О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Олга Лозановска, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам. Поврзано со работата на правосудството и испораката, се разбира дека не само јас и граѓаните и сите ние ќе се сложиме дека е премногу бавна или воопшто ја нема и дека не сме задоволни. Но, јас тука повеќе би се задржал на оној дел на кој што мислам дека треба да му посветиме посебно внимание, околу испораката е едно, за да не бидам погрешно сфатен. Но, друго е она кое што го прави Владата за да тие ги добијат оние услови кои што им недостасуваат или кои што им биле потребни за да ја испорачаат правдата и за да работат попродуктивно, еве така на тој начин да кажам. И, тие се поврзани со реформската агенда, и конкретно сега имаме еден камен на сопнување каде што треба да се регулираат, повторно се сѐ сведува околу платите на судиите и на Обвинителите. Од прилика тоа е оној камен на сопнување за кој што ние во реформската агенда сега разговараме. Но, што е тоа кое што во меѓувреме се случи. Се донесе Законот за судскиот Совет, Законот за Јавно обвинителство е тука во Парламентот, очекувам како реформски Закон да биде истиот и усвоен. Се потпишаа договори со вработените во судовите и во Јавните обвинителства, односно службениците и судските службеници и Јавно обвинителските службеници за зголемени плати. Каде што основаната плата која што беше еталон практично, и секоја година се зголемува за собирок кој што е еднаков на зголемувањето на минималната плата. Сето тоа се множи со 7%, и така до 2028 година и тогаш во 2028 година, односно кога би ги имале во предвид зголемувањата април 2026 година, април 2027 година и април 2028 година, значи тоа е период од помалку од две години. Тие ќе добијат повисоки плати за 40% од прилика. Нешто што било порано невозможна мисија, и ние како Влада на тој начин ги регулиравме нашите односи со вработените во службите, во Обвинителствата и во судовите. Тоа е прво. Второ, ја пречекавме одлуката на Уставниот суд која што вели дека треба да ги нивелираме и вратиме коефициентите на судиите како оние од 2025 година, и тие веќе во мај добија априлска плата со новите коефициенти од 2025 година, зголемени и на тој начин од сега па натаму врз основа на тие коефициенти а помножено со просечната плата во државата ќе бидат и нивните примања. Преку Министерството за финансии, обезбедивме во Буџетот средства финансиски за нови вработени, ќе ме коригира Николче, 200 или 300 беа Николче, 200 нови вработени имаме. Нешто што во минатото било невозможна мисија, 200 нови вработени во службите. Е, сега се бара дополнително зголемување на примањата, дополнителни зголемувања без јасни резултати нема. Па, дури и по цена да пропадне тој чекор бидејќи со ова што ние го направивме. Тоа што ние како Влада го овозможивме е континуиран раст на платите на вработените во судовите. И, ова јасно на следниот состанок на господинот Герет Јан Копман ќе му го кажам. Се бараше зголемување, се овозможи зголемување. Се бараше измена во Закон, се овозможи измена во Закон. Се бараше зголемување на вработените службеници, се овозможи вработување на судските и Јавно обвинителските службеници, 200 нови вработувања. Како тие сакаат, во кои судови сакаат така да си ги вработат. Тие кои што тие сакаат. Еве. Тоа е тоа што ние како Влада можеме да го направиме, но континуирано ние да одвојуваме средства за зголемување на Буџетите, за зг9олемување на платите, а без при тоа да има никакви резултати т.е. резултати кои што не враќаат назад, тоа како Влада нема да го дозволиме по цена тој чекор да не успее. Но, и да не успее овој чекор ако е тоа условот, ние повторно и во јуни и во јунскиот Извештај ќе бидеме подобри од самопрогласените фрот ранери исто како што бевме и во декемврискиот. И, така ќе бидеме до крај. И, ќе го изолираме ова за кое што денеска води кампања опозицијата, промена на Устав. Се друго ќе работиме и ќе испорачаме, тоа што зависи од нас. Но, промена на Устав ќе го изолираме. Сме го кажале нашиот став по тоа прашање кој што е цврст и непроменет, и тука нема дилема. Исто како што сме кажале став и по многу други прашања, и се непроменети. Во ред. Ја разбирам опозицијата, ќе води лажна кампања. Но, како демохристијанска партија и опција треба да простиме, тоа не разликува нас, тоа што ние умееме да простиме но, не да заборавиме. Ќе простиме но, нема да заборавиме. Така што, поврзано со испораката на правдата, очекувам во периодот кој што следи, откако овозможивме сето ова за кое претходно зборував, имаме нов јавен обвинител, очекувам побрза и поробусна испорака на правдата, споредено со тоа што било порано. Сега ние мораме да споредуваме со нешто. Еве, велиме дека имало борци за правда, нели како велеа, нема правда, нема мир. Ние мораме да се споредуваме со првите две години од претходната Влада, 2017- 18-19-та. Јас берам очекувам приближно на тој начин да се испорачува и сега правдата од обвинителствата и судовите. Приближно на истиот начин. Не, нормално, со упаѓање дома, со специјални единици, маскирани, наутро во 3-4 саат, како што тоа беше тогаш правило, да се понижуваат семејства, да се малтретира, не, на тој начин не. Но, кога ќе се има обем борбата и интензитетот и рихтеражата, очекувам барем исто како што тие испорачуваа правда. Од истите оние судови и обвинителства, ни повеќе, ни помалку, барем исто да бидеме. Затоа што ние мораме со нешто да се споредуваме. Ако за економијата се споредувавме, сега мораме и за правдата. Се сеќавате во тие јуришни 17-та, 18-та, 19-та година, кога практично имунитети на ваши пратеници колеги се одземаа овдека во Парламент и се носеа во зандани. Потоа магично се ослободуваа за да гласаат за промена на име. Така се испорачуваше тогаш правдата. Јас очекувам барем на ист начин, еве тука е заменикот министер за правда, очекувам барем слично како тогаш да се испорача правдата. Имаме од прилика 120-130 ревизорски извештаи на институции, доставени до Обвинителството, барем ревизорите велат дека констатирале многу незаконитости, очекувам барем врз основа на тие, би рекол, ревизорски извештаи да се постапува и барем врз основа на тие ревизорски извештаи да се испорача правдата. Еве не мора ништо повеќе. Ревизорот е избран од претходната Влада. Тој и Заводот за ревизија барем на секоја, ако не на секоја, на секоја втора седница во Владата носат ревизорски извештај за одредена институција која што го опфаќа периодот од минатото и вели има тука многу незаконитости, многу недоследности и ова го испраќаме ние во Јавното обвинителство. Еве јас тоа го очекувам денеска од тие во судовите и обвинителствата. Ни повеќе, ни помалку. Се надевам дека бев правилно сфатен, благодарам. Дополнителен одговор: Благодарам потпретседателе. Од блиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со истиот тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен, има жалба на Одлуката на Обвинителството од страна на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам дека случајот е прераспределен во рамките на Вишото јавно обвинителство, не би сакал да коментирам повеќе за да не бидам погрешно сфатен дека еве влијаеме како Влада врз одлуките и на Обвинителството и на Судството. Тоа што го очекувам, веќе го кажав во одговорот на претходното ваше прашање, но она кое што е значајно, не само јавноста, туку и ние од блиску го следиме тој случај. Министерот за внатрешни работи имаше едно интервју на кое што кажа дека има нови моменти, има нови докази, така што еве да не навлегуваме, за да не го уништиме случајот, така што да почекаме Обвинителството, а потоа нормално доколку се оформи судски процес и судовите да го кажат последниот збор. Благодарам.