О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Миле Талевски, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Почитуван пратеник, почитувани пратеници, одамна говорам дека добро е што се окрупнува опозицијата и добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден, повторно, вие барате оставка од мене, врз основа на одредени фикции создадени во рамки на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација, кај да е во текот на денот ги очекувам и овие од ДУИ да излезат, најчесто би оделе они со нешто етничка нетрпеливост, вамутаму и тие да побараат исто така оставка од мене. И тоа е добро, добро е заради тоа што граѓаните можат да видат кога вакви како вас се окрупнуваат во насока на барање на оставка од министер за внатрешни работи, кој што по сите параметри и статистики раководи во рамки на едни две години кога што имаме најдобри резултати, а ќе ви ги кажам кои се, може да виде дека едноставно она кое што го правите вие е исклучиво во рамки на вашиот личен интерес, да ги задржите овие неколку столчиња кои што ги чувате со претходните парламентарни избори. Еве јас ве уверувам пред целокупната македонска јавност дека на наредните парламентарни избори, вака ако продолжите, ќе имате само некое столче минус. А времето ќе каже, времето ќе каже дали сум бил во право или не сум бил во право. Зошто? Заради тоа што на крајот на денот македонските граѓани се тие кои што, ама сега основна култура треба да имате, сега јас ве слушав, ве почитувам во рамки на вашето прашање, а вие ги пуштате вашите колешки да дестабилизираат атмосфера овде, а ние имаме една културна атмосфера. Ве замолувам сега, вие сте една дама која што треба да дозволи на министер за внатрешни работи да одговори, ако ништо друго. Зошто ми поставувате прашања, ако не сакате да го чуете одговорот. Во ред. Ваше право е тоа. Е сега, говоревте за нефункционалност, говоревте за вкупен криминалитет, говоревте за како сме биле, ама сега ќе ме оставите да одговорам, ве замолувам, не знам што да направам освен да ве замолам да ме оставите да одговорам. Да ќутам, може, така сакате да ви одговорам. Еве ајде ќе ќутам. Ве задоволува тоа. Видете, јас не ги измислувам бројкиве, не ги измислувам. Видете, не што Министерството за внатрешни работи дава подобри резултати од кога вашиот сопартиец го раководеше. Министерството за внатрешни работи дава подобри резултати компарирано со последните 20 години. И тоа се бројки, тоа е факт. Откривачката дејност во МВР е на ниво од 67,2% кое што е најдобро откривачка дејност во последните 20 години. И сега, вие треба да се гордеете со тоа што сме дошле на такво ниво. Вие треба да се гордеете со тоа, а не да измислувате приказни цело време, дека било вака или дека било така. Тоа се факти, тоа се бројки. Вкупниот криминалитет, господине Талевски, е најмал во последните 20 години и тоа се бројки, тоа се статистики кои што се добиени од страна на луѓето кои што работат во Министерството за внатрешни работи и тоа се такви, тоа е тоа, тоа е факт, тоа се бројки. И сега вие велите најнебезбедни од една страна, а од друга страна согласно бројките што ги имаме од страна на службите кои што работат во Министерството, велат дека имаме најмал вкупен криминалитет во последните 20 години. И тоа е факт кој што вие не можете така лесно да го изманипулирате. Се сега, мораме да говориме и да сме реални во делот на бројките кои што не ни одат во прилог. Тоа се бројките од аспект на семејно насилство. И тоа е факт. Така е. Имаме од прилика за негде од 65% зголемено вкупен криминалитет во делот на семејно насилство. И тоа е точно. Така е. Е сега прашањето зошто е така. Зошто е така? Заради тоа што овој пратенички состав изврши измена на одредбите од Кривичниот законик, предвиде по службена должност да се водат одредени постапки кои што во минатото биле заташкувани, не последните две години, биле заташкувани последните 35 години. Заради тоа што таква била законската регулатива во дел од кривичните дела кои што биле дефинирани согласно закони дека постапуваат постапување по службена. Сега, постапуваме многу поажурно и многу подобро. И жртвите се охрабруваат да пријават семејно насилство. И ги охрабрувам и во иднина. Секој еден кој што е жртва на семејно насилство да го пријави. И да, овие бројки ќе се зголемуваат. Зошто? Заради тоа што сега имаме институционален одговор кој што е побрз, имаме итни мерки по кои што постапуваат судовите, имаме отстранување од домот на насилниците и имаме институционално делување кое што е подобро од претходно. Тоа е факт. Дали вам ви се допаѓа или не, тоа е ваша работа. Дали е така? Така е. Дали е доволно? Не е. И сега јас ве разбирам вас дека вие не можете да прифатите дека конечно после многу години на оваа позиција имаме министер кој што навистина е нормален во делот на комуникацијата со јавност, реален во делот на бројките, не манипулира и го споделува и тоа кое што е позитивно и тоа што е негативно. Така како што е. И сега народот нормално е дека ќе го прифати тој начин на комуникација. А нормално е дека и вам ќе ви смета тоа. затоа што не сте навикнати. Затоа што тргате од себеси. Вие тргате од себеси. Вие тргате од тоа дека вие ја манипулирате јавноста, е сега морало и министерот да манипулира за тоа што вие сте манипулирале. Ама не е така, бројките не го велат тоа. Е сега што сме направиле за овие две години? многу сме направиле. Многу. Многу сме направиле. Многу сме направиле и во делот на борба против организиран криминал и во делот на борба со економски криминал, и во делот на борба против корупција, и во делот на пасошите хаосот што го оставивте ако ви текнува. И во делот на сето она кое што значи сообраќај. И во делот на она кое што значи управни служби. И во делот на она кое што значи склучување на договори со нашите соседи од аспект на имплементирање на вистински на ванстоп како што доликува. Дали доволно сме направиле? Не. дали треба уште да работиме? Да. ама народот гледа дека има огромна разлика од тоа што вие го правевте до тоа што ние го правиме денес. И сега вас ве боли. Па ќе ве боли, нормално е да ве боли. Се откриваат милионски скандали кои што биле злоупотребувани народни пари од претходно и ве боли. И ве боли, нормално, како нема да ве боли. Како нема да ве боли кога половина од вашите околу вас или не се во државава или се предмет на кривичен прогон. И сега ве болело. Па ќе ве боли, па ќе ве боли, нормално дека ќе ве боли. Е сега навистина не ми е јасно како добро се координирате со дел од обвинителските служби кои што ги има во државава. И како така лесно се дрзнувате во јавност да одите со информации во рамки на предистражни постапки кои што се работат во
Министерство за внатрешни работи во согласност со наредби и напаствија дадени од страна на јавните обвинители. Оваа говорница не ве штити од информации изнесени во јавност кои што се поврзани со нарушување на тој принцип на тајност. Не ве штити да знаете. Не ве штити да знаете. Сега дали се плашите вие или не се плашите тоа е ваша работа. Јас ви кажувам дека сме должни да го почитуваме законот сите и јас и вие и обвинителот и сите до еден. И сега ако ЗК утврдил тајност во рамки на постапувањето кога станува збор за предистражна постапка. Кој сум јас да го рушам тој принцип? Кои сте вие да го рушите тој принцип? А кој е пак јавен обвинител да го нарушува тој принцип? И како за сите предмети останати кога станувало збор за претходна постапка, така и сега нема да го нарушам тој принцип на комуникација со јавност. А кога ќе дојде време во јавноста да се споделат информациите кои што се од интерес за јавноста е тогаш ќе видиме кој ќе се чеша на крајот на денот. Тогаш ќе видиме кој ќе се чеша на крајот на денот. Ве замолувам не продолжувајте со ова темпо, тонете. 8,4 ви значи нешто? Е на тој рејтинг сте паднати моментално.