Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ праша за план за решавање на кризата со домувањето

Резиме

Пратеникот Амар Мециновиќ праша дали Владата има план за решавање на кризата со домувањето. Побара информации за евиденцијата и надзорот над становите купени во изградба, заштитата на граѓаните што плаќаат авансно и мерките за доцнење на изградбата. Наводите за празни станови, шпекулативно купување и недоволен надзор ги изнесе Мециновиќ.

Заменик-министерката за транспорт рече дека во домувањето има предмети наталожени со децении и дека секој случај е различен. Најави дека наскоро ќе има распределба на социјални станови за граѓаните што аплицирале на јавниот оглас, а посочи и актуелни барања во Свети Николе и Пробиштип. Рече дека планот за другата половина од мандатот може да му биде објаснет писмено. Не даде конкретни одговори за надзорот над авансните уплати и доцнењето на становите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ви благодарам претседателе. Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на медиумите, почитуван заменичка министерке за транспорт. Јас денеска имав едно прашање конкретно за вицепремиерот Александар Николовски, но очигледно веќе после вчерашниот роденден на ВМРО ДПМНЕ, толку е забрзана работата што веќе Александар Николовски не е со нас тука веќе, во некоја втора, трета брзина пошто забрзувате очигледно. И меѓу другото вчера на роденденот на ВМРО ДПМНЕ беше потенцирано дека работата на Министерството и министерот Николовски еден од клучните факти кои треба да се забележат за работењето на оваа Влада. Па така беа наведени дека постои инфраструктурен бум на теренот, дека се прават авто патишта, дека сега ќе ја градите и болницата во Скопје, меѓу другото градски воз ќе ставате во функција во Скопје. И тоа се звучи така фантастично и некако страв ми е да влезам во полемика со вас, бидејќи секое поле ви е силно. Ама мислам дека најдов едно поле каде што не сте силни, а тоа домување. Ајде да зборуваме за домување што е под ваши ингеренции. Е сега работата е што, како што ни се уништува државата преку вашето не градење на автопати во суштина, како што ни се уништуваат градовите со тоа што нема градење на болници, ниту ставање на градски возови во функција, така нај непосредно се уништуваат судбините на граѓаните во Република Македонија, ги уништувате семејствата, најповеќе се уништувате перспективите на младите со оваа сегашна ситуација која ја имаме со домувањето. Во суштина, треба една единствена работа да разбереме, кога домот станува инвестициско средство, а не место за живеење и предуслов за достоинствен живот, тогаш имаме проблем во општеството кои треба да го дискутираме. Домувањето е едно од основните човекови права, и од урбанистичко прашање, повторно е сведено на социјално прашање заради инертноста на оваа Влада која сега ја имаме. Особено треба да разговараме за ова кога се соочуваме со една демографска криза, кога нашите граѓани се иселуваат и домувањето е егзистенцијален проблем за илјадници семејства. Денешната стапица во која се наоѓаат нашите семејства, младите, младите родители и работниците во Македонија генерално е на резултат на свесна и систематска политика, т.е. тоа е симбиоза помеѓу инвеститорите, т.е. бизнис секторот во градежната индустрија и вие конкретно политичарите, т.е. министрите, замениците министри, лидерите на партиите кои владеат со нас. И тука се раѓа главната противречност во нашето општество. Противречност која нашите граѓани ја гледаат цело време,, иако постојано имаме се повеќе станбени единици истовремено се повеќе наши граѓани не можат да обезбедат стан. Противречноста е очигледна и противречноста не може да се негира и тука е главниот проблем, што исто така вчера на 36 годишниот роденден на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски рече дека не внел во топ 5 во развој во Европа. Е што е проблемот сега почитуван колега Мицевски, и да е тоа вистина и да е тоа вистина, еве да кажеме дека вистина, што иако треба да се правиме будали дека е вистина. Работата е што развојот не можеме да го гледаме низ некои економски параметри, фискална стабилност, јачина на институциите, изолирани така да го коментираме. Ајде ве молам да го коментираме единствениот факт што преку чесен труд во Република Македонија нашите граѓани не можат да си обезбедат достоинствен живот, а решавањето на станбеното прашање и прашањето со домувањето е предуслов. За што е предуслов? Да се создадат нови семејства, да се создадат нови економски клетки во општеството и преку тие семејства, преку тие семејни единици да се стимулира и реалниот сектор во Република Македонија понатаму. Но каде е сега поставена оската? Оската е поставена во шпекулирање во оваа индустрија. Неуспехот на сите власти, вклучително и оваа ваша власт е систематски. Вие не успевате да создадете дом за секого, туку правите само профит за малкумина и тоа вие експлицитно го знаете. Доказ е фактот што 300 илјади станбени единици во Република Македонија седат празни што е речиси 35% од целосниот фонд на станови во Република Македонија. Доказот е во тоа што покрај 300 илјади празни станови, младите се под кирија и им се задолжени на 30 години за станбени кредити и најкрајно од се оние кои не можат ни едното, ни другото, се иселуваат од државата која вие ја водите. Денес младиот работник значително многу повеќе треба да одвои од младиот работник пред 10, 15 години за воопшто да проба да си го реши ова прашање. И меѓу другото банкарските индикатори покажуваат дека се повеќе има земање на станбени кредити, што значи дека во Македонија до стан само преку долг. Е тоа е реалноста на ресорот кој вие го водите. Пристапот до домот во Македонија е врзан до долг, еве ви европски вредности драги граѓани. Кај нас нема ништо меѓу другото, иако во Европа има регулација кога веќе ја спомнуваме, во Словенија има регулација, во Холандија има регулација, во Австрија има регулација, во Германија има регулација, најразлични видови регулации, од социјално домување преку регулација на кирии, сешто, регулации на склучување на договори, во Македонија нема ништо. Македонија е еден див запад за урбанистичката мафија која вас ве храни, буквално ве храни, ви ги храни партиите и ве храни вас лично, вашите семејства живеат од тоа што нашите граѓани не можат да си најдат стан. Вие луксузно летувате, зимувате, што сакате правит,е затоа што нашите млади работници не можат да си земат стан и тука е дикрапанцата која се раѓа заради вашиот, со урбанистичката мафија. Дури што е најпроблематичното во Република Македонија и сакам да се задржиме на ова. Е ајде да кажеме во Македонија некако си успеал да дојдеш до станбен кредит, на 30 години си се задолжил, си земал кредити за учество, значи спремен си да учествуваш во една должничка драма 30 години од твојот живот. И во Македонија тоа не е доволно, не, во Македонија имаме феномен каде што граѓаните кои ги купуваат становите во изградба, немаат никаква заштитеност. Па вие денеска имате граѓани кои чекаат по две, пет години да се вселат во становите за кои веќе плаќаат станбени кредити. И што се дешава тогаш, значи нашите граѓани имаат авансни плаќања, нашите граѓани земаат должнички обврски, плус плаќаат кирии во голем дел од тие случаи каде што имаат станови кои ги чекаат и им се случува на основа на таа финансиска доверба, да чекаат по две до пет години да им се изгради станот. Па, потоа имаме случаи кога ќе се вселат немаат имотен лист, не можат да располагаат со својата приватна сопственост. Инаку вие не, значи како десничари, јас не знам што браните, значи секоја седница по едно разкринкување. Ајде приватна сопственост бе, ајде заштитете нешто во животот во Македонија ако вие е нешто гајле, значи нашите граѓани не можат со својата приватна сопственост да располагаат. Има два аспекти на ова, прво има правна несигурност кај нашите граѓани кои плаќаат станови пред време, потоа не се врши надзор на авансите средства кои инвеститорите ги користат како без каматни кредити си ги префрлуваат на други локации за да градат, па после каснат, вие како Министерство правите нула надзор на тие активности. Последиците се одлив на капитал од граѓаните кои може наместо тоа да се потрошат во реалниот сектор, во продуктивна економија последиците се демографска катастрофа, младите се иселуваат заради ова. Последиците се класна поларизација, вие имате луѓе кои имаат стотици станови и луѓе кои не можат да си го решат овој проблем. Дали вие водите било каква евиденција за предвремените, за становите кои се купуваат пред време. Број на случаи кога тие каснат и е прекршен рокот, имате ли механизам за заштита на граѓаните кои платиле авансно и какви казнени мерки преземате. Какви закони за регулација на роковите и надзор спремате за ова прашање. Има ли Владата анализа за шпекулативна, за влијанијата на шпекулативното купување на станови врз цената на становите. Има многу работи кои можеме да ги направиме, можеме да прекинеме со лагата дека пазарот сам ќе спадне, можеме да воведеме итна законодавна интервенција врз купување на становите пред време, ограничување на кирии, можеме да интервенираме во станбените кредити да се намали каматна стапка, да се воведат кредитни олеснувања. Значи има многу работи кои може да се направат и сега е време тие да се направат.

Моето прашање е, затоа што две години потрошивте за ништо, уште овие две години имате ли п, од план за решавање на кризата со домувањето. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 105-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 јуни 2026 година Заменик министер за транспорт Почитуван претседател. Почитувани пратеници, многу почитувани граѓани, првично му се заблагодарувам на пратеникот на прашањето, ако може така да го именуваме, повеќе беше како коментар. Како министерка за транспорт ви кажувам дека многу сме направиле и секогаш може да се направи подобро, но сме едни од Министерствата кои се со конкретна работа. Значи нашата работа зборува, кај нас гледаме колку со динамика, со голема брзина се реализираат сите проекти кои ќе кажам дека се позначајни за нашата држава, почнувајќи од изградба на Коридорот 8, Коридорот 10, автопатите кои се оставени значи со децении. Развојот на железничката инфраструктура, знаете дека во каква ситуација сме ја нашле од аспект на инфраструктурата, значи ништо не е направено со години, без плати за вработените, без нови авиолинии. Значи ние имаме 20 нови авиолинии, работиме на истиот правец и исто така проектите кое се од локално ниво, значи помагање на општините, секаде на територијата на нашата држава. Мислам дека ако почнеме да зборуваме за проектите кое Министерството за транспорт ги има реализирано со години ќе треба голема елаборација. Во делот, да ви кажам искрено повеќе беше конфузна вашата перцепција дека ние ништо не правиме, не беше конкретно прашање. Истакнавте на почетокот прашањето се адресира до министерот, значи од аспект на домувањето сме направиле многу, секој предлог, секоја идеја е добро дојдена и добрите практики секогаш ќе ги имаме предвид, но мислам дека и од овој аспект внатре во Министерството и внатре во секторите и работните групи гледаме да ги решиме прашањата кои со години се наталожени. Во врска со домувањето имаме предмети кои се со децении и пописот на овие лица не е регулирано и секој предмет е различен. Исто така од аспект на социјалните станови многу набрзо ќе имаме поделба, значи сопственост за многу граѓани кои аплицирале на јавниот оглас, но исто така има и актуелно барање во Свети Николе и Пробиштип. Така да мислам дека за пола мандат мислам дека сме направиле доволно, но ќе имаме и еден план за другата половина на мандатот кои може да ви ја објасниме писмено. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања