Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Филипче ја критикува Владата, премиерот возвраќа со споредбени податоци

Резиме

Венко Филипче ја обвини Владата дека не ги исполнила ветувањата за животниот стандард, платите, инфлацијата, задолжувањето, земјоделството и европските реформи. Тој праша кој е одговорен за неисполнетите ветувања и дали премиерот ќе признае дека Владата потфрлила.

Премиерот ги оспори критиките со споредби за јавниот долг и растот на БДП, поддршката за земјоделството и инфлацијата, а за европскиот пат рече дека постои проблем што Владата се обидува да го реши. На прашањето за вината, тој иронично рече дека е виновен затоа што поранешни функционери, според него, сè уште уживаат на јахти наместо да одговараат пред правдата. Потоа вети дека граѓаните нема повеќе да гледаат такви слики; не ја презеде вината за неисполнување на владините ветувања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Венко Филипче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам почитуван претседател на Собранието, пратеници, премиере и министри. Имам едно прашање за претседателот на Владата. Премиере кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувате се и сешто. Ветувате повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе странски инвестиции, помал буџетски дефицит, умерено задолжување, поддршка на земјоделците, иднина за младите, правда, реформи и европски напредок. И во вашата програма 1198 и во вашето експозе тука кога ја формиравте Владата, едноставно ветувавте мед и млеко. И сега помина половина од мандатот, две години, а денес вистината е сурова. Ниту една од овие ветувања не испорачавте, граѓаните не добија подобар живот, не добија повисок стандард, не добија функционални институции, не добија правда и не добија европска иднина. Што добија? Поскап живот, празни паричници, празни фрижидери, презадолжена држава, партизирана институции, тендери, лаги и изолација. Ни 10% од ветеното во програмата нема исполнето, само лаги, изолација и партиски тендери. Очигледно тоа бил бројот 1198 и ништо друго. Ветивте подобар животен стандард, животниот стандард е намален, сиромаштијата е зголемена. На едно четири члено семејство му се потребни најмалку 70 илјади денари за да го протурка месецот и тоа за најосновните работи. Кога таа потрошувачка кошничка малку ви се прошири онака како што реално е, потребни се меѓу 80 и 90 илјади денари. Ова не го исполнивте. Ветивте поголеми плати, а македонските работници сега имаат најниски плати во Европа. Три минимални плати едвај ги покриваат основните трошоци за живот и ова не го исполнивте. Нема 600 евра минимална плата, не само што нема, не сакате да слушнете да дискутирате за тоа. Ветивте инфлација од 2,5%, а таа е сега 4,8, речиси двојно повисока од вашето ветување и од европскиот просек. Буџетот е пред колапс. Нема пари за ништо. Ветивте намален дефицит, а целокупниот годинешен буџетски дефицит веќе е потрошен и сега дополнително најавувате зголемување нови 100 милиони евра. Има инфлација од 4,85, нема намалување на расходите, нема намалување на трошоците за луксуз на Владата. Ветивте одржлив јавен долг, а што е вистината. За две години ја заглавивте државата со нов дополнителен долг од 2 и пол милијарди евра. Јавниот долг сега изнесува близу 11 милијарди евра и тоа ветување не го исполнивте. Ќе кажете, враќавме стари долгови, па ако сте враќале стари долгови, тогаш долгот најмалку треба да е ист, а не поголем. Нов долг од 2 и пол милијарди евра, а нема пари за плата на работниците, нема пари за мерки за граѓаните и нема пари за земјоделците. Па се поставува прашањето каде завршија милијардите од задолжувањето. Ветивте зголемени странски инвестиции, а имаме историски пад на странските инвестиции, две третини, 60% се намалени, уште едно неисполнето ветување. Ветивте по вашата програма зелена карта за побрз поврат на ДДВ. А државата должи близу 300 милиони евра на компаниите посебно на поврат на ДДВ, нивната ликвидност е доведена во прашање. Ветивте поддршка за земјоделците, гарантиран откуп, гарантирани соодветни откупни цени, 180 милиони евра поддршка и користење на фондовите. Што се случи? Не само што нема дополнителни пари, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, тие истовремено доцнат, земјоделците нема каде да го пласираат својот производ. Откупувачите ги манипулираат, а Владата по тоа прашање молчи. Откупот кај малите земјоделци е паднат за 46,2%, скратени се парите од ИПАРД, целата јавност знае зошто е тоа така. Ветивте иднина за младите, 70 илјади нови работни места, намалување на иселувањето, а сега најавувате замена на нашите млади иселени со млади од други, од трети земји, подобар стандард, поддршка во образованието, домување и претприемништво. Ама буквално ништо нема за младите од земјата. Секој трет човек планира да ја напушти државата, не затоа што не ја сака Македонија, туку затоа што не гледа можност тука да живее и да напредува. Ветивте правда, одговорност, борба против непотизам, расчистување со судир на интереси, искоренување на корупцијата. Што добија граѓаните? Партизација и непотизам во буквално сите институции. судство и обвинителство под директна политичка контрола, давате и делите насоки од собраниската говорница, нема правда, нема буквално никакви реформи. Ветивте европски напредок, максимални напори за Европа, реформи целосно усогласување со европското законодавство. А денес, европскиот пат е заглавен, реформи нема, го бркате да го фатите грејс периодот од година дена кои што го даде дополнително Европа. Земјата ја туркате во изолација. Е ова е резултат од вашата власт премеире. Една голема нула, нула за реформи, за зголемување на платите, за мерки за младите, за поддршка на земјоделците, нула за европскиот пат. И сега моето прашање е просто, едноставно, кој е крив за овие неисполнети ветувања. Кој е крив премиере за овие две изгубени години. Пола мандат помина, ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните отворено, искрено дека потфрливте и дека ништо од овие ветувања не исполнивте. И ве молам не барајте повторно виновник, немојте да сум виновник јас или Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Претседателе благодарам. Би сакал пред да го дадам конечниот одговор кој е виновен, ќе се обидам да дадам одговор на неколку тези кои што пратеникот Венко Филипче ги изнесе. Мислам во ред е вашата кампања која што ја водете од партиската говорница. Во ред што ги цензурирате коментарите на социјалните медиуми, во ред што ви поставуваат прашања нарачани, а на тие кои што се објективни не одговарате од партиската говорница. Но овдека ќе мора да ги слушнете факти и бројки. А тие се следни. Кога веќе зборувате за јавниот долг, имате какви такви економисти околу вас, ќе ви дадат одговор што значи зголемување на јавен долг, но истовремено и што значи на зголемување на номинален Бруто домашен производ. Јас ќе се обидам да ви објаснам. Време на СДСМ, 1 јануари 2018-та година, 31 декември 2023-та година. Јавниот долг од 4,78 милијарди евра зголемен на 8,47 милијарда евра или нето износ 3,69 милијарди евра. Влада на ВМРО ДПМНЕ која што јас ја предводам за две години, еве како што вие велите од 9 милијарди 619, нека се 11 милијарди евра како што вие велите. Тоа е 1,381, односно 1,381 милион, отприлика некаде 2,8, три пати помалку од тоа што вие сте ја задолжиле. Номиналниот Бруто домашен производ Влада на СДСМ од 11,34 милијарди на 15,86 милијарди или 4,52 милијарди долари, не го зборам јас, тоа го зборува меѓународниот монетарен фонд. Влада, оваа која што јас ја предводам номиналниот Бруто домашен производ од 16,95 милијарди долари на 21,61 милијарди долари, не го велам јас, тоа го вели меѓународен монетарен фонд или 4,66 милијарди. Што би значело ова?

Вие сте ја задолжиле државата со 3,69 милијарди евра, а сте успеале номиналниот Бруто домашен производ да го покачите за 4,52 милијарди долари. Ние, оваа Влада успеала да го зголеми долгот за 1,381 милијарди евра, а го зголемила номиналниот Бруто домашен производ за 4,66 милијарди долари или за цели 140 милиони долари повеќе за две години, отколку вие за шест години, при тоа јавниот долг е зголемен, односно зголемен е речиси 3 пати помалку од тоа што вие сте го правеле за тие шест години. Ова се бројки и ова не го вели Христијан Мицкоски и ова не го вели оваа Влада, ова го вели СДСМ, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, за 140 милиони долари поголем Бруто домашен производ во номинални параметри. Тоа се бројки, вие ќе си ги кажете од вашата партиска говорница тоа што ви го напишале вашите експерти. Но, јас ви кажувам тоа што се бројки кои што ги кажува меѓународниот монетарен фонд. Ајде за земјоделие, најуспешните две години на вашата Влада, ќе ги земам најуспешните две години, тоа се 21-ва и 23-та, кога сте дале најмногу пари преку директни плаќања во земјоделието и рурален развој. Кога ќе ги соберете овие, овие две години најуспешни, не ги зборувам помалку успешните, да речеме 17- та, 19-та, 20-та и така натаму, најуспешните ваши две години, 21-ва и 23-та година пред изборна година, за 3 милијарди денари, за 50 милиони евра сте дале помалку кај земјоделците од тоа што направила оваа Влада за две години, односно вие вкупно сте дале отприлика околу 17 милијарди денари, за тие две години најуспешните зборувам, а оваа Влада 20,5 милијарди денари, за 3 и пол милијарди денари повеќе, скоро 60 милиони евра за две години. Не знаеме како ќе бидат следните 8 или 10 на оваа Влада, но овие кои што сте ги имале две најуспешни години во тие 7, се такви како што се, тоа е разликата. Одиме сега понатаму, споменавте за инфлацијата, историски најголемата енергетска криза во светот, не го зборам јас, тоа го зборува првиот човек на Светската енергетската агенција господинот Фатих Бирол. Вели, интензитетот и последиците од оваа енергетска криза ќе бидат поголеми и поразорни од тоа што двете енергетски кризи во 70-тите години од минатиот век заедно и на тоа кога ќе го додадеме 2022-ра, односно почетокот на руската агресија врз Украина и сето тоа заедно трите, имаат помал ефект отколку што има оваа енергетска криза, такви се бројките. Почнува војната во Украина, 18, 20, 25% инфлација во Македонија ваша Влада, оваа Влада во историски најголемата светска енергетска криза, 4,5% просек во првите пет месеци од годината, 4,5%. Во месец мај 4,8% понизок од Грција, понизок од Бугарија, понизок од Романија, понизок од Косово, понизок од Босна и Херцеговина, понизок од Хрватска. Да, нешто повисок од Албанија и Србија. Ние мораме да се споредуваме со регионот, ние не можеме да се споредуваме со нешто кое што ни е замислено на нас, ние мораме мораме да се споредуваме со регионот. Февруари месец под 3%, 2,8 беше инфлацијата пред да се случи војната во заливот, тоа се бројки, јас ова не го зборувам, погледне те го Еуростат, тоа не го зборува Христијан, ова го зборува Еуростат. Во ваше време 18, 19, 20, 5% беше инфлацијата во 2022-ра година, тоа се бројки и факти. Одиме сега понатаму, зборувате за Европа, се сложувам со вас, имаме проблем и се обидуваме од петни жили да го решиме проблемот и покрај тоа што имаме квислинзи дома, кои што се обидуваа од внатре да ги нарушат позициите на оваа Влада и кога тоа го гледа спротивставената страна, логично е да рече па кога ги има оние квислинзи таму кај нив, што има ние да се мачиме со овие. Но и тие квислинзи на грб и сето тоа што претходната Влада ни го остави овдека како наследство на грб, како многу пати во историјата, така и овој пат ќе победиме. Еве јас ви го тврдам тоа, дали сега, дали за година, за 10, не знам, но ќе победиме. Затоа што, секогаш во историјата овој народ победувал. Сите непријатели, сите квинснези, сите кодоши и предавници ги победуваме. Историски кажано, историски кажано. Од Коте па наваму, сите тие завршиле неславно. За жал имаме многу котиња денеска, имаме многу котиња, само не се од таму од каде што бил Коте туку се за жал од градови во денешна Македонија. Кои што се што прави оваа Влада се обидуваат да го урнат. Одиме понатаму, можам уште многу факти да ви кажувам за ЕУ но, ова беше суштината. Велите секој трет човек планира да ја напушти. Знаете зошто планира. Затоа што, ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што, гледа таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор, и да дадат одговор. Зошто се таму. Е, затоа се разочарани луѓето. Кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што, правдата дошла. И, последно и тука ќе завршам. Кој е виновен. Јас признавам дека сум виновен. Тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така, еве ви ветувам. Ви ветувам, ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани, да гледаат слики како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете, тоа е желбата на народот. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања