испит ако сте го прочитале законот ќе прочитате таму дека полагањето не е регулирано со законот на кој јазик ќе биде, туку тоа го уредува министерот. Колку министри за правда биле од коалицијата која што вие ја поддржувавте во минатото. Зошто не го уредиле? Еве да ве прашам вие сте сега во таа коалиција до пред да дојде оваа Влада министер за правда беше министер кој што доаѓа од вашата коалиција. Зошто тој не го доуреди? Зошто на го направи тоа, законот му го дозволува. Еве јас ќе ви кажам. Затоа што сте лицемерни, затоа што сте патриоти од Али експрес кога сте во опозиција, а кога сте во Влада промовирате зелени еко агенди. А кога сте во позиција сакате да создадете етнички конфликти онаму каде што го нема. И да, мене ми пречеше правници кои што треба да се борат за јустиција, треба да се борат за владеење на право на протестот самите го прекршија правото. Не видов ниту едно знаме на државата во која што треба да се полага тој испит. Не видов ниту едно знаме. Видов на Соединетите Американски Држави, видов на Европската Унија, националното албанско знаме. Го почитувам како национално албанско знаме и немам против, но ќе беше добро во знак на објективност и во знак на добра волја едното до другото да ги видев државното знаме на државата и системот во кои што овие млади луѓе сакаат да бидат утре. Мене ме имаат секако како пријател бидејќи јас сум професор универзитетски. И кога ќе завршам ова што сум денеска еден ден. Ќе видиме кој ден ќе биде тоа, јас повторно ќе се вратам и ќе бидам професор. И ќе бидам професор и на Јован и на Албулена, и на Рамиз, и на Петко и на сите ќе бидам професор, на сите тие кои што сакаат да знаат и да научат. Но лош пример оставате за оние по вас. Јас ве разбирам сега вие сте опозиција, мислите дека на ваков начин ќе привлечете внимание, но не е коректно ова што го правите. Гледајте го мојот говор, слушајте го мојот говор на денот на светите просветители Кирил и Методи каде што јасно и гласно кажав што значи мајчин јазик и дека секој има право да го користи својот мајчин јазик. Слушајте. Слушајте го тој говор и многу работи ќе научите. Но вие континуирано ги пропуштате шансите, па сега велите Венецијанската комисија претставувала некое неформално тело. Повторно морам да кажам како претседател на Владата се оградувам од ставот на пратеникот Скендер Реџепи затоа што покажа елементарно непознавање. А зошто? Сега ќе ви кажам зошто. Главната причина зошто Македонија и покрај тоа што беше клекната на нозе, ограбена, осиромашена од Владата која што вие ја поддржувавте, со променето име, не ги почна преговорите во 2019 година беше токму желбата на Емануел Макрон, францускиот претседател да се промени методологијата во процесот на преговори во Европската Унија. И тогаш се внесоа кластерите. Има неколку вакви тела кои што се клучни во оваа нова методологија на преговори. Едно од тие теле е Венецијанската комисија. Второто е Европскиот суд за човекови права. Зошто за нас и двете се битни. Венецијанската комисија кажува дали некој закон е согласен меѓународното право. Бидејќи мора да бидете усогласени кога ќе ги почнете преговорите со АКИ Комунтерот. И второ, во тој ист суд за човекови права лежат и фаќаат прашина 14 пресуди за нашето македонско братство, македонска заедница во Бугарија, која што Бугарија не ги применува. И јас очекував за да вие бидете објективен пред да го поставите вашето прашање да кажете ние стоиме позади нашите сограѓани Македонци и заедно ќе се бориме тие да ги применат бидејќи се составен дел од новата методологија за преговори во Европската Унија. Така настапува објективен поддржувач на соживотот во мулти етничка Македонија, мојата и ваша татковина, како Македонец и Албанец. Нашата заедничка татковина, така се гради, кога ќе се подржуваме едни со други. Да, јас поддржувам да не се гледаме низ призмата на проценти да ви дадам и тој конкретен одговор. И токму затоа ќе имате можност многу скоро овде во Парламентот да го гласате законот за правична застапеност, каде што процентите не се важни, туку квалитетот. Очекувам од вас поддршка. И познавам многу Албанци, верувајте многу. Дури може повеќе од вас, кои се мои пријатели, ценети другари и блиски. Кои што не сакаат себеси да се гледаат низ проценти. Не сакаат да се гледаат себеси. Јас не сум процент вика. Јас сум доволно кометитивен да не се гледам низ проценти. Со овој настап ако вие мислите дека ќе добиете симпатија, јас ве уверувам дека добивме неколку илјадници гласа плус после овој ваш настан. Пробивте не објективен, ја изгубивте можноста да бидете објективен. И второ, еве да, јас ви велам уште еднашка ќе го повторам тоа што сум го кажал во опозиција, не сакам да ги гледам луѓето низ проценти туку низ квалитет и низ објективна оптика. Благодарам.

Сите пратенички прашања