О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 јуни 2026 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке, по втор пат во ова Собрание има обид за правење на спин, дека министерот за образование и наука се грижел за трошоците. Не, општините треба да се грижат за трошоците, но и Владата треба да се грижи за трошоците. Не се грижиме за трошоците, се грижиме за децата, кои се оставени сами на себе, по тројца, по петорица, кои немаат можност да видат нешто подобро, кои немаат можност да видат различни наставници, на кои не им сте им го пренеле и не сте им ги средиле училиштата и кои треба да бидат во поголема група, не велам јас, тоа вели стручната јавност. Значи таквиот обид нема да ви помине никаде, ни дома, ни надвор, ни ништо. Дополнителен ефект е заштедата на средства во државата која требало и вие да ја планирате. Да, бевме заедно на една конференција, да ги слушав експертите, фала ви што потврдувате дека долги години учам и работам на овој проблем, не, не ја правиме брзо оптимизацијата, напротив ја правиме минимално. И, немојте да импутирате дека ќе има вработувања, па ќе бидат партиски. Ќе има вработувања таму каде што треба да има. Таму каде што има прилив на деца ќе има вработувања, но нема да има вработувања таму каде што не треба да има. Тој план, ви одговорам на прашањето, да, го имаме и го правиме. Тие податоци ни ги дава е-дневникот, тие податоци ни ги даваат општините. Да, дописот е сега пратен. Но, ние сме на терен, повеќе од пет години УНИЦЕФ и ние веќе две сме на терен. И по тој план работиме. Дали ќе има доедукации, да ќе има доедукации. Да, има оперативен план. Да, сме договориле со факултетите да направат кратки курсеви за дооспособување, специјализации разноразни договорено е. Новиот Закон за високо тоа го предвидува, им се овозможува на факултетите да ги направат овие реедукации доколку наставниците се пријават за нив. Значи, го имаме тој план, вие знаете дека има анализа, еве сме учествувале заеднички на такво нешто. Проблемот и стравот не поттикнува од наставниците, родителите, да, синдикатот се бори за репрезентативност, но ја нема, ок, нека си работи, јас немам ништо против, ние сме се виделе со претседателот на тој синдикат, сме разговарале, прашајте го ќе ви каже дека сме се виделе, но ќе му препорачам на синдикатот точно да чита закони и да не ги манипулира никој наставниците затоа што во ниеден момент, никогаш не сум кажала дека ќе се бркаат од работа. Да, ќе се преквалификуваат, да, ќе се прераспределуваат, во една општина меѓу две училишта, да, ќе работат подолго од колку се навикнати сега да работат, да едни ќе работат од осум до дванаесет, а други од дванаесет до четири, така ќе си ја зачуваат работата, но така ќе го поткренат квалитетот на образованието во нашата држава. Така нашите млади ќе бидат спремни за средно и високо образование. Така ние ќе имаме стручен кадар спремен за пазарот на труд. Така ние ќе имаме луѓе кои ќе ги учат идните генерации, така како што треба да работат. Да, оваа година што не беше направено до сега, имавме конкурс за советници, наставници и менторствата ги обновивме, за да можат да ги научат овие луѓе кои се чувствуваат загрозени, дека не треба така да се чувствуваат и дека Владата строго води сметка на кој начин ќе ја спроведе оптимизацијата. Но, бидејќи тоа е одговорност на Министерството, еве јас велам, јас строго водам сметка наставниците, како вредни луѓе во општеството, да достоинствено си ја сработуваат својата рабата. И плати покачивме, и средуваме инфраструктура, имаме градежна офанзива, имаме образовна офанзива, вие можеби и не сакате да признаете, но го гледате тоа. И, ако веќе се согласувате дека треба да има оптимизација, тогаш немојте да го рушите успехот на државата. Дајте со заеднички сили да ја направиме оптимизацијата. Правилата кои ги воспоставуваме заеднички да ги почитуваме, не без причина да ги плашиме луѓето за она што навистина нема да се случи. Благодарам.