Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче го праша Фетаи дали е министер и зошто не оди на работа

Резиме

Халил Снопче го праша Арбен Фетаи дали е министер во Владата и, ако е, зошто не оди на работа; ако не е, зошто не поднесува оставка или не е покрената иницијатива за негово разрешување. Во истото прашање Снопче праша и што се случува со Законот за правична застапеност, а изнесе критики за политичките постапки на Фетаи.

Документ со институционален одговор не е достапен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Фетаи, дали сте министер во Владата на Република Северна Македонија, ако сте министер, зошто не одите на работа. Ако не сте, зошто не давате оставка. Бидејќи имавте уште една изјава на Христијан Мицкоски дека нема да биде министер и не е министер. Ако е така зошто не дава оставка или нема иницијатива за негово разрешување од страна на премиерот Мицкоски. Арбен Фетаи имаше значајна улога во ВЛЕН и во оваа Влада, бидејќи даде многу ветувања и како што тој велеше, има многу луѓе позади него. Ако тој избегал, значи дека ги оставил тие ветувања во кал и не ги исполнувал ветувањата и ги оставил тие луѓе кои што биле со него. Ова не е мој збор, туку е збор на, Арбан Таравари го донесе од Бруксел, му даде прилика да се докаже и потоа тој му сврте грб и му удира нож во грб. Мене ме интересираат тие поздрави од Бангкок, дали ги прави како министер или како пријател на Таравари. Тоа тој треба да ни каже овдека дека колку од тие луѓе кои што се позади него го издале или останал сам и избегал во Дубаи, во Бруксел, каде и да е. Секако дека Арбен Таравари не е осамен и тој продолжува со политиката на Алијансата на Албанците и со конзистентната политика за интересот на Албанците во Македонија воопшто. Колку што избега Арбен Фетаи кога виде дека е само еднаш употреблив и е отфрлен и тогаш не поздравува од Бангкок. Тој рече дека револуцијата ги јаде нивните сонови и на крај ја јаде својата глава. Кој на кого му ја изеде главата? И кој му ја изеде на Арбен Фетаи? Излезете и кажете, не бегај и немој од Бангкок да не поздравуваш и после те отфрлија. Што станува со Законот за правична застапеност? Или, наместо да се среди и ништо нема од тоа и после одлучи да избегаш. Арбен Фетаи оди до тој степен каде што мене ме нарече математикант и дали јас останувам позади политиките на Алијансата на Албанците или тој кој што констатираше дека само еднаш е употреблив и кога го отфрлија и сега не поздравува од Бангкок, од Дубаи или Бруксел. На која агенда тој служеше? Откако констатираше дека е само еднаш употреблив, е исфрлен и потоа одите во Бангкок или Дубаи за да не поздравува од таму. Тој нас не обвини и не процени со ништо. Кој сега е ништо? Ние или тој кој што беше со траен рок и после го исфрлија и кој број потонува. Нашиот брод или неговиот. Кога виде дека е само еднашка употреблив и исфрлен како партал и не знам сега каде е, во Дубаи или во Бангкок. Дали беше неговата конвертација, дали тој беше фанатик на идеологијата каде што им надминува и на нивните сопственици и после го отфрлија. Дали чувствува тортура на идентитетот. Какво размислување има сега кога не поздравува од Бангкок или Дубаи. Каков ритуал направил што вели неговиот глас во неговата совест. Бидејќи тоа е жално за него на местото каде што избегал. Или е дали е искористен до крај или можеби само избегал. Бидејќи откако заздравел или неговите другари кои што биле речиси позади него и после го отфрлија и после не поздравува од Бангкок или од Дубаи. Кажете ми сега на кого опашката му е фатена? И колку вредат тие две години на ВЛЕН овдека треба да ни кажеш. Он бараше од мене да ги вратиме мандатите. На кого да му ги вратиме мандатите? После те исфрлија или не поздравуваш сега од Бангкок. Не знам каде си? Можеби си сега си свесен и знаеш кој на кого му должи. Сега кој на кого треба да му побара извинување? И никој нема да те памти како си влегол во политиката. Но како си излегол, ние те памтиме и како си влегол Арбен Фетаи, од Бруксел де донесе, но Арбен Таравари рече ќе ги спакува куферите и ќе си оди од каде што дошол. Да, Арбен Таравари треба да побара од Арбен Фетаи да се извинува д тебе бидејќи неговата сила ја употреби само да го повредиш Арбен Таравари. На мене на Халил Снопче ми рече дека имаш предаден памет. Јас со најголем дигнитет велам дека едно лице како тебе така ме нарекол и дека јас не сум знаел дека си бил продаден, но си се продавал и дека си бил само за една употреба. После тоа одлучи да не поздравуваш од Бангкок, Дубаи или од Бруксел. Затоа јас продолжувам со конзистентност, чесен и со најголема искреност. Исто каузата Алијансата за Албанците те поздравувам од говорницата на Собранието да продолжам и со Алијансата на Албанците и со политиката. Прашањето го поставувам до министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија Арбен Фетаи

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерот без ресор и Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија Арбен Фетаи

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања