Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петровска праша за платите во одбраната и средствата за пожарникари

Резиме

Славјанка Петровска праша зошто, според неа, основните плати во Министерството за одбрана не се зголемени две години, додека во ребалансот се намалуваат средствата за плати и надоместоци, а се зголемуваат за договорни услуги. Таа праша и за намалувањето на ставката за дотации кон општините поврзани со пожарникарите, наведувајќи дека тоа може да влијае врз нивниот број или исплатите.

Во одговорот се побара од Петровска да ги спореди платите во периодот кога таа била министерка со сегашните. Одговорот најави зголемување на платите во армијата од следната година, ако биде зголемен буџетот, и ја припиша заслугата за тоа на премиерот и коалицијата. Одговорот не се осврна конкретно на прашањето за средствата поврзани со пожарникарите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Славјанка Петровска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање од кое бегате е. Зошто две години во Министерството за одбрана платите не се поместени. Зборувам за основната плата и не само што не се поместени, оваа година во Ребалансот барем тој што го добивме ние, не знам дали сте консултиран во делот на Министерството за одбрана, на ставката за плата и надоместоци се намалува за повеќе од 10 милиони денари. За сметка на тоа, ставката за договорни услуги се зголемува за повеќе од 40 милиони денари. Сега што ви е приоритет, договорните услуги или стандардот на вработените во Министерството за одбрана и армијата? И уште што е уште пострашно во време на сезона, ова ви беше една од најголемите пофалби, вие лично исто така од говорница кажана, за тоа колку сте ги зголемиле дотациите кон општините, а се поврзани со пожарникарите и таа ставка ви ја кратат, од 1 милијарда на 770 милиони, 230 милиони денари. Што значи тоа? Го намалувате бројот на пожарникари, го намалувате бројот на исплата во време на веќе почната сезона на пожари.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за одбрана

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Третото прашање беше за платите ако не лажам, не се лажам. Да видиме колку има разлика од кога вие бевте министерка. Колку добиваа сите вработени и колку земаат сега и вработените и сите во армијата. Еве, ве замолувам проверете. Да видите колку е разликата кога сте биле вие министерка, и колку е разликата сега. И, направете споредба сами. Е, сега не ви се допадна што ви кажав дека од следната година ќе се зголемува платат. Па, поздравете го. Ајде, излезете и поздравете, па е по колективен се. Во се изгледа. Но, тоа не е моја заслуга, заслуга на овие луѓе тука, на сите вас ако изгласате зголемен Буџет, а оваа заслуга е на премиерот бидејќи одвојува од други институции за во НАТО да покажеме над 2%, и сега вие велите постојано некое планирање. Искрено, не знаете, апсолутно не знаете. Вие за да ги планирате сите овие години наредни вие треба да имате простор во Буџетот за различни намени. Сега кажувате дека повторно и повторно дека не бил заглавен Буџетот. Во избори направивте договор. Дали е така. Кога се променуваше планот. Планот за да го дадете на народот за да направите договор. Кога исплаќавте. Не, сега ве прашувам. Заглавен е Буџетот. Како вие сакате ако вие дадете толку тие ставки и ги промените во друго да расте платата. Следната година сте оставиле плус можност да порасне Буџетот. Многу е лесно, плус и плус. Еве, од тука ви велам уште еднаш. Благодарение на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата следната година армијата ќе има поголеми плати. Се надевам дека сте задоволни. Благодарам.

Сите пратенички прашања