
Сања Лукаревска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање ми е до заменик министерот за здравство, жалам што не е тука министерот за здравство. Бидејќи деновиве вашиот ресор е доста актуелен. Имаме проблеми, застој, незадоволство на секој чекор, недостиг на медицински кадар, спратови од клиники кој долго се реновираат, не соодветни услови во клиниките, револтирани пациенти кои што се во животот загрозувачка состојба поради не соодветен третман. Вработени во клиниките, евидентирани за присуство на работно место од страна на еден колега, а другите си ги терале приватните обврски. Одземена надлежност на стоматолошката комора за издавање на лиценци, се уште нема епилог за овој случај. Многу тужби за не исплатени ноќни смени, дежурства и прекувремена работа. Исто така, ве загрижува состојбата дека многу доктори од јавното здравство вршат дополнителна работа и на приватните клиники. Немате стратегија како да се справите со тоа. да го споменам и скандалот со нелегален ботокс и филери, лош ревизорски извештај за скрининг програмите итн. И круна на се ова признание, најновиот индекс за заштита на рамбео за 2026 година, на кој сме на листата на најлоши здравствени системи во светот. Значи лоши оценки за квалитетот на медицински услуги, персонал, болничка инфраструктура, време траење на чекање и трошоци за лекување. Деновиве во фокус е клиниката за детски болести, а во врска со медицинскиот кадар, околу 50 вработени од истата клиника протестираа пред Министерство за здравство, не задоволни што веќе 6 месеци не земаат плата, бараат средба со министерот Алиу, не знаеме немаме информација дали таа средба е реализирана. Бројни реакции до надлежни институции и ветување дека ќе се направат напори за решавање на проблемот. Нивниот статус останува не решен. Со ваква поставеност го видовме нивниот револт, дека всушност тие се на некој начин и волонтери. Нивниот ангажман е волонтерски. Зошто дозволивте ваков развој на настаните. Најголемиот проблем е тука што е загрозен животот на дечињата нив им е потребен редовна контрола, терапија, соодветна грижа. Ним не им помагаат ниту прес конференциите, ниту пак префрлањето на топката од една во друга институција. И кој е одговорен за ваквиот развој на настаните. Долго време се повикувате на административни пречки, а замислете во владината програма за 4 годишниот мандат стои вака, визијата на Владата е ефикасен, ефективен и достапен здравствен систем за граѓаните на Македонија. Нашата визија го поставува пациентот во центарот на сите здравствени процеси. Владата дека ќе изработи план за оптимизација за здравствениот систем, вложување во јавното здравство итн. Ова не е ништо точно, бидејќи реалноста е сосема друга. Ве прашувам, како ќе го решите овој проблем во клиниката за детски болести.