
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Заменик премиер Сали, вчера Европскиот Парламент го изгласа Извештајот за прогрес за Северна Македонија на кој посебно внимание му посветува на зачувувањето на мултиетничкиот карактер на државата и почитување на Охридскиот рамковен договор ставајќи на виделина дека правата на заедниците и нивната имплементација останува главно прашање за стабилноста и демократскиот просперитет на државата. Дали имате знаење во рамките на ова Европскиот Парламент изгласа исто така амандман со кој ги повикува властите во Северна Македонија за ургентно да го решат прашањето за користењето на албанскиот јазик за државниот испит за практична примена на Охридскиот рамковен договор не само формално правен, туку и во неговиот дух. Во истиот амандман се бара протестите на студентите да не се прикажуваат како политички мотивирани или како дестабилизирачки фактор, туку да се третираат како легитимно право на загриженоста на граѓаните за нивните права. Европската Унија гледа сега и го евидентира длабокиот регрес на правата на Албанците и другите помали заедници оценувајќи ја ситуацијата како лоша. Во извештајот се истакнува дека Агенцијата за спроведување на јазикот, Агенцијата за националностите се во минимално ниски ставки и не се финансира доволно. Не случајно е денес да дискутираме за отфрлање на правото за користење на албанскиот јазик на државните испити и истовремено се соочуваме со одлуки кои се против идентитетот и нашата колективна мисла. Во истиот ден Уставниот суд донесе одлука за анулирање на името Илирија и враќање на името Маршал Тито во Тетово на една улица каде што судиите кои што не се од мнозинската заедница се надгласани. Има ситуација каде секој ден гледаме некоја одлука против достигнувањата кои се постигнати во овие 20 сега се направени имињата Илирија, Албанскиот конгрес, националните легенди. Значи ова не е во склад со пораките од Брисел и внатрешниот развој во внатрешните институции. Сите горе наведени факти не ориентира на тоа што државата не оддалечува од Охридскиот рамковен договор и од принципот на унапредувањата на барањата на малцинствата. Денес се обврзуваме да ги штитиме правата кои сме ги добиле пред неколку децении. Ова не се отфрла и негативниот ефект кој ја создава дискусијата за Законот за правичната застапеност и кој сака да го отфрли членот 6 од Уставот кој е поврзан со албанското прашање. Ова се вредностите со кои е изградена Европската Унија, слободата на изразувањето, демократијата, еднаквоста која се поврзува со еднаквите права за сите граѓани пред законот со државните и основните права на човекот кои ги опфаќа и правата да не се дискриминираат по ниту една основа. Дали ќе ги земете во предвид заменик премиер со највисока албанска позиција во оваа Влада пораките од ова почитувањата на правата на националностите и функционирање на сеопфатна демократија и какви конкретни дејствија ќе преземете и истите да ги имплементирате во практика за земјата да излезе од оваа ситуација во која се наоѓаме.