
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И второто прашање за министерката за образование и наука, објектот на основното училиште Рилиндија во селото Селце претставува значаен проект за жителите од тоа населено место и создавање на добри услови за развојот на образовниот процес. Меѓутоа без разлика на очекувањата и зборовите кои се дадени последната фаза за реализација на овој проект сеуште не е завршена и оставајќи ги учениците и наставниот кадар без потребната инфраструктура. Затоа барам одговор за овие прашања зошто сеуште не е реализирана последната фаза од изградбата на проектот на основното училиште Рилиндија во село Селце во која фаза се актуелно административните постапки и финансиските постапки за завршување на проектот. Кога Министерството предвидува да отвори јавна набавка за реализација на последната фаза на проектот и дали се обезбедени потребни финансиски средства за завршување на проектот и кој е крајниот рок за ставање во функција на објектот. Имајќи ги предвид дека одолговлекувањето на крајната фаза е оправдана со административните постапки кој одат пополека е непочитувањето на роковите и не доделувањето на дополнителни финансиски средства до општина Тетово граѓаните и жителите од Селце треба да знаат кога ќе заврши овој проект и кога учениците ќе имаат на располагање едно завршено и функционално училиште бидејќи знаеме дека училиштето во Селце е финализирано до фазата претходната власт е кога министер беше Јетон Шаќири и треба да се додаде само еден дел за да се заврши. Затоа од вас барам до каде е крајната фаза за овој проект. Јас ви се заблагодарувам.