Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Крмов праша за мерки против увозот на млеко од Србија

Резиме

Пратеникот Борислав Крмов праша дали Министерството ќе преземе мерки за ограничување на, како што го оцени, неконтролираниот увоз на евтино млеко од Србија. Тој наведе дека во Малешевско-пијанечкиот регион откупот бил прекинуван, а според негови информации млекото се предавало без однапред утврдена цена. Крмов посочи и дека доцнат субвенции и дека откупната цена, според него, е пониска од трошоците за производство.

Заменик-министерот рече дека ребалансот на буџетот предвидува 1,3 милијарди денари за исплати кон земјоделците по неговото изгласување. Тој најави план за пласман на млекото и за откупната цена, но не одговори директно дали ќе се преземат мерки за ограничување на увозот од Србија. Дополнително, информира дека системот за аплицирање за субвенции за 2026 година ќе се отвори од понеделник и дека рокот е продолжен до крајот на септември.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Борислав Крмов

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Значи во земјоделието моментално имаме општа криза заменик министер, за која што и вие сте одговорни. Значи имаме проблем малтене со сите земјоделски производи, со нивниот откуп, со ниската цена, со оризовата арпа во кочанско, со јачменот и пченицата во овчеполско итн. Јас ќе се задржам на еден специфичен проблем, а тоа е на проблемот со откупот и цената на млекото во малешевско-пијанечкиот регион. Значи имаме неисплатени субвенции веќе 16 месеци. Над 70 милиони евра им должите на земјоделците и здружението Сементал од Делчево алармираше, тоа е здружение со околу 80 сточари кои што произведуваат околу 15 илјади литри млеко дневно. Субвенциите по грло говедо не се исплатени, за млеко не е исплатена, и тука има и една работа што не зависи многу од финансии, тоа е стандардна процедура, значи нема анализи да говедата за да може сточарите и да ги отуѓат, да ги продаваат. Дури ни тоа не е направено. Јас претпоставувам тука не е за штедење како претходните ставки, туку е од една пасивност и незамарање на претходниот министер, а и вие нели, вие сте неговиот заменик. Значи на кратко да ја опишам сагата кои тие земјоделци ја преживуваа со месеци. Значи прво немаше никаков откуп заради тоа што се појавиле вишок на млеко кај локалните млекари, немаше откуп, па потоа имаше откуп, па после пак немаше откуп. До понеделник имаа нешто откуп, па тој откуп прекина. За жал новиот министер нормално се знаеше дека ќе биде избран и потврден тука како предлог од премиерот. Тој беше на средба со земјоделците, со сточарите од тој регион. Јас баш тука сакав да слушнам што договориле. По мои информации моментално се одвива откуп без цена, значи толку се очајни земјоделците, сточарите што го даваат моментално млекото. значи подобро да го дадат без цена на млекарите отпосле ќе потпишуваат договори. Претпоставувам и тие кои што земаат моментално добиваат некаде меѓу 20 и 23 денари, а реална цена за еден земјоделец да му биде исплатено производството е 30 до 34 денари. Значи до 30% помали цени и просто е несфатливо како имаме вишок на македонско млеко кога македонското млеко покрива некаде само 62% од македонскиот пазар. Одговорот на ова прашање е проблемот на увоз, на неконтролиран увоз млеко во прав и млеко од Србија. И затоа сакам вас министре да ве прашам, бидејќи што е тука работата. Има тактиски план кои што наводно се согласил новиот министер дека ќе го спроведе и течат рокови. Не е само тука министерството, тука е Агенцијата за храна и ветерина и некој други министерства кои што треба да реагираат. За жал не е тоа ставено тоа ништо на хартија, се е на даден збор. Ние ќе ве држиме за тој збор, значи тоа ќе биде наредната недела, две. Дали воопшто се работи за нешто за вистинско ветување, дали се решава овој проблем или се што се работи за да се замолчат сточарите барем овој период да мислат дека има некој договор, за недела, две пак кога ќе пукне кризата пак ќе има. За да ја решите оваа криза која што нон стоп се повторува и ќе се повторува. Вие треба да го исконтролирате неконтролираниот увоз на млеко од Србија. Затоа што големите или нај големите млекари во Република Македонија кои што се сопственост на Српски фирми. Повеќе се грижат за кооперантите нивни од Србија, за сточарите од Србија него за сточарите од Македонија. И тука нашата Влада замижува на таа работа, иако знае што е проблемот. Значи, моето прашање е, што ќе преземете, дали нешто ќе преземете да се анулира не контролираниот увоз на евтино млеко од Република Србија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Благодарам претседателе. Почитувани пратеници, почитувани претставници на Владата, почитувани медиуми, драги граѓани. Почитуван пратеник, што се однесува на првото прашање околу цената на млекото и заканувањето на плаќањата. Дозволете ми да ве информирам дека и балансот на Буџетот е во Парламентарна процедура, јас ве охрабрувам да го изгласате овој ребаланс на Буџет. Бидејќи таму се предвидуваат и плаќањата за нашите земјоделци 1,3 ако не грешам милијарди денари се плаќања кои што ќе се реализираат. Одма по изгласување на ребаланс на Буџетот и се однесуваат со доставеното млеко и за аргитираните говеда и за други ред работи. Тоа што се однесува до цените од компаниите кои што се занимаваат со откуп на млеко. Да ве информирам дека пред неколку дена поранешниот министер и актуелниот министер за здравство имаа средба со млекарниците со компаниите кои што го прават откупот на млекото. И добрата вест е таа што постигнале предлог и решение што се однесува и за продажбата и на пласманот за продажба на млекото надвор од државата. Имаат конкретен план околу оваа, исто така имаме и конкретен план за откупната цена која што е моментална. Имаме план за кои што ќе бидете информирани многу брзо. Додека за Агенцијата за храна и ветеринарство работи во согласност со законите. И каде што при контролата, каде што има несогласување околу квалитетот или со некоја рација околу операторите се преземаат мерките предвидени со Закон. Кои што се глоби и за тргање на продуктот од пазарот, каде што ова е потребно. Во такви случаеви кога се констатира дека има престап и кои што се однесуваат со квалитетот или декларацијата на производот. Се санкционира според Законот, но публикација на овие оператори, само кога се имаме такви престапи. Значи, имаат секогаш јавна транспаренција кога се во интерес и кога е во прашање безбедноста на граѓаните. Исто така сакам да искористам приликата да ви дадам уште една вест што се однесува за заканувањата, за апликација за субвенција за сите земјоделци за 2026 година. најавивме и порано дека се прави измена на софтверот што се однесува за Агенцијата за плаќање. Новиот софтвер е по модерен и по унапреден и во петок е закажана обука за вработените во регионалните единици. Од понеделник ќе биде отворен системот за сите земјоделци, можат да аплицираат за субвенција. Значи, од последниот состанок на Владата значи, е пролонгиран ќе биде од крај на месец јули ќе биде крај на месец септември. Ако не сте задоволен од одговорот, може со задоволство после завршување на оваа седница, според Законот ќе ви дадеме писмен одговор. Благодарам.

Сите пратенички прашања