Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за оптимизација на образованието во Дебар

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли праша дали Министерството за образование и наука има конкретен план, анализа или одлука за оптимизација на образовниот процес во Дебар, колку работни места би биле опфатени и кои критериуми ќе се применат. Таа пренесе загриженост дека можни мерки би можеле да го намалат кадарот и побара информации за консултациите и заштитата на вработените и училиштата.

Министерката одговори дека училиштата, со исклучок на оние во надлежност на Министерството, се под општинска надлежност, а општините ги водат политиките за вработување наставници. Рече дека Светската банка и УНИЦЕФ помагаат во процесот и дека, според неа, во Дебар има 60 наставници повеќе. Додаде дека оваа година нема да дозволат трансформација на наставници во градот, бидејќи нема средства за нивните плати, и посочи на законски можности за дополнителен ангажман на наставниците.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Додека за министерката Јаневска сакам да ви прочитам еден препис кои е доставен од загрижен граѓанин од Дебар од вработен во Министерство за образование и наука за албански семејства кои работат и придонесуваат. Значи, ова е претставка почитуван пратеник во својство на загрижени граѓани за вработените во образованието и семејствата кои придонесуваат во оваа средина и имаме морална институциона одговорност да реагираме во врска со реакциите и не званичните изјави за реализација на оптимизација на образовниот процес. Процес кои по информациите кои циркулираат директно може да ги задира образовните институции во Дебар, почнувајќи од септември. Иако до овој момент не е јавна ниту една изјава не сигурноста создава сериозна загриженост кај вработените во образованието. И поради можноста редукција на работните места намалувањето на наставниот и административниот кадат и слабеење на нашите образовни институции. Значи, сме против секоја мерка и одлука која може да резултира со отпуштање на вработени или задирање во економската и социјална сигурност на семејствата кој живеат од овие работни места. Во еден град како Дебар кој сега се соочува со миграција, намалување на наталитетот и големи социјални економски предизвици, секоја дополнително редуктирање во образовниот процес ќе биде силен удар за стабилноста и иднината на нашата нација. Образованието не треба да се третира по бројчени показатели, образовните институции се главниот столб на егзистенцијата и чување на општествениот живот во Дебар. Зачувувањето на работните места поткрепа за основните училишта и поткрепа на вработените треба да биде институционален и државен приорите. Истовремено бараме транспарентност од институциите во врска со овој процес и бараме граѓаните, вработените во образованието и јавноста да се информираат и на време за секој план, анализа и одлука која е поврзана со оптимизирање на работните места во Дебар. Исто така бараме дополнителна информација за критериумите кои ќе се искористат институциите кои ќе бидат опфатени бројот на работните места. Кој ќе се опфати конкретните мерки кои предвидуваат заштита на работникот и зачувувањето на образованието во нашиот град. Бидејќи вие го претставувате Дебар во Собранието, мислам дека ќе го покрените гласот за интересот на нашите граѓани и ќе понудите конкретна поддршка против секоја одлука која може да биде против образованието и нашите граѓани. Дебрани треба да имаат многу добро претставување и да се зачува нивната економска стабилност. Оваа преписка е реалната состојба на стравот, несигурноста и загриженоста која денес постои кај наставниците и вработените во образовниот процес и во дебарските семејства. Од вас сакам да знам, дали има конкретен план, анализа или одлука од Министерство за образование и наука за реализација на процес за оптимизација на образовниот процес во Дебар. Колку работни места се во опасност, кои се критериумите над кој се гради овој процес, дали се консултирани општината, директорите на училиштата, синдикатите и вработените во образованието. Какви конкретни мерки ќе преземете за зачувување, односно за вработените и за зачувување на функционалноста на образовните институции во Дебар. За Дебар училиштата се дел и иднина за нашата нација. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке, јас ја разбирам загриженоста на тие што го пишале писмото, но тие што го пишале писмото претпоставувам дека ги следат настаните во сопствената земја, општествените случувања, случувањата на пазарот на труд и сеако во образованието бидејќи тие се вклучени во образованието. Не е обврзано сите наставници без исклучок да го следат министерот за образование но, бидејќи како што и самите тие велат, таму работат, од таму земаат плата не е лошо по некогаш и да ги чујат политиките на владејачката партија односно во моментов на овој министер за образование и наука. Добро би било кога сите пратеници во ова Собрание би се грижеле за добробит на учениците, за добробит на наставниците, а посредно и за родителите и за училишната па и државната администрација. Тоа ќе ни овозможи сите заеднички како едно цело да ги придвижиме работите и во образованието на подобро. Јас ве молам, доколку луѓето не знаат во иднина и вие да им го пренесете сето ова што го кажувам затоа што, ќе ве информирам дека во гимназијата „ 28 Ноември“ во Дебар, наставниците не знаат дека има нова концепција, наставниците не знаат дека има нови учебници. Ова сме го заклучиле од како ги посетило Бирото за развој на образованието, да спроведе обука и да ја провери состојбата како и што се случува во училиштата. Сега многу конкретно за она што ме прашавте. Училиштата се под ингеренции на општините освен 24 училишта кои се под ингеренција на Министерство за образование и наука, и регионалните центри за средно стручно образование се под ингеренции на Министерство за образование и наука. Политиките на вработување на наставниот кадар го водат општините. Јас ќе ве информирам, а вие тоа сигурно го знаете, но должност ми е. Поставувате прашање, да ви одговорам. Вие секако знаете дека ние имаме бела чума во Македонија, демографски помор би рекла и иселување за кое оваа Влада во овие 2 години не е одговорна. Одговорна е претходната Влада во претходните 7 години, која не направи ништо за да ги задржи младите, да им овозможи да формираат семејства, да останат во сопствената земја за да не ни се случува драстично намалување на бројот на ученици во земјата. Настрана од тоа, колку и да се потсмеваат некои, тој тренд во овие 2 години е сменет. Не е висок, не е голем, но факт е дека во одредени училиштата се зголемува бројот на ученици токму затоа што, дел од луѓето кои биле надвор се враќаат. Почнат е процесот, за разлика од тоа во минатите 7, 8 години, луѓето се иселуваа, а оваа Влада прави многу за да го заврши овој процес кој е почнат. Инаку, нас за така наречената оптимизација ни помагаат странски партнери. На пример, Светска банка и УНИЦЕФ. Светска банка и УНИЦЕФ заедно со нашите анализи велат дека нели, еве ќе споделам неколку клучни податоци. Во период од помалку од малку повеќе од 20 години, се извинувам, малку повеќе од 20 години. Бројот на ученици се намали за 28%, додека во истиот период бројот на наставници се зголемил за 46%, како резултат на тоа, Националниот просек се намалил од 18 ученици на 11,4 ученици по наставник. Во споредба со просекот на ОЕЦД од 15 ученици по наставник. Ова доведува до вишок на наставен кадар од околу 13%, финансиските последици се значајни затоа што, во огромен број на општини 90% некаде и 100% од блок дотациите се трошат само за плати за наставниците. И, вие знаете како тоа во минатото се случувало. За да се вработи наставник вообичаено пред избори на еден ќе му се земат 10 часа, на друг ќе му се дадат часови за да бројот на наставници се зголемува и така се оди за плати ама нема за капитални инвестиции, за поправка на кровови, за поправка на тоалети, нема за опрема, нема за дигитализација. Што сега го прави министерството. Дополнително, многу е значајно да знаете дека во 147 подрачни училиштата годинава нема запишано ученици, и дека две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, во нив учат само 12% од учениците. Значи, во централните учат останатите ученици. Сега за, значи 88% учат во 353 централни училиштата, 12% учат во 518 училиштата. Сега што прави оваа Влада за луѓето да ја почувствуваат сигурноста, односно да не се чувствуваат вака како што овие ви велат. Сменивме концепции, продолживме дел од постоечката, дел променивме и велиме дека наставниците доколку го почитуваат со овој Закон пропишаното работно време. Значи, покрај редовните часови што ги имаат можат да дополнат со вон наставни активности и со дополнителна настава, со работа со талентирани, со работа со ученици кои заостануваат, со општествена корисна работа, со животни вештини што вообичаено во училиштата не се случува. Но, сега со помош на Бирото за развој на образованието, со помош на Светска банка, со пилот училишта, министерството на директорите на училиштата им го прави распоредот и ангажманот на наставниците. Законот предвидува дека ако има наставници кои би биле технолошки вишок, времено би можеле да работат ко коучинг, со наставник во одделение, односно да помага на ученици со посебни потреби. Законот предвидува целодневна настава, цел ден да останат на работа ама двајца да бидат во едно одделение. Не се спроведува, повторни ние тоа го правиме. На крај, сакам или не сакам морам да потенцирам. Без оглед што во огромен број училиштата имаме паралелки со по 4 и 5 ученици. На пример, имате 20 ученици во училиштето кои можат да бидат во една паралелка, за да остане наставниот кадар тука во училиштето, се поделени во 4 паралелки. Значи, по 5 ученици во одделение. Тоа значи дека наставникот може да работи со тие ученици колку што сака. Има доволно време, има доволно можности ама тие се последни на ПИСА ама сите наши ученици се последни на ПИСА, последни во Европа. Таму во Европа работат со ученици најмалку со 15 и повеќе. Ние работиме со ученици 5, 7, 10 и нашите се последни во ПИСА, а тие другите се први, водат. Ние не можеме ни просекот да го стигнеме. Целодневната настава, едно сменската настава им овозможува да ги ангажираат што е можно повеќе наставниците. И, тоа ние го правиме, ги едуцираме во моментов наставниците како да го подобрат квалитетот но, и како да останат во училиштата. Јас пак ќе речам. Ние тоа го правиме за добробит на државата затоа што, училиштата се под ингеренции на општините. Градоначалникот е тој кој вработува или не вработува. Јас отворено ќе ви кажам. Да, оваа година не дозволуваме трансформација каде што има во еден град како што е Дебар, 60 наставници повеќе. Оти и да се трансформираат нема средства за плата. Нема, формула постои по која ние доделуваме средства светски признаена. Што и да измислиме, проблем е. Тие училишта трошат парно, трошат...

Сите пратенички прашања