О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Благодарам господине Трајчулески за вашето прашање и благодарам исто така, и за доблеста да го честитате изборниот резултат на последните локални избори, заради тоа што беше доминантна победата, и самиот сте сведоци 55 освоени градоначалници на ВМРО - ДПМНЕ наспроти 6 на Социјалдемократски сојуз, што само по себе говори за победата, и не сме горди само на победата во Карпош и во Кичево туку сме горди на победите во сите локални самоуправи. Но, она што е битно да се спомене пред да дојдам до одговорот на вашето прашање. Е, што направи оваа Влада за да возврати на довербата која што ја добивме на последните локални избори. Затоа што, ако по нешто се карактеризира оваа Влада е тоа д е насочена кон помош и поддршка на сите општини во Република Македонија и тоа го покажавме на дело. Не се само проектите кои што се битни да се споменат, а не е дека се незначителни. Знаете дека дисперзиравме приближно 20 милијарди денари за реализација на 1116 проекти на цела територија на Република Македонија. И, тоа се проекти што во моментот се имплементираат. Во моментот имаме преку 500 градилишта преку кои што се имплементираат овие би рекол капитални инвестиции во подобрување на инфраструктурата. Но, она што е битно да се спомене е дека оваа Влада влезе и во еден реформски процес би го нарекол во насока на подобрување на легислативата која што ја детерминира локалната политика со подобрување на законското решение за Законот за локална самоуправа за кој што исто така, се надевам вашата политичка гарнитура ќе најде доблест да во периодот кој што ќе следи да го поддржи, бидејќи станува збор за системски и двотретински Закон. Закон кој што ќе донесе зголемување на локалната демократија во Македонија и Закон кој што при оној консултативен процес во него беа имплементирани сите амандмани кои што им беше местото да бидат имплементирани тука мислам и на амандманите кои што дојдоа од вашата политичка гарнитура. Втората работа на која што работевме е во делот на измената на Законот за рамномерен и регионален развој каде што од 2027 година па натака, сите останати министерства во рамки на Владата не само Министерство за локална самоуправа. Оние министерства кои што имаат програми, кои што имаат регионален импакт ќе мора да се водат по принципот на критериумот т.е. степенот на развиеност на регионите за да гарантираме дека рамномерно ќе ја развиваме државата. Што тоа во минатото не се случуваше. Како нова реформа што ја направивме е воспоставувањето на ресурсниот центар кој што треба да даде од една страна експертиза во дел на знаење на сите оние општини заради одредени причини можеби имаат потреба од дополнителен аут сорсинг или дополнителна помош имајќи во предвид дека навистина имаат предизвици во делот на обезбедување на знаење во рамки на општинската администрација. И, секако третата и можеби за мене клучна и најбитна работа е во делот на овозможување на зголемена финансиска независност на општините за разлика од ваше време кога се супституираа долгови од страна на централниот буџет што директно се стимулираше неработење. Оваа Влада сака да ја зголеми финансиската независност на општините преку ажурирање на базите на даночни обврзници затоа што, од оној параметар кој што го имаме согледано дека на годишна основа општините губат некаде околу 80 милиони евра заради тоа што не соодветно ги колектираат сопствените избори на финансирање. Значи, ова се неколку работи кои што треба да дадат дополнителна независност и дополнително да ја зајакнат локалната демократија и секако импактот, кога ќе се земе и во делот на оние 12 програми кои што се имаат директно влијание на регионалниот развој, секако ќе го зацврсне и регионалниот развој. Сега во делот на вашето прашање, согласно членот 52 од Закон за локална самоуправа секој градоначалник без исклучок има можност да именува свој заменик од редовите на Советот на таа општина и не гледам тука што е спорно. А, од аспект на тоа што ме прашавте, дали имам добиено оставка од страна на општина Карпош, мислам не можам да го сфатам прашањето заради тоа што овде не станува збор за Сотир, Златко, Трајчулески, итн. Прво прочитајте го Законот или ако не јас ќе ви го објаснам, градоначалникот Сотир не поднесува оставка во Министерството за локална самоуправа, туку тој поднесува оставка во општина Карпош, а општината Карпош е должна да го извести Министерството за локална самоуправа. Јас одговорно ви тврдам дека во овој момент Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од страна на општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка. Благодарам.