О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулески, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Заменик министер за финансии Благодарам потпретседателе. Благодарам пратеник Трајчулески за поставеното прашање. Значи една од мерките која што ги презеде Владата во 2024 година беше санирање на последиците од владеењето од 2017 до 2024 година и мислам, не мислам, туку убеден сум и народот секако, така дека покажавме економски раст на Бруто домашниот производ и тој раст е во континуитет шест квартали по ред, почнувајќи од третиот квартал 24-та, па се до последниот од 2025-та и со тоа темпо продолжуваме и во 2026 година. Едино на начините како да се реши таа крајно неповолна финансиска ситуација, во која што не Министерството за финансии, целокупната држава, министерствата, Владата, се најде во тој момент, беше да обезбеди дополнителни средства, но и да изнајде можности од кои ставки може да скрати непродуктивни трошења, кои во преку мера се правеле по поедини министерства и на тој начин успеа да обезбеди и плати, кои што беа неисплатени во поголемите јавни претпријатија кои што вработуваат илјадници луѓе, но и да плати и за останати обврски, но и да плати и пенали по преземени обврски на кредити, а не подигнати средства. Карикирам, сте зеле кредит за изградба на определен пат, сте потпишале договор, сте рекле дека ќе почнете од 01.01.2021-ва, на терен ништо и пеналите почнале да си идат, казнените поени. Еден од ставките кои што мораше да се средат во тој момент беше и тоа. Значи, заостанати плати, пенали, казни, обврски и еден од начините од каде што можевме покрај кратењето на непродуктивните средства, за да обезбедиме средства ваму каде што треба и да ни профункционира државата во правилна насока, беше и задолжувањето. Во тој момент, а и до ден денеска го правиме кога мора да се задолжуваме, да биде од финансиски институции или државни банки, кои што нудат најевтини каматни стапки, односно услови кои што важат на финансиските пазари. Еден од тој беше и унгарскиот кредит од државната Експорт-импорт банка, во износ од една милијарда евра и погодете зошто половината од тие пари се потрошија истиот момент кога стигнаа средствата на сметка на буџетот. За враќање на еврообврзница преземена од 2018 година. Зошто? За економски раст кој што произвела таа еврообврзница од 1,9 просек од Бруто домашниот производ. Значи, половината, рековте и самиот, за враќање на стари обврски и да, тоа е еврообврзницата која што сте ја зеле во 2018 година. Другата половина од 500 милиони евра во тој период беше за компаниите, добро прашање, компаниите чувствуваат сушна потреба од свеж капитал, чувствуваа негрижа од страна на државата, стопанството ставено на маргините и затоа со каматна стапка од 1,95% до 3 години грејс период и можност за враќање на кредитот до 15 години, Развојната банка преку комерцијалните банки ги даде тие кредити на заинтересираните стопански субјекти. Беше тоа прашањето, не до фрлајте, бидете културни до крај, парламентарни. Имињата, да, ќе бидат објавени колега, односно не колега, почитуван пратеник, ќе бидат објавени. Имаше проблем од страна на, не би рекол државата, но колизија во однос на Законот за банки, во однос на тајноста, на условите на кредитите од страна на банките и од друга страна Уставниот суд во однос на јавни средства. И тоа крајно коректно го говорам. Инаку од страна на Владата, Министерството во ниту еден момент тоа не беше проблем. И второ, тоа е обврска на Развојната банка, сега имаме одлука на Уставниот суд, бидејќи работиме по закони и по пропис, ќе излезе одлуката во Службен весник и Развојната банка, јас очекувам овие денови да ги објави имињата на фирмите кои ги добија 250 милиони евра за развој на компаниите, за инвестиции во технологија, инвестиции во основни средства, инвестиции во нови погони, со што ги направивме по конкурентни на пазарот, порасна извозот и ете една од причините каде што може многу да учите, е преку конкурентноста, зголемување да влијаете на кревање на економскиот раст, односно зголемување на Бруто домашниот производ на државата. Тука сме јасни сега, благодарам. И, третото потпрашање во врска со општините, да, општините сосема друга приказна. Министерот Пирински беше доста благ во овој дел. Општините од 21-ва до 25-та што добија од државата во вид на помош на инфраструктурни проекти. Што добија општините? Ако имаа доволно тие добиено, ќе се пофалеше до сега и друга ќе беше приказната на локалите избори. Значи, предвидените средства, преку шесте ресорни министерства, преку Министерството за транспорт во најголемиот дел, преку Министерството за образование и наука, преку Министерството за труд и социјална политика, Министерството за спорт, тие пари како доаѓаат фактурите од страна на општините за реализација на предвидените проект со кои што аплицирале на јавниот повик, сите општини без исклучок, така и Министерството во предвидениот рок ги исплаќа тие средства преку АА Програмата во Буџетот и тие проекти се реализираат на терен. А до каде се со реализација и колку се со реализација за брзо ќе има отчет и Владата и општините и ќе ги видите на дело и реализираните проекти. Благодарам уште еднаш за прашањето.