О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке, поврзано со второто прашање, капиталните проекти, ребалансот, дилемата дали ќе продолжат со реализација, наративот на опозицијата дека ќе банкротираме итн. Би сакал одговорот да го поделам во два дела. На сите меѓународни настани каде и да одам во делот на мултилатералата па и понекогаш и на билатералните средби со шефови на влади и држави од Европа. Речиси на секоја втора, еве да не речам на секоја средба, ми кажуваат како еден од нашите соседи шири информација да не и помагаме на Македонија финансиски. Да ги скратиме сите фондови како ЕУ затоа што ако и помагаме тие се жилави ќе буткаат напред, а ако нема фондови за нив, нема Европски фондови за таа држава. Тогаш тие ќе бидат приморани да клекнат и да дојдат да молат. И на тој начин ќе го реализираме тоа кое што ќе го реализираме, ќе дојдат пред банкрот. Тоа е тезата која што ја шират еден од нашите соседи, оставам на вас пратениците да заклучите за кој сосед станува збор. И ова е многу опасна теза која што денеска ја шири опозицијата. Тоа е таа теза која што денеска ја шири опозицијата. Но, кој е фактот? Фактот е дека оваа Влада ги сервисира сите обврски преземени од претходната Влада, сите. Не се чека ни ден, и милиметар. Во било која област, дали е тоа во Министерство за внатрешни работи, дали е тоа во одбраната, дали е тоа не знам по кој основ во другите ресори. Еве Министерството за транспорт сега ги префрливме проектот за коридорот 8 и 10Д во јавното претпријатие за државни патишта. Железницата коридорот 8 итн. Вклучително и оние обврски да речеме како солидарниот данок, обврски кои што беа од претходната влада на начин на кој што јавноста следеше практично се земаа пари од компаниите иако тврдевме дека не е уставно, дека ќе имаме проблем. И тоа ние го враќаме. Вклучително и пресуди кои што доаѓаат од европскиот суд за човекови права кои што се 10, 15 години стари. Тоа го враќа исто така оваа Влада. и ние не очајуваме, не кукаме, не држиме прес конференции за делиме вака било, така било. Тоа е нашата обврска и ние тие обврска си ја следиме со сите предизвици со кои што располагаме. И резултатите ги кажавме на почетокот од денешната седница пратенички прашања. кога еден од вашите колеги постави прашање за економијата со бројки кои што ги објавува Меѓународниот монетарен фонд. Каде што јасно се вели за три пати помал долг и три пати пократко време имаме раст на номинален бруто домашен производ за 140 милиона долара повеќе од претходната влада. И тоа е бројки не кој што јас ги кажувам, туку кои што ги кажува Меѓународниот монетарен фонд. Така што далеку е, јас знам дека некој не сака да ја гледа успешна Македонија, не сака да ја гледа консолидирана, не сака да гледа како си ги завршува своите обврски и прави реформи, прва е во европската агенда од испорака во декември. Уште од сега ви најавувам дека и во јуни ќе бидеме први, здравје Боже информацијата ќе стигне таму некаде септември, октомври. Еве уште од сега ви најавувам. Следна цел ќе ни биде во декември да бидеме повторно најдобри. Тоа е нашата цел и ние така функционираме. Да направиме пристојна, убава држава која што нашите потомци оние кои што доаѓаат по нас ќе се гордеат. Затоа треба време, затоа што разорен е ефектот на погрешните политики на претходната Влада. Разорен е, девастирачки, катаклизмичен би рекол, по било кој основ. И за тоа треба време, но приоритет по приоритет визави ресурсите со кои што располагаме ги решаваме тие би рекол недостатоци кои што ги наследивме. И тоа е што е, ние кажавме, еве да речеме спомнав во земјоделието. Најуспешните две години на СДСМ и ДУИ во Владата 2021 и 2023 година, директи плаќања и субвенции и рурален развој, се за 3,5 милијарди денари помалку од овие 2 години на оваа Влада. не ги зборам помалку успешните и не спомнувам дека оставиле плати три да нема во Македонски шуми, да нема во АД Водостопанство три плати итн. И замислете никого не го интересира, нити Обвинителство го интересира, нити сегашното Обвинителство. Зошто овие не исплатиле три плати во Македонски Шуми, зошто некој не е повикан на одговорност. Уште не можам да разберам. И потоа ќе гледате ваши колеги како кажуваат, како требало да биде. А тогаш кога тие имале можност или имале свои кадри во тие институции, тоа не важело тогаш. Но, како и да е. Важно е дека проблемите се решаваат, еден по еден и работиме согласно приоритетите и така ќе продолжиме да работиме. Од тука можам да кажам дека во овој ребаланс на Буџетот, капиталните инвестиции се зголемени од 39 милијарди денари колку што беа предвидени претходно на цели 47 милијарди денари. И тоа се должи токму на тоа вие што го кажувате, реализација на капитални проекти во сите институции. Буквално во сите институции. Од автопатски секции, преку програмата за финансирање на општините. Околу 2,1 околу 2,5 милијарди денари имаме дополнителни обезбедени таму, преку прочистителни станици кои што преку Министерство за животна средина и просторно планирање. Тука се Скопската, Битолската, Тетовската итн., итн. Тоа се се проекти кои што се реализираат и токму тоа е причината за зголемени Буџетски дефицит од 3,5 на 4,1%. Веќе имаме за 7 милијарди денари повеќе капитални инвестиции споредено со тоа што беше претходно. И замислете, нашиот капацитет за реализирање на капитални инвестиции е таков за да ние денеска зголемуваме Буџетски дефицит, не поради субвенции, не поради социјални трансфери, плати, пензии итн. Туку поради капитални инвестиции. нешто што на времето беше не возможно. Затоа што немаше капацитети, немаше проектен менаџмент. Сега кога конечно имаме капацитет после две години, кога имаме проектен менаџмент ние велиме дека состојбата е таква каква што е. И дека во таа состојба ние сме обвинети дека сме го зголемиле замислете Буџетскиот дефицит. А структурата е таа. Да имаме 7 милијарди денари зголемени социјални трансфери па да речеме, да овие ги трошат безмилосно парите и заради тоа Буџетскиот дефицит е таков каков што е. ама не е така. И тоа во услови на криза, во услови кога 2 месеци ние имавме намалено ДДВ кога имавме повеќе од 3 месеци намалени акцизи, во услови на нај големата енергетска криза која што човештвото ја памети. И повторно ние во овој ребаланс на Буџетот немаме никаков проблем да обезбедиме средства, да обезбедиме проектен менаџмент и да ги реализираме тие капитални инвестиции. до каде сме со капиталните инвестиции. Јас очекувам, еве најдоцна октомври месец, веќе да ја користиме делницата од Извор Кичевски до Врбајни, каде ќе се поврземе со веќе пуштената делница. Еве да речеме еден месец нека биде пролонгирањето максимум ноември. Значи октомври, ноември. Таму негде првиот квартал од следната година да можеме сите да ја возиме делницата од Кичево до Охрид, целосно да ја возиме да биде целосно функционална таа делница. Во првата половина од следната година да можеме да ги возиме првите десет километри од автопатот Прилеп – Битола. Да напредува жестоко реализацијата на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани. И да отпочнат до крајот на годината градежните работи на автопатот Букојчани поврзување со така наречениот автопат Кичево – Охрид или кинескиот автопат. Во август месец почнуваме со Блаце – Скопје, завршена е работата, градежната компанија Гранит, доби после не знам колку децении Македонска градежна компанија добива да гради автопат во Македонија финансиран од Европски заемодаватели. Жестока борба беше тоа, жестока борба да се добие. Не беше и таму едноставно и лесно. Но, успеавме ја добивме. И уште многу друго проекти. Така да ребалансот ќе биде добар. Дополнителен одговор: Благодарам претседателе. Како што и кажав, сите капитални инвестиции, сите капитални проекти ќе бидат завршени. Јас сега почнав во транспортот да ги редам дополнување на ова е делницата на ова којашто треба да ги поврзе конечно Кочани преку Виница со Делечево. Нешто што кое почнува како проект. потоа тука е делницата од експресниот пат Радовиш – Струмица која што почнува како проект и како физибилити студија. Проширување на постојниот, но истовремено и реализација на повеќе од 2 милијарди денари, мислам дека беа 2,1 милијарда. На сите оние проекти кој што се од ние така нарекуваме АА програмата. Тоа се во суштина оние проекти кои што Владата ги финансираше, а се со цел да им помогнат на единиците на локалната самоуправа, односно на општините. Со овие 2,1 милијарда денари од прилика се заокружува во моментот потребата да оваа година ние ги до завршиме почнатите проекти, тоа се десетици градинки училишта, спортски сали, улици, булевари, спортски игралишта. Зборуваме за капитална, до капитална инвестиција. Тоа е суштината и тука немаме никакво кратење. Дополнително имаме зголемување на Буџетот во делот на отплата на обврските како капитални кои што ги има Министерството за одбрана. Кое што мислам дека веќе ракетите Мистрал стигнаа. Фракерите се исплатени, сега продолжуваме да ги исплаќаме хеликоптерите. Така да што тука се завршуваат сите тие обврски кои што се горе, доле преземени од претходната Влада. модернизацијата на Министерство за внатрешни работи и тие имаат исто така капитални инвестиции кои што се многу важни. Во овие капитални инвестиции ги имаме тековната употреба, односно снабдување на здравствените институции во државата. Една веќе пуштивме, таа е во Струмица, веќе имавме таму проект 40 години, имавме промоција 40 години проект кој што стоеше во место буквално не се поместуваше. Сега би рекол е еден модерен здравствен објект кои што ќе треба да се до снабдува со опрема. И тоа е капитална инвестиција, за да можеме да ја до снабдиме. Имаме супер модерен компјутерски томограф кој што драматично ќе го олесни снимањето и дијагностиката на жителите на тој регион, зборуваме за 200 илјади луѓе кои што генерално се во периметарот на општина Струмица и општините кои конвердираат во тој периметар, така што сето ова кога ќе се изанализира, доаѓаме до една состојба во која што реализацијата на сите овие капитални инвестиции очекуваме да ни обезбеди еден пристоен раст на Бруто домашниот производ. Во првите три месеци во годината, во првиот квартал, растот е 3,1%, сезонски нивелираниот или усогласениот би рекол е 3,3% и е во првите пет во Европа. Повеќе имаат во случајов од Бруто домашниот производ, да не се разбереме погрешно, бидејќи повторно ќе има и такви кои ќе се обидуваат да не исмејуваат, прва е Данска во случајот, потоа тука е Кипар, тука е и Полска и некаде од прилика ние сме тука на четвртото место по сезонски усогласениот од 3,3%. Така што цениме дека на овој начин обезбедуваме можности за уште поголем раст на Буто домашниот производ во вториот, третиот и во четвртиот квартал од годината. Јас сум убеден дека кога сите овие инвестиции ќе го добијат својот пик, а веќе го добиваат својот пик, и 4% во услови кога Европскиот бруто домашен производ е со 0,8 и 0,6 стапка, која што е најголем наш трговски партнер, и 4% раст на годишно ниво, ќе претставува нешто навистина исклучително добро, но не е невозможно. Кога сето ова како сега што го зборуваме ќе се реализира, а ќе се реализира и веќе се реализира, тогаш сите овие состојби за кои што зборуваме, еве, вие споменавте за прв пат од Калиманци до Лозово имаме вода, имаме во каналите вода после не знам колку време. Немаме би рекол рестрикции, немаме ниви кои што остануваат ненаводенети, буквално кога ќе ја заобиколите државата и акумулациите ќе видите дека конечно ја стабилизиравме после две години. А, имајте предвид дека почнавме од 7% за да дојдеме до сегашните 80-90-100%. Да речеме, Калиманци како брана е мислам некаде 95 до 98 од прилика така варира и тоа зборуваме на крајот од јуни месец. Значи, сезоната за наводнување уште месец, два ќе трае и тука завршуваме. Така што сето тоа кое што го правевме изминативе две години беше консолидирање, стабилизирање, за да можеме да почнеме да ја градиме состојбата напред. Јас сум убеден дека со реализацијата на овој ребаланс или можеби уште еден или две помали, пократки прераспределби до крајот на годината, ние ќе се движиме со годишна стапка на раст од 3,5 до 4%. И како што тоа го направивме во 24-та и во 25-та година, ќе ги демантираме проекциите на сите меѓународни финансиски институции, кои што не ни предвидуваа дури ни 3% раст, навикнати и повикувајќи се на искуството од минатото, имајќи ја таа институционална меморија, но имаме работа сега со амбициозни луѓе, кои сакаат да реализираат проект повеќе. И навистина, беше многу тешко да се состави овој пат овој ребаланс од проста причина што секое министерство, секоја институција бараше дополнителни средства за да ги до реализира отпочнатите капитални инвестиции. Буквално на секое ниво ова е чувството дека се случува. Така што, еве, јас можам само од страна да ги анализирам и да ги коментирам работите, онаму каде што е потребно поддршка, да помагаме, но важно е дека што поскоро и побргу се заврши со ребалансот, толку побргу ќе се обезбедат тие средства за да можат да се финансираат овие проекти. Благодарам.