Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче праша за преименување на улици поврзани со поранешна Југославија

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша премиерот дали Владата има стратегија за преименување на улици и јавни институции што, според него, носат имиња поврзани со поранешна Југославија, какви мерки би презела и во кој рок. Тој ја доведе во прашање усогласеноста на таквите имиња со владините ставови за националниот идентитет и европската ориентација.

Премиерот одговори дека поддржува преиспитување на таквите имиња, но рече дека Владата во моментов е фокусирана на други проблеми. Посочи дека процесот треба да започне од општините и нивните совети, а Владата ќе разгледа предлози што ќе ги добие од локалната самоуправа. Додаде дека разговарал со коалициските партнери за именување улици што немаат име или број, со називи што ќе го одразуваат мултиетничкиот карактер на општините и историските стремежи за независна Македонија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван премиер, почитувани министри, пратеници. Имам едно прашање упатено до господинот Мицкоски, до премиерот. Ќе го прочитам затоа што, ми е подготвено за да не заборавам нешто, да се збунам. Господине премиер, Владата што вие ја водите честопати говори за реформи, модернизација значи од минатото да се оддалечи. Меѓутоа во многу општини продолжуваат да се менуваат улици со имиња кои што се директно поврзани со комунистичкиот и југословенскиот систем. На пример, и денес може да се најдат именувања како ЈНА, Југословенска Народна Армија. Кои што претставуваат симболи на еден систем кој што не постои повеќе од 3 децении, колку што ми е мене познато, во мојот град, главниот пат, главната улица во градот што го поврзува центарот со главниот булевар се уште се нарекува ЈНА. Имаме такви случаи многу. затоа, моето прашање господине премиер. Дали Владата има стратегија или конкретен план за де југославизација. Ќе повторам, значи де југославизација на јавниот простор односно за повторно ревидирање на именувањата на улиците, јавните институции кои што се уште ги носат имињата на симболите наследени од поранешниот поранешниот југословенски систем. Ако да, кои се конкретните мерки што планирате да ги преземете и во кој временски период. Да не заборавиме, поминати се 35, 36 години од независноста и се уште продолжуваат овие именувања всушност ниту една Влада нема преземено ниту една мерка иако имале, настојувале да преземат, немало ефикасност, немало резултати. Како го објаснувате фактот што Владата промовира наративи за заштита на националниот идентитет и за разделување од наследството од минатото, а во меѓувреме во многу градови се чуваат се уште имиња што ги глорификуваат симболите од поранешна Југославија.

Дали зарем ова не е двоен стандард во сооднос со историјата на нашата држава. Ако Владата смета дека државата треба да се, всушност да се раздели од тие идеологии од минатото. Дали цените дека е прифатлво и дека и денес да постојат такви улици и јавни објекти, со именување кои што се директно поврзани со институциите и симболите од поранешна Југославија. Доколку не. Кои конкретни мерки ќе се преземат за усогласување на јавниот простор со демократските вредности и европската ориентација на државата. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Халил Снопче, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам претседателе. Почитуван пратеник Халил Снопче, благодарам на прашањето. Апсолутно како човек и како политичар сум за именување на плоштади, улици, булевари, автопати, експресни патишта и т.н. кои што ќе одговараат на денешната реалност. И, апсолутно ниту сум југо носталгичар, ниту па имам намера да бидам југо носталгичар. Но, имаме други приоритети и како Влада се фокусирани на решавање на други проблеми кои што за жал во општеството ги има многу, мислам ги има многу затоа што, сме ги наследиле најголемиот дел од нив, би рекол сите. И, претпоставувам дека заедно со општините и со едниците на локална самоуправа ќе седнеме и ќе изнајдеме начин како сето ова да се надмине како појава. Инаку процесот е Граф суд односно треба да почне од општините, советите па дури потоа доаѓа кај Владата. Инаку како Влада и како политичка партија чиј што сум претседател имаме разговарано со нашите коалициони партнери за оние улици каде што, кој што се без број односно немаат број, кои што немаат име или пак бројка. Да добијат имиња на луѓе, на личности или случувања во минатото кои што ја одразуваат многу вековната борба на македонскиот народ и на граѓаните во Македонија за независна Македонија. Истовремено, ќе го претставуваат и мултиетничкиот карактер во одредени општини каде што тој мултиетнички карактер е реалност. Така што, апсолутно еве јас како претседател на Влада ќе поддржам било каква де југословенизација како што вие ја нарековте на таков тип на топоними и немам никаков тука проблем и апсолутно кога ќе дојде време, кога ќе добиеме таков предлог од страна на единиците на локална самоуправа, на општините. Ние ќе го разгледаме и ќе го дадеме нашиот став.

А, што се однесува до политички договор, сега зборувам не како претседател на Влада туку зборувам како претседател на ВМРО - ДПМНЕ. Најголемата политичка партија, апсолутно со нашите коалициони партнери сме разговарале, улиците кои што немаат број или имаат број да добијат имиња кои што ќе го одразуваат прво, мултиетничкиот карактер на тие општини. А, второ тие имиња да соодветуваат на тие личности и настани од минатото кои што практично се додадена вредност и го одразуваат многувековниот стремеж на македонскиот народ и на нашите сограѓани за создавање на независноста, суверена и демократска Македонија. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања