О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Петар Марков, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитуван пратеник и покрај тоа што се наоѓаме во време кога имаме можеби историски најголема криза во делот на енергетиката во последните 50 години која што во еден друг одговор на едно друго прашање веќе ја кажав. Која што по својот волумен и обем е би рекол поголема од три претходни поголеми кризи заедно. Сепак ние како Влада без да правиме емотивни прес конференции, без да кукаме, без да се жалиме во јавност колку е тешко. Тешко е, затоа сме тука, треба да влечете потези, треба да носите одлуки кои што се во интерес на граѓаните. Успеавме да креираме модел кој што резултираше навистина со навистина најдобри во моментот резултати, имајќи во предвид регионот. А од друга страна според Меѓународниот монетарен фонд да бидеме во првите три земји во Европа според аплицираните мерки во однос на бруто домашниот производ. Повторно ќе кажам не го збори тоа Христијан, не го збори тоа ВМРОДПМНЕ или оваа Влада. Тоа го збори Меѓународниот монетарен фонд, ќе се сложите морам да кажам, дека станува збор за исклучително кредибилна светска институција. Кога се предвид кризата која што во моментот можеби е историска најголема, епска и кога ќе се споредуваат мерките кои што се применети, тогаш ќе дојдеме до заклучок дека ние како држава сме во првите три во Европа според аплицираните мерки кои се процент од бруто домашниот производ. И тоа е навистина нешто кое што мораме да го нотираме. Во интерес на тоа многумина очекуваа и многумина ме прашуваа каков ќе биде ефектот врз Буџетот, какви ќе бидат импликациите на приходите во Буџетот? И сите мислеа дека овој модел кој што ние го креиравме ќе создаде буџетска дупка и со овие популистички мерки, но ние одлучивме ова да го гледаме како претприемачи. Како? Прво ни беше важно дали на долг рок, дали на една година, две години од денеска доколку сето ова потрае ние имаме доволно количини на нафта и нафтени деривати за домашниот пазар. Разговаравме со компаниите сите рекоа имаме план, имаме обезбедено да не се грижите. Функционален ни е и цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со Рафинеријата. Имаме доволно залихи во депоата, но имаме и договори кои што се неотповикливи. Имајќи го сето тоа во предвид ние креиравме модел кој што вели економија на обем. Ќе ги намалиме даноците, а од друга страна ќе ја направиме толку голема разликата помеѓу нас и регионот да голем дел од потрошувачите на македонските нафтени деривати наместо во сопствените земји да дојдат кај нас и да точат гориво. И тоа резултираше со во одредени денови и до 50% зголемена потрошувачка на нашите бензински пумпи визави тоа што беше просек во минатото. Тоа значи дека вие и да ги намалите даноците, односно данокот на додадена вредност, акцизите од 18 на 10%. Економијата на обем вели се што е над тие 18% ви се надоместува, а се што е над тие 18% е дополнителен приход во вашиот буџет. И ние имаше денови кога дојдовме до 30, имаше денови дури до 50% кога дојдовме до зголемена потрошувачка на нафтените деривати на бензинските пумпи. Останав должен да речеме како беше приходот во Буџетот во јануари кога немавме криза, спореден со истиот од јануари од минатата година. Да речеме данокот на додадена вредност беше 102%, односно 2% над тој во јануари минатата година. Данокот на личен доход 6,4%. Данокот на добивка 31,2%. Каков беше во февруари? Во февруари имавме ддв за речиси 5% поголем од минатата година во февруари. Данокот на личен доход 12,8% поголем од февруари минатата година. Данокот на добивка 8,4%. Каков беше во март? Бидејќи јас на дневна основа ги добивам овие извештаи поради тоа што ме интересира какви се стримовите во буџетот за да можеме да ги пота аплицираме во политиките. Еве да речеме во март кога почна кризата 17,4% поголем данок на додадена вредност во Буџетот споредено со март во минатата година. личниот доход 15,3%, данокот на добивка 20,4%. Ова се бројки. Мора да работите холистички и претприемачки да се гледаат. И затоа сме единствената држава која што, чие што раководство не прави емотивни прес конференции и да кажува колку е тешко. Туку вели да. тешко е, но ајде да го решаваме. Но каква е денес ситуацијата? Во Македонија дизелот е 1,49 евроценти по литар. Безоловниот 95 октански 1,41 евроценти по литар. Ќе ги споредиме со регионот. Србија дизелот е 1,92, речиси половина евро поскап по литар. 95 октанскиот е 1,64, значи речиси четврт евро поскап по литар. Хрватска дизелот е од 1,66 до 1,98, а 95 октанскиот е 1,64 до 1,8. Таму во градовите е поевтиниот дел, а на автопатите или како што велат они автоцестите е поголема цената. Словенија дизел 1,76, а 95 октански 1,71. Босна и Херцеговина 1,65 со 95 октанскиот 1,52. Црна Гора 1,69 со 1,65. Албанија и Грција 2 евра и над 2 евра просекот. Тоа се акцизите. Најголемиот дел бидејќи генерално ние од исто место, извор сите купуваме. Акцизите се тие и даноците кои што буџетот ги примира во своите, ги акумулира оваа цена. Оваа Влада одлучи да работи по принципот на економија на обем. Да го зголемиме конзумот, односно потрошувачката, а да ги намалиме даноците. Да станеме атрактивни и на тој начин да успееме да таа дупка која што многумина ја очекуваа еве сега ќе банкротираме. Еве две години сме Влада нецели само што не сме банкротирале ако ги слушате. Готово, сега банкротираа, немаат за плата, готово, умираат. Отприлика таа е филозофијата нивна, само што не банкротирале. И така ќе се изнаслушате до следните избори. па ќе ги победиме на избори, па ќе дојдат нови, па пак истото ќе го слушате, па апокалиптични сценарија, па готово е сега, не ја бива работава, ќе умираме, банкротираме, нема леб да јадеме. Тоа е матрицата. Но, нека ги. Тие нека бидат заглавени во своето политичко мочуриште, ние да си ја водиме нашата работа. затоа што граѓаните од нас очекуваат резултати. Голема поддршка подразбира и голема одговорност. И некогаш не треба да не лути тоа што можеби за се треба ние да сме виновни. Дури и да ги слушаме тие бесцелни прес конференции кои што доаѓаат од опозицијата затоа што граѓаните дале голема поддршка и на централно и на локално ниво и логично е сите камери на сцената, на даските кои што живот значат, можеби тука Љутков ќе се сложи со мене, сите камери се во нас вперени и не треба тоа да не лути. Напротив, тоа треба да не мотивира да бидеме подобри денес од вчера, утре од денес. И тоа е начинот на кој што треба да ја водиме политиката. А тие ќе останат во своето политичко мочуриште. Ќе има избори. ќе изгубат повторно, ќе доживеат дебакл. Ќе дојдат нови, можда нема да бидат 18, следниот пат ќе бидат десетина. Но тие десетина повторно ќе ги слушате со истите беседи, со истите приказни, со истите лаги, со истите конструкции. За жал тоа е таа матрица. Благодарам.