Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска прашува дали ребалансот ќе го намали буџетот за одбрана

Резиме

Славјанка Петровска го прашува министерот за одбрана дали со ребалансот на буџетот ќе се намалат средствата за плати и за одбранбени инвестиции, односно модернизација. Таа посочува дека подигањето на одбранбените капацитети бара континуирано финансирање и дека испораката на набавките може да трае неколку години.

Во доставениот материјал нема документ со институционален одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Третото пратеничко прашање се однесува на она што е буџет на одбраната. Ви текнува, оној историскиот, најголемиот и така натаму, кој постојано расте. Бидејќи е актуелно извесно дека, претпоставувам дека деновиве ќе дојде во Собрание Ребалансот, одбраната бара континуирано инвестирање и тоа континуирано инвестирање не е инвестирање од денес за утре, затоа што се што денеска ќе го склучите како договор, рокот на испорака никогаш не е во рок од 60 дена, затоа што зборуваме за подигање на воените капацитети, одбранбени капацитети на државата или инвестиции во одбраната и најчесто е потребно неколку години испорака. Значи тоа што министерот би го склучил изминатите две години, а нема ништо, би требало да биде испорачано во наредните две години. Ама секако да може барем нешто оваа година, до крајот на годината да склучи, треба да има буџет за тоа. Моето прашање е, дали со Ребалансот на буџетот кој е во некоја процедура во Владата и бидејќи го гледам дека е многу отсутен, не знам дали е консултиран или не, дали ќе има кратења на буџетот на Министерството за одбрана во делот на плати, но и во делот на одбрана и инвестиции. Односно, модернизација и инвестиции во одбраната. Прашањето го поставувам до министерот за одбрана.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за одбрана

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања