Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Јанчев праша за воведување институт „родител-негувател“

Резиме

Пратеникот Сашко Јанчев праша дали се преземаат активности за можно воведување институт „родител-негувател“ во системот за заштита на децата со попреченост и, доколку се преземаат, кои се тие. Тој го образложи предлогот со потребата од континуирана грижа за децата и тешкотиите што, според него, ги имаат родителите да ја усогласат негата со работата. Како алтернатива ја посочи личната асистенција, за која наведе ограничувања во бројот на часови и можни тешкотии со прифаќањето или достапноста на асистент.

Документ со одговор од Министерството за социјална политика, демографија и млади не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сашко Јанчев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани колеги пратеници, почитувана Македонска јавност. Моето прашање е до министерот за социјална политика, демографија и млади. И се однесува на децата со попреченост и нивните родители. Проблематиката е крајно сериозна и еве за што станува збор. Деца со попреченост по дефиниција се деца со пречки од телесен развој со интелектуална попреченост, со најтешки облици на хронични заболувања, со присутни оштетувања и лимитирани активности со оштетен вид, со оштетен слух, со отсуство на говор со аутизам или комбинации од сите овие попречености. Секое дете кое што не е со попреченост е посебна индивидуа и како такво има посебни потребни, но исто така имаат генерички, генерални потреби кои што овозможуваат уедначен одговор на нивните потреби за психофизички развој и заштита. Кај децата со попреченост ситуацијата е многу по сложена, не само што има повеќе видови на попреченост. Туку и секој вид на попреченост има различен степен на попреченост, а ако се земе предвид и дека има ситуации во кои што има комбинација од попречености. Воедначен одговор за потребите на овие деца станува невозможен дури и да се погоди ситуација кога има извид на попречености степен на попреченост. Има индивидуални разлики кои што таков одговор го прават невозможен, буквално секое дете е посебен случај, специфичен случај со специфични потреби. Кој не може да се сведат на општи карактеристики. И во ваква ситуација никој не може да биде подобро запознаен со потребите на такво дете и никој не може по соодветно да одговори на тие потреби од самите родители. Арно ама поради специфичности и захтевноста на ваквите деца, со нив има потреба, они имаат потреба 24 часа на нега. Затоа што не станува збор само за прашање дали тоа дете е облечено или најадено туку има потреба од 24 часовна работа дете со попреченост. И во таква ситуација на родителите на деца со попреченост воопшто не им е едноставно да може паралелно да работат да обезбедуваат егзистенција и да се грижат за своето дете со попреченост. Нешто тоа не е едноставно, ама е и невозможно. Таквите родители се во шах мат ситуација да бираат помеѓу работа, егзистенција и одгледување на своето дете, грижа за своето дете. И од тие причини многу такви родители се без работа, без плата, без осигурување и без тензија. Ситуацијата е таква што овие луѓе немаат опција ни болни да легнат, не можат да тркнат во некој ситуации до продавница, а камо ли професионално да се бават со некоја работна активност. Станува збор за луѓе кои се работно способни, дел од нив се со високо образование, некои имале и солидни работни места и солидни кариери кои поради ваквите ситуации биле принудени да ги напуштат. И континуираната потреба за нега во комбинација со работа ги става во континуиран хроничен стрес и умор. Од друга страна на државата има законска обврска да се грижи и да обезбеди заштита на децата со попреченост. И постои еден предложен начин како тоа да се направи, при тоа нај соодветно да биде одговорено на специфичните потреби на секое дете со попреченост. А воедно и родителите на ваквите деца да излезат од незавидната положба во која што се наоѓаат. Тој предложен механизам и од самите родители е институтот родител негувател. Тоа е институт според кој родителот на детето се грижи за детето со попреченост, а државата за тоа му дава соодветен месечен надомест. Така државата нај соодветно одговара на својата законска обврска да се грижи за детето со попреченост, а со тоа ги решава и родителите. Ова е згодно решение и практично, а тоа се гледа во споредбата со веќе постоечки законски предвидени методи. Еве на пример ако споредиме со лична асистенција и лични асистенти од други лица ќе видиме дека од старт личната асистенција има три проблеми кои што институтот родител – неговател ги нема. Прво, проблеми што, прв проблем е законската ограниченост на работните часови за лична асистенција предвидена од 80 часа месечно. Во месецот има 720 часа. Поради тоа што со ваквите деца има потреба има од 24 часовна работа. Остануваат покрај 80 часа остануваат уште 640 часа дупка. Тоа е повеќе од 90% од времето во месецот. Втор проблем е што личниот асистент може и да не биде прифатен од дете со попреченост. И да не сака да соработува. А тоа никој пат не е случај кога станува збор за родител. Трет проблем е што асистентот може и да откаже, па дур да се најде нов асистент има вакум па така и ова малку време кое што следува овие 10% од времето во месецот пак паѓаат на товар на родителот. А да не правиме муабет и за тоа дека никој не може да биде подобар личен асистент за дете со посебни потреби од неговиот родител. И ваков проект веќе во наша не посредна близина еве во примена во соседна Србија тоа прво беше направено на ниво на општини, сега веќе се издига на законско ниво. Па моето прашање е дали се преземаат некакви активности во врска со можно идно воведување на институт, родител-неговател во Македонскиот систем за заштита на децата со попреченост. И доколку се прави тоа што се прави. Поради тоа што нема претставник на Министерството за социјална политика барам прашањата да ми бидат одговорени писмено. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за социјална политика, демографија и млади.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања