О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Господине Снопче заедно сме служеле во ова Собрание и ве ценам како човек кој што не импровизира. Се случува да не се согласуваме со многу работи, но ве ценам како човек кој што не импровизира. И морам да ви кажам за вакво нешто сте можеле да ме прашате и директно да ви кажам дека писмо од нашите државни институции кон нашите партнери по однос на оваа состојба не постои. Значи нема такво нешто. Дали ние сме комуницирале по однос на различни теми поврзани со внатрешно политичките состојби со напите партнери, да. И дали јас како министер имам информации и сум лично убеден дека дејствувањето на опозициските субјекти имаат за цел да ја наруши внатрешната кохезија во државата, врз основа на измислени состојби, да. Најдобрите одговор ви го даде претседателот на Владата. сте дел од коалиција кое што ова прашање ради кое што протестирате сте можеле да го решите. Сте имале години и години во мандат на една власт каде што сте можеле да го решите прашањето заради кој што одлучувате да протестирате. Или лицемерно е да вие излегувате на протести да организирате протести. И да, да вмешувате интереси на други земји од регионот во тие процеси. И тоа многу јасно знаете дека го правите. И наративите кои што ги градите се такви и злоупотребата на младите луѓе е таква. И многу добро ви кажа и претседателот на Владата, но дозволете ми да ви повторам. Срамно е да се одржи протест за право во оваа држава без државното знаме. Тоа е навреда за сите овие луѓе кои што седат тука. навреда за еден цел систем. И ако вие сте учествувале во тој процес сте можеле вие да биде тој што ќе земе, со максимална почит доколку сакате да се изразите со албанско знаме, ваше право, но вие сте можеле да бидете баш тој пример да земете и вие македонско знаме во рацете ако ви била намерата чесна. И жално е што одредени поединци, субјекти и во оваа земја и во регионот точно е тоа се обидуваат да ги инструментализираат тие процеси, а инструментализацијата потекнува токму од тие кои со години свесно не ги решаваат. И тоа е барем фер да им го кажете на сите оние студенти кои што протестираа. Доаѓаме на протести со вас но со години ние бевме тие кои што не го решија проблемот. Тоа е реалноста. И вие знаете дека е таква реалноста длабоко кога ќе се погледнете навечер, кога ќе зборувате знаете дека тоа е состојбата која што ја имаме во државата. Дали јас како министер имам информации и сум свесен и ќе повторам за создавање на наративи не само од оваа држава, туку и од други држави во регионот, да. И дали тоа го споделуваме со нашите партнери? Природно е тоа да го споделуваме со нашите партнери. Но дали постои писмо како што вие зборувате такво писмо одговорно ви тврдам, а институционалната меморија на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија тука е да ви докаже дека такво писмо не постои.