О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам на прашањето почитувана пратеничке и благодарам на тоа што ме потсетивте. Еве вчера го честитав празникот на сите граѓани од муслиманска вероисповест, денеска да го сторам тоа и од оваа говорница, нека имаат убави празнични денови и нека ги поминат со своите најблиски во најубава атмосфера. Од срце им посакувам да спокојно, мирно и убаво ги поминат овие денови. А во однос на она кое што го претпоставив дека ќе имам прашање и тоа точно на темата за етничка нетрпеливост, тоа не е затоа што сум баба Ванѓа, туку заради тоа што вашата коалиција, пазите сега коалицијава СДСМ, Левица ДУИ. Каква коалиција е таа за пропаст на државата. Тоа е неверојатно нешто. И повторно по трет пат покажувате дека координирано, заеднички, раче до раче кога станува збор за барање за интерпелација на министерот за внатрешни работи, така заедно, фино, лепо, културно си се дружите, си се охрабрувате, си се поддржувате и обидувате да ја манипулирате целокупната македонска јавност која што е многу мудра, многу се мудри. Почитувана пратеничке ве слушав цело време со почит, достоинствено без да гукнам ни еден збор. ве замолувам барем вие слушајте ме и не бидете како вашиве колеги кои што овака пробуваат цело време да реметат додека зборувам. Барем вие бевте вака, како да кажам по достоинствена од нив. Барем така мене ми делувате. Ве замолувам да можам да одговорам. Значи, повторно покажувате дека сте си заедно и тоа си е ваше право, ама Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и целиот останат убав народ кој што живее во оваа убава држава, не ви верува. И од ден на ден се помалце ви верува, а сега ќе ви кажам зошто. Пред некое време обвинувавте гранична полиција, Дебар, вака ќе било со систематизацијата, така ќе било, вака ќе се намалело, така ќе се занемалело, ова ќе се сменело, тоа ќе се сменело. И на крајот еве помина колку месеци од тогаш, 3, 4, 5, ништо не се смени. И сега, сега кој е важен. Тоа прво. Значи, тоа што го кажавте тогаш еве во најмала мера беше неточно. Второ, цело време велевте дека ќе се намалеле, Дебар немало да има ОВР, безбедносната ситуација ќе се влошела, не знам што ќе се направело, така ќе се направело. Повторно не точно. Еве Дебар има ОВР, пак има ОВР Дебар. Ете тоа што го велевте пак е неточно, пак е неточно. И со едната и со другата и со третата систематизација Дебар пак има началник на ОВР. Дали треба да има и друго прашање. Ама дали има, да има. Значи, тоа што сте го збореле пак било неточно. Е сега што е неточно. Тезава која што ја градите дека Албанците биле деградирани на сметка на Македонците или на сметка на сите останати, пак ви е неточно. Сега ќе ви кажам зошто. Вие говорите за РТ Запад и велите од 2000 и не знам која таму бил началник полициски службеник кој што е Албанец и сега дошол Тошковски, го сменил Албанецот на РТ Запад итн. А бе што не кажете за РТ Север. Зошто не кажете, зошто не ме испофалите па да речете, браво бе Тошковски ти за Албанците што направи, до сега никогаш не бил Албанец на ред. Алал нека ти е, Албанец стави на РТ Север да биде началник на регионалниот центар. Зошто еднаш така не кажавте, зошто не ме испофаливте. Почитувана пратеничке, раководителските функции во Министерство за внатрешни работи не треба да ги гледате од аспект на тоа дали е Албанец или Македонец, почитувана пратеничке. Па до кога така ќе гледате на работите бе. До кога ќе гледате така. Па треба да гледате дали е професионален, дали е вреден, дали има добри резултати, колку е посветен на работењето. Кое образование го има. Кои компетенции ги има итн., итн. На крајот на денот, како да ви кажам сега. вие на лекар кога одите бирате докторот дали ќе е Албанец, дали ќе е Македонец или ќе е Турчин. Тоа правите. И што велите, а овој е Македонец не се лечам јас денеска. Ќе чекам јас Албанец да дојде. Така правите кога одите на лекар. Грешна ви е тезата почитувана пратеничке. Не е овој министерот кој што деградира Албанци. Сфатете го тоа, грешна ви е тезата, јас мислам дека и Албанец доктор е одличен и Македонец доктор е одличен и Турчин доктор е одличен, ако има соодветно образование, искуство и резултати итн. И да би се лечел и кај Албанец и Македонец и кај Турчин и кај Ром и кај Србин и Влас и кај сите останати професионалци. Вие нема да го направите тоа? Е сега зошто ви е грешна тезата. Зошто не ме пофаливте за прв пат во историја на Македонија, началник на РТ Север е Албанец. РС Север има многу поголема надлежност од РС Запад. Многу поголема територија контролира. Многу повеќе полициски службеници работат таму. Зошто не прашавте за РТ Север, зошто не рековте, браво министре се ставиле за прв пат во историја Албанец на РТ Север. зошто? Тука ви се гледа дека ви е лоша намерата почитувана пратеничке. Не е овој човекот кој што нејќе да им помогне на Албанците во Македонија. Напротив, многу пати сум покажал до сега дека сум им помагал на сите во рамки на, секое едно право кој што им следи ова со Закон. Па токму овој министер, токму оваа Влада отвори управни служби насекаде низ Македонија каде што претходно овие партнериве ваши не ни сакаа да чујат. Ај отидете во Општина Липково, прашајте ги таму и градоначалникот од вашата партија. Прашајте го дали има управни служби таму. Зошто не го прашате? Отидете во Желино прашајте, дали има управни служби и таму, зошто не ги прашате. Грешни ви се, зошто цело време така. Значи, стварно не можам, сакате да поставивте грешни тези од старт или само лошо ви брефираат. Еве јас сакам да верувам дека лошо ве брефираат. Еве и така и ќе верувам, навистина. Не можам да верувам дека пратеник упорно оди на тезата на оцрнување на министерот за внатрешни работи од позиција на не знам некаква си етничка нетрпеливост, а напротив обратното е. И само уште една информација сакам да ви дадам од аспект на Албанци, Македонци останати етникуми во Македонија поврзани со Министерство за внатрешни работи. Во рамки на управните служби, почитувана пратеничке. Во Скопје имаме 51,96% Македонци, 39,37% Албанци. И сега, што да правиме? Професионалци се луѓето, работат. Што да направам сега, да ги намалам на 25% Албанци. Тоа треба да правам? Во Тетово, имаме 23,6% Македонци, 66,29% Албанци. И што треба сега да направиме? Што треба сега да направиме со вашава логика? Значи, ве замолувам, престанете врз основа на еве ќе речам дека се не проверени информации, еве ќе речам не проверени информации ми даваат. Престанете да ја манипулирате Македонската јавност. Македонските граѓани, престанете да ги манипулирате Албанците, први што ќе ги кажам, Македонците, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и сите останати убави Македонски граѓани кои што живеат во оваа убава Македонија. И на крај за да завршам, ве замолувам еднаш барем, еднаш, сто пати ве молам. Еднаш, еднаш прашајте за Турците. Еве не прашувајте за Македонците, очигледно не сакате да прашате ништо. Прашајте за Турците еве. Може да прашате за Турците нешто? Или тие не ве гласаа па не ви значат. Е мене ми значат сите. Ми значат сите до еден. Сите ми значат и многу пати сме го покажале тоа во минатото и во иднина ќе го покажеме уште многу пати да знаете. А народот на крајот од денот пак ќе пресуди, затоа што е многу мудар. И знае како да пресуди секогаш. А фактите не ви се наклонети.