Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МВР: Фетаи има обезбедување за време на функцијата, но не патувал со полицајци

Резиме

Пратеникот Миле Талевски праша дали вицепремиерот Арбен Фетаи и понатаму користи полициско обезбедување, колку службеници се ангажирани и дали припадници на МВР патувале со него во азиски држави. Во прашањето тој изнесе тврдења за отсуството на Фетаи од работното место и ги критикуваше неговите наводни патувања и користењето привилегии.

МВР одговори дека на Фетаи му се определени мерки за обезбедување за времетраењето на функцијата заменик-претседател на Владата. Поради класифициран пропис, министерството не наведе колку полициски службеници се ангажирани. Додаде дека при патувањата на Фетаи во азиски држави во изминатиот период не бил придружуван од полициски службеници на МВР.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Миле Талевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Македонската јавност сведочи на скандалозното однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој наместо на работа, јавноста го гледа на патување низ Тајланд и Азија. Додека Владата молчи, а граѓаните сфаќаат. Со месеци не присуствува на владини седници, со месеци не дава отчет пред јавноста, со месеци не се појавува таму каде што треба да ја извршува функцијата за која зема плата од граѓаните. Го нема ни во Собранието каде треба да одговара на прашања од самите народни избраници. Но, покрај тоа, се плаќал од страна на граѓаните, функцијата си ја ужива, фотографиите од Бангкок се тука и еве, македонската јавност ги има видено, еве министре и вие да ги видите. И денес граѓаните со прави прашуваат, дали законите во оваа држава важат за сите или само за обичниот народ. Секој кој не е функционер не би бил вака толериран на работното место. Секој во ваква ситуација би добил отказ. Но кога вицепремиер со месеци не оди на работа тогаш очигледно се е дозволено. Тој понатаму зема целосна вицепремиерска плата и ги користи сите бенефиции на функцијата, иако со месеци не е присутен на своето работно место. Особено срамно што човек кој треба да биде, замислете, лице за добро владеење, отчет од институционална култура, стана симбол за неодговорност, ароганција и потценување на граѓаните. Затоа јавноста има право да знае, дали Арбен Фетаи и понатаму користи полициско обезбедување од Министерството за внатрешни работи, иако фактички не ја извршува функцијата. Колку полициски службеници се ангажирани за негово обезбедување. Дали припадници на МВР патувале со него во Тајланд и други азиски држави. И конечно, дали Владата и МВР сметаат дека е нормално граѓаните, кои едвај преживуваат во услови на инфлација, сиромаштија и милијарди задолжувања, да плаќаат обезбедување, службени привилегии и луксуз за функционер, кој очигледно повеќе време поминува на егзотични дестинации, отколку на своето работно место. Затоа граѓаните денес бараат одговори, господине министер. Дали МВР е институција што треба да ги штити граѓаните или приватен сервис за функционерите кои не работат, уживаат привилегии на товар на народот. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не ароганција и потценување. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за внатрешни работи.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА РЕПУБЛИКА Е МАКЕДОНИСЕ ВЕРИУТ СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ KUVENDI I REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT - Shkup Бр.-Nr. 08-3771/3 08.07.2026 год.-viti

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи Биро за јавна безбедност

Рег. бр: 23.6-2.2 - 121661/2 Скопје, 06.07 2026 година

ДО: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Бул. „11 Октомври“ бр.10 1000, Скопје

ПРЕДМЕТ: Одговор на пратеничко прашање, доставува.- ВРСКА: Ваш допис бр.08-3771/2 од 02.06.2026 година.-

Почитувани,

Од Ваша страна со акт под горенаведениот број доставивте до Министерството за внатрешни работи пратеничко прашање од пратеникот Миле Талевски, согласно член 38 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија.

Пратеничкото прашање е поставено на сто и третата седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година, а истото се однесува на вицепремиерот Арбен Фетаи. Имено, пратеникот Миле Талевски бара информација дали вицепремиерот сè уште користи полициско обезбедување, колку полициски службеници се ангажирани за негово обезбедување, како и дали припадници на министерството за внатрешни работи патувале со него во одредени азиски држави.

Во врска со горенаведеното, Ве известуваме за следното:

Врз основа на член 4 став 1 од Уредбата за личности и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, на г-дин Арбен Фетаи определени му се мерки и активности за обезбедување за време на траење на неговата функција заменик претседател на Влада на Република Северна Македонија.

Во поглед на начинот и видот на мерките и активностите кои ги преземаат полициските службеници за негово обезбедување, Ве информираме дека истите се уредени со класифициран пропис, поради што Министерството за внатрешни работи не е во можност прецизно да наведе колку полициски службеници се ангажирани за негово обезбедување.

Истовремено, Ве известуваме дека во изминатиот период при патување на вицепремиерот г-дин Арбен Фетаи во азиските држави, истиот не бил придружуван од страна на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи.

Одговорот на пратеничкото прашање Ви го доставуваме со цел Ваше информирање.

МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ Панче Тошковски

Изработил: м-р Д.Ј. Контролирал: А.П. Согласен: м-р И.Ч. Одобрил: м-р П.Т.

1 Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk

Сите пратенички прашања