О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Пеце Милевски, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Благодарам. Второто прашање беше поврзано со реформската агенда и испораката која што досега е завршена и која што со јунскиот извештај треба да биде завршена. Тука мислам дека, да не речам сум сигурен, почитуван пратеник Милевски, дека апсолутно ќе влеземе повторно како прво пласирани во јунското мерење, односно најголема испорака да имаме на реформи и исполнети чекори кои што се дел од реформската агенда. Мислам дека има последни нивелирања на одредени законски решенија и индикатори кои што денеска на владина седница, он лајн, после овие пратенички прашања ги завршуваме. Утре вие имате седница во Парламентот и цениме дека на тој начин ќе имаме меко приземјување со овој јунски циклус. Веќе следната недела имаме брифинг со евроамбасадорите во државата, каде што и нив ќе ги избрифираме, што беше опфатено во оваа група на индикатори кои што се испорачани, завршен и ќе бидат испратени до Брисел. Морам да се заблагодарам на сите институции и колеги од Владата кои што, како што и вие рековте, и во денови, кои што условно кажано би требало да се неработни, сабота, недела, празник, работевме. Да се заблагодарам на господинот Копан од Европската комисија со неговиот тим кој што често пати беше со нас во овие процеси. Да се заблагодарам на пратениците кои што не следат континуирано кога станува збор за испораката на реформи индикатори. Се надевам дека денеска ќе се надминат сите предизвици и конечно Изборниот законик ќе се најде на утрешната седница овдека во Парламентот, бидејќи и тој ни е важен, тој чекор е важен, треба да се заврши до јуни. Така што, еве, како пратенички групи, пратеници, пратеници, би замолил за конструктивност денеска за да можеме утре Изборниот законик да го поминеме и да го завршиме истиот. Очекувам дека со неговото практично завршување, дека и тој дел ќе биде завршен. Така што, покрај сите останати индикатори, ќе го завршиме и Изборниот законик и ќе можеме понатаму да се движиме во процесите кои што следат, со прифатени, се разбира, препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Исто така ќе ми дозволите да ве информирам како пратеници, дека практично 3 држави кои што се дел од Западен Балкан 6 групата. Немаат искористено средства од реформската агенда. Односно, дел од тие средства остануваат во еден пул кои што останатите три држави ќе ги користат. Не официјално во една не формална дискусија во еден не формален амбиент. Информирани сме дека и ние ќе имаме топап, односно ќе имаме зголемување на тој Буџет поради испорака што ја правиме со реформите. Но, тоа би требало конечно да се донесе како одлука на почетокот на јули месец. И тоа е уште едно признание за напорите на Владата во делот на испораката за реформската агенда. Јас сум убеден дека тоа ќе се случи, да не речам сум сигурен. И на тој начин ќе обезбедиме дополнителни средства и за ликвидност на Буџетот, но и за средства за реализирање на програмите. Бидјеќи добро е да се информирани пратениците, но и Македонската јавност дека тие средства кои што се определени со реформската агенда во нашиот случај 750 милиони евра. Тоа не се средства кои што некој ги има во џеб и на нас како испорачуваме ни ги дава. Туку тие се поделени од прилика на три дела, една третина е Буџетска поддршка, една третина е дабалју дија еф програмата грантови и една за проекти. И една меки кредити кој што би почнале да се плаќаат од 2032 година. така што сето тоа практично го заокружува овој процес од реформската агенда и јас сум убеден дека после јунскиот извештај ние повторно ќе бидеме први, ќе добиеме во јули топап, односно дополнителни средства за дополнителни проекти. и ценам дека на овој начин само покажуваме дека ние заслужуваме да бидеме дел од Европа, без да имаме пред нас билатерални спорови, без да имаме спорови кои што се однесуваат на прашања. кои што немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми. Бидејќи јасни се прецизни
Копенхагенските критериуми. Кога станува збор за човековите права, бидејќи често пати денеска ја слушам оваа теза која што во јавноста се пласира дека промената на Уставот практично било за гарантирање на човековите права. И во ред еве, ако речеме дека промената на Уставот буквално тема која што се однесува на човековите права тогаш јас лично како човек има неколку дилеми. Којшто пред мене се појавуваат. Првото прашање, кој смениле политичарите да даваме суд дали нечии човекови права се нарушени или не се нарушени. Ние можеме само таа тема да ја злоупотребиме. Второ, во Европа има институција којашто дава суд, дали човековите права се нарушени или не се нарушени. А тоа е судот за човекови права во Стразбур. Трето, тој суд во Стразбур изминативе години неколку донел повеќе од 14-на пресуди во кои што вели дека човековите права на Македонската заедница во Бугарија се нарушени. И нула за Бугарската заедница кај нас. Тогаш, четврто, логично се поставува прашањето за кои човекови права збориме. Ние мораме да правиме компаративна анализа, ние мора да имаме аргументи, ние не можеме на чувства да зборуваме и да ги политизираме темите. Затоа секогаш кога некој ќе праша и ќе ја постави темата дека уставните измени практично се дел од кластерот за човекови права. Тогаш тој најверојатно или не ги познава работите или се обидува да го политизира тоа прашање. Бидејќи ако институцијата која што е одговорна во Европа да суди и да носи пресудни заклучоци, дали нечии човекови права се нарушени или не се. Вели нула пати кај нас, а 14 пати за Македонската заедница во Бугарија. Тогаш како ние во јавноста ќе дадеме одговор на тоа прашање. Затоа, ние треба да станеме фокусирани на испорака на реформи, да имаме подобри извештаи, да се бориме за подобра функционалност на институциите, подобра економија, да се бориме за поголем отчетност кон граѓаните, по конкурентно и по квалитетен судско обвинителски систем. Тоа е она во кое што ние треба да ја насочиме нашата енергија и ние тоа го правиме. И континуирано се консултираме со нашите партнери од Европската Унија. И на тој начин функционираме и ќе продолжиме да функционираме. Но, за жал ќе повторам ќе има и такви кои што ќе се обидуваат да злоупотребуваат, да користат би рекол тези кои што немаат никаква врска со реалноста. И последно кое што сакам да поентирам. Нема поголема потврда од нашата би рекол одлука да ја реализираме оваа стратешка цел од два други факти. Првиот факт е што ние сме првата држава од Западен Балкан 6 групата која што има целосно усогласена, надворешна и одбранбена политика со Европската Унија. Првата, први го потпишавме тој договор. И тука немаме никакви дилеми, има дел од земјите Западен Балкан кој што или делумно или би рекол целосно ја немаат усогласена надворешно одбранбената политика. И втора потврда е одлуката на Советот на Европа кои што донесе одлука да нас не извади практично од пост мониторинг мисијата и ние сме единствената таква земја од Балканот. Која што е извадена од пост мониторинг мисијата, што ќе каже дека земјата ги почитува човековите права, дека е зрела демократија, дека е функционална демократија и дека како таква практично функционира што не е случај со останатите 5 држави од Западен Балкан 6 групата. Благодарам.