Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска прашува зошто доцни новиот колективен договор и кого ќе опфати

Резиме

Славјанка Петровска го прашува министерот за одбрана зошто сè уште не е потпишан најавениот нов колективен договор и кога ќе биде потпишан. Таа прашува и дали договорот ќе ги опфати поранешните вработени, меѓу кои припадници на Армијата пензионирани непосредно пред потпишувањето на договорот во 2024 година, на кои, според неа, им било ветено дека ќе бидат опфатени.

Полето за институционален одговор е празно.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање е она што пред два месеци беше кажано овдека, а тоа е дека многу скоро ќе следи нов Колективен договор, подобар од оној претходниот, со многу подобри услови, со многу подобри можности за вработените. Моето прашање, зошто се уште не е потпишан тој договор. Ако видиме дека вчера претседателот на Соединетите американски држави потпиша договор со Иран за стопирање на војната, што му треба на овој министер две години да потпише нов колективен договор. И уште поважно, дали во тој колективен договор кој се крчка и ќе биде подобар, според зборовите на министерот, дали ќе бидат опфатени онаа група на пензионирани вработени кои беа пензионирани непосредно пред потпишувањето на Договорот во 2024 година, ама кој од негова страна, од страна на неколкумина колеги овдека во Собранието, актуелни пратеници, им било ветувано дека ќе бидат опфатени. Таа една група на пензионирани припадници на Армијата, кои, колега Петрушевски, бидејќи довикувате ќе ве прозвам, вие многу добро ги знаете, сте имале средба со нив, и вие сте им ветувале. Затоа прашувам, дали ќе бидат опфатени, согласно вашите ветувањата кои сте им ги давале пред изборите. Затоа што, тогашниот Колективен договор бил напаѓан како незаконски, неуставен и така натаму и сте им ветувале дека во следниот колективен договор ќе бидат истите тие опфатени. Значи, моето второ прашање се однесува на Колективниот договор. Кога конечно ќе го видиме новиот колективен договор и дали во тој колективен договор ќе бидат опфатени групата на поранешни вработените на кои сте им дале ветување, министерот Мисајловски, затоа барам тој да одговори. Прашањето го поставувам до министерот за одбрана.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за одбрана

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања