Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за задолжителна употреба на албанскиот јазик на Струшките вечери

Резиме

Арбана Пашоли праша дали Министерството ќе воведе задолжителен институционален стандард за употреба на албанскиот јазик во промотивните материјали, службените комуникации и церемониите на Струшките вечери на поезијата, како и дали ќе бара одговорност од раководителите за пропустот што го посочи. Таа оцени дека изоставувањето се повторувало и дека недостигот на време не е убедливо оправдување.

Министерот одговори дека на отворањето говорите на претседателката и министерот, како и одредени поезии, биле преведени на албански, а еден поет настапил на тој јазик. Тој ја опиша манифестацијата како фестивал за поддршка и промоција на македонскиот јазик и рече дека стандардна практика е превод на светски јазици. Во одговорот не се осврна конкретно на барањето за задолжителен стандард или одговорност.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине министер, Струшките вечери на поезијата не се само културен фестивал тие се поетска манифестација со светски престиж и еден од најстарите меѓународни фестивали на поезијата. Основани во 1961 година, претворени во меѓународен фестивал во 1966 година и за повеќе од 6 децении Струга била точка на поаѓање во светската карта на книжевноста. На оваа сцена се наградени некои од најголемите поети во наше време, а и илјадници творци од сите континенти ја виделе Струга како место каде што поезијата обденува култура, јазици и народи. И, затоа Струшките вечери на поезијата не се само гордост на Струга или на Северна Македонија тие се културниот пасош на нашата држава пред светот и токму затоа стандардот кој што треба да го застапуваат не треба да биде минимален туку примерен. За жал оваа година јавноста не говореше за поезијата, ниту за лауреатите ниту пак за уметничките вредности на фестивалот. Дебатата се помести во отсуството на албанскиот јазик во промотивните материјали. Образложението на директорот е дека ова се случи поради отсуство или немање на време не е убедливо. Во една институција со над 6 децении традиција, почитувањето на службениот јазик не може да зависи од времето туку треба да биде институционален стандард. И, ова не е изолиран случај. Во 2014 година имаше реакции за немањето на албанскиот јазик при организирањето и материјалите на фестивалот, во 2018 година тие критики се повторија, во 2024 година повторно се вратија со забелешки за непостоењето на албанскиот јазик во официјалниот дел на фестивалот. Значи, не се работи за единствена грешка туку за проблем што се повторува. Сепак, историјата на самиот фестивал потврдува и докажува дека тоа постои. Во 2019 година, имаше позитивност, церемонијата се одвиваше и на албанскиот јазик имаше и толкување и двојазична комуникација. Ова докажа дека кога постои институционална волја меѓутоа да не заборавиме дека институционалната волја се заснова на Закон и Устав. Албанскиот јазик се почитува и опфаќа без тешкотии. Затоа не можеме да прифатиме дека после вакви позитивни примери повторно се ќе се вратиме на образложенијата дека немало време. Времето не отсуствува, туку фали еден обврзувачки задолжителен стандард кој што никој нема да може да го запостави. Културата е најсилниот начин на соживот и парадоксално е што на еден фестивал кој што е симбол на дијалог меѓу култури и народи да биде цел на дебата исклучувањето на службениот јазик. Затоа, прашувам. Дали ќе преземете мерки употребата на албанскиот јазик во сите промотивни материјали, службени комуникации и церемонии на Струшките вечери на поезијата да станат задолжителен институционален стандард. Со цел оваа дебата да не се повтори повеќе и дали ќе барате одговорност од раководителите на фестивалот за овој пропуст имајќи во предвид дека самата институција има потврдено и докажано во 2018 година, дека ова е целосно остварливо кога постои институционална волја.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам претседателе. Благодарам пратеничке на прашањето. Кога зборувате за едно од најголемите светски поетски манифестации не само во државата значи зборуваме за светот со толкава големина. Редно е да ве прашам. Бевте на манифестацијата. Сношти беше отворањето. Да, сте немале покана, добро. Но, ако сте сакале ќе сте можеле да дојдете бидејќи и без покана се доаѓа на фестивалите. Не мора да ја имате таа привилегија, да имате покана за да дојдете. Ако нешто сакате и за нешто се заинтересирани слободно ќе си дојдете, можете да си купите билет или можете да си обезбедите на било кој начин. И, да дојдете на отворањето на Струшки вечери на поезијата каде ќе видите дека говорот на претседателката на државата и говорот на министерот за култура и одредени поезии беа и на албански јазик, преведени. Ама, тоа не можете да го видите. Затоа што, вашата суштина, вашата тенденција е се што е добро во државата не да го гледате како суштина, како историја, како култура, традиција. Туку суштината е да го гледате на национална основа. На етничка основа. Да си се гледате себе си како проценти. Вие не сфаќате. Знаете историјата која е на Струшки вечери на поезијата. Знаете зошто е создадена оваа манифестација. Ма, не знаете затоа што, и не ме слушате моментално и никогаш нема да научите зошто е создадена оваа манифестација. Да го заштити македонскиот јазик и да го промовира во целиот свет. Е, тоа кога ќе го разберете, тогаш ќе престанете да зборувате за проценти, за дали имало превод или немало превод. Значи, тоа е светска манифестација за поддршка на македонскиот јазик. И, превод треба да има на англиски јазик. За да не разбере целиот свет. Дали понатаму ќе има и на албански и на турски, на српски, на влашки, на француски или не знам како. Воопшто не е важно. Важно е дека оваа манифестација постои заради тие причини. А, Струшките вечери на поезијата е признат фестивал со македонски идентитет и тоа треба еднаш за секогаш да ви биде јасно и стандардна практика е да се преведува на светските јазици. Затоа што, таму не ни доаѓаат само од одредени места, ни доаѓаат од целиот свет. Но, ако имавте можност да присуствувате, како што не сте сакале. Ќе приметивте уште една работа пратеничке. А, тоа е дека еден поет од Македонија својата поезија ја кажа на албански јазик. Што мислите за тоа, еве одговорете ми. Знам дека не ме слушате и не ве интересира и никогаш нема да ве интересира. Но, еве кажете ми, што ќе кажете за тоа што еден поет кој што рекоа доаѓа од Македонија излезе и својата поезија ја кажа на албански јазик и доби аплауз. Ама, таа информација ја немате затоа што, вас не е интересира ова. Вас ве интересира да си излезете како што 20 години наназад сте го правеле. Процентче колку ќе бидете Албанците. Престанете да се гледате како проценти. Престанете да го правите тоа. Не е добро. Не е добро. Излезете, поддржете ја културата, зборувајте за убавините во Македонија, за убавата култура, а не да се гледате само како процентче. Затоа ги изгубивте изборите и затоа ви се случува тоа што ви се случува во овие две години. Мислам дека доволно ви одговорив и мислам дека ќе бидете задоволни од мојот одговор. Благодарам.

Сите пратенички прашања