Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска прашува за платите во Министерството за одбрана и Армијата

Резиме

Славјанка Петровска го праша министерот за одбрана зошто, како што тврди, платите во Министерството и Армијата две години не се зголемени и не го следат растот на животните трошоци. Таа праша и зошто не се применува Законот за минимална плата, а изрази загриженост дека состојбата може да влијае врз вработените, бројноста и борбената готовност. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ако, повторно ќе се повторам, имаме историски најголем буџет за одбраната, кој што неспорно е дека секоја година расте и дека, ако навистина тој буџет е достапен за трошење, тоа е второ прашање, односно втора дилема, не е прашање, тогаш имам едно многу логично прашање. Зошто платите во Министерството за одбрана и во Армијата, значи Министерството како работодавач, две години не се зголемени, односно просто кажано, не го следат трендот на зголемување на животните трошоци и животниот стандард онака како што треба. Дали со ова, можеби е свесна политика за да можат вработените да бидат потчинети и да бидат покорени, и дали со тоа не се загрозува и борбената готовност, и бројноста на вработените и така натаму. Значи, моето прашање е јасно, зошто две години во Министерството за одбрана и Армијата истовремено, не се применува Законот за минимална плата, кој многу јасно укажува како се пресметува минималната плата и дека никој не смее да исплати плата под тоа, особено не кога зборуваме за државните институции. Бидејќи тие не се исклучок од примената на Законот за минимална плата. Прашањето го поставувам до министерот за одбрана.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за одбрана

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања