Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче прашува за афирмација на македонската музика кај младите

Резиме

Халил Снопче праша дали Министерството за култура и туризам има стратегија и анализа за афирмација на македонската музика меѓу младите, како и дали новата стратегија за култура предвидува активности за нивно поврзување со домашното музичко наследство. Како пример го наведе своето набљудување во кафулиња во Гостивар, каде што, според него, се слушала претежно српска музика. Побара писмен одговор од министерот. Во доставениот извор нема документ со институционален одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање до министерот за култура, јас гледам дека е присутен заменикот министер, меѓутоа ова е прашање до министерот за култура, не до заменикот. Во негово отсуство ќе ве молам да ми се одговори писмено од страна на личноста на министерот. Значи јас сакам уште од почетокот да бидам јасен. Јас ова прашање не го отворам како Македонец, туку како Албанец. Не го отворам од позицијата припадност, погрешно да не ме разберете, туку од позиција на граѓанин кој живее во оваа држава и кој смета дека секој народ има право, но и обврска да ги негува своите културни вредности и својот културен идентитет. Истото би кажал ова да се случеше и за Албанците, би бил многу загрижен да речеме ако албанските млади луѓе престанат да ја познаваат сопствената музика, сопствените уметници и сопственото културно наследство. Токму затоа го отворам ова прашање кое можеби на прв поглед изгледа споредно, но според мене е исклучително важно за иднината на македонската култура. Значи прашањето е дали Министерството за култура има стратегија за афирмација на македонската музика кај младите генерации. Дали воопшто се следи како младите луѓе го градат својот културен идентитет. Еве да речеме не овој викенд, минатиот викенд пред да се јавам случајно ми падна идејата да поставам прашање, во Гостивар и тоа два часа прошетка поминав низ сите кафулиња, кафичи итн. и резултатот беше поразителен. Цели два часа исклучиво во кафулињата во Гостивар се слушаше, кај што фрекфентираат главно студенти, студентки, ученички Македонци се слушаше српска музика. Значи се слушаа, и тоа музика од пред 30-40 години Рибља чорба, Бело Дугме, не знам Идоли, Здравко Чолиќ и многу други, Бајага и многу други. Немам ништо против тоа погрешно да не бидам сфатен. Јас не сум против српската музика во никој случај, тоа е културен идентитет на нашите простори, на Балканот воопшто. Но прашањето е друго, дали во македонските градови во кафулињата и локалите каде што претежно излегуваат млади Македонки и Македонци речиси воопшто да не се слуша македонска музика. Што прави Министерството за даде важност и поттикне да освен српската музика се слушаат музичките вредности на пејачи од нашата држава. Пример, Леб и Сол, Архангел, Бастион, каде е Зафир Хаџиманов, Драган Михајловски, каде е Тоше Проески, Каролина Гочева и многу други. Па ние имавме порано од времето имавме Мак Фест фестивал, дури и бивши пејачи од бивша Југославија пееја македонски песни Хелена Благне, Кемал Монтено и многу други. Фактички како може млад човек денес да знае десетици песни од други држави, а да не познава ни дел од музичкото наследство на мајчиниот јазик. Затоа почитуван министер ова не е прашање на музички вкус, ова е прашање на културна политика, прашувам дали Министерството има анализа за застапеноста на македонската музика меѓу младите. Дали во новата стратегија за култура е предвидено нешто што ќе придонесе младите генерации повторно да се поврзат со сопственото културно наследство. Не за забрани, не зборувам за наметнувања, не зборувам за ограничувања на ничија музика, зборувам за афирмација на сопствените вредности, а афирмативни можности постојат многу. Еве ќе се реферирам на Албанија, значи таму се организира неколку месечни, секоја недела фестивали за воскреснување на старата музика. Имаше песните на векот и другите фестивали од забавна и од народна музика. Значи Министерството за култура мора да направи нешто за младите луѓе да слушаат музика што е вредна музика, почитувана музика, а да не се вратат само на музичките хитови од минатиот век од бившите држава. Прашањето по поставувам до министерот за култура и туризам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања