О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Митрески, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благодарам потпретседателке на Собранието. Почитувани пратеници, почитуван премиер, почитувани медиуми, драги граѓани, Почитуван пратеник, мој сограѓанин од Струга, искрено да ви кажам вашето прашање малку ме чудеше, бидејќи пред десет дена на дневен ред беше Интерпелацијата за министерот за земјоделство. Имавте прилика цел ден да поставувате прашања, направивте и критики кон него и имавте можност да ги разрешите сите дилеми и сега се враќаме на истите теми за да ги дискутираме. Затоа, ако денеска се вратиме на истите теми на почеток или не сте ја искористиле Интерпелацијата како што треба и виш обид кој што немаше успех или сте одлучиле да продолжите да земете одговори на рати. Ако тоа ви е стратешка парламентарна стратегија, но како пријателски совет мислам дека не е добар начин за да се помогне на оваа дебата. Бидејќи вашето прашање е конкретно, јас ќе дадам конкретен одговор. На оваа Влада, на овој состав, парламентарен состав има за цел да ги подобри тие дефекти кои што беа создадени од минатата Влада, СДСМ и ДУИ. Значи истото беше и во Министерството за земјоделие каде што ние наследивме многу големи долгови, овде опфаќајќи ги и субвенциите за најмалку три години наназад неплатени. Еден од нашите приоритети од почетокот на мандатот беше воспоставување на систем на плаќање, значи субвенциите кои што не беа платени години наназад и за овој две годишен период ние сме платиле над 15 милијарди денари, вклучувајќи и долгови кои што биле оставени од вашата Влада. Ова јасно ни кажува дека ние правиме и промена во пристапот и ја враќаме довербата на земјоделците. Што се однесува за субвенциите за говеда и за млекото административните процедури и контролите се во тек. Плаќањата како и за овие и за други гранки се одвиваат редовно и нормално дозволете ми пред неколку дена, можам да ви кажам, дека бев на терен во селата на Чашка и Велес и констатирав дека имаше една тенденција на определени компании, не кај сите, за манипулација со откупната цена на млекото. Но, ви гарантирам дека ова нема да помине. Ситуација, со откупната цена на млекото, но ви гарантирам дека ова нема да биде помин, ние како Министерство во соработка со Инспекторијатот на земјоделство ги правиме потребните чекори, овој проблем да не постои во иднина. Што се однесува до прашањето кое вие го доставувате за аплицирање за субвенции за 2026-та година многу брзо системот ќе биде отворен и секој земјоделец има можност и ќе има и време, потребното време ќе го има да аплицира за субвенционирање за 2026-та година. Секако дека и во изминатите години оваа процедура беше реализирана во текот на наредните месеци, затоа нема потреба за вознемирување. За на крај би сакал да истакнам дека резултатите на оваа Влада 2024-2026 година покажуваат институционална стабилизација, зголемување на производството и поголема поддршка за земјоделството. Нашето министерство ќе остане посветено во реформите и модернизација во секторот за земјоделство. Ви благодарам.