
Борислав Крмов
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање ми е за ловиштата кои што се даваат по концесии. Значи, ние имаме воведена една многу лоша пракса од пред некој 20-на години. веќе концесиите да се даваат и на приватни лица. Значи, на богаташи на капиталисти. До претходно било само на ловните друштва и сега кое е не перфектот од оваа политика. А тоа што многу често тие богаташи кои што се блиски до власта, не само до оваа и до претходната власт. Значи, тие не плаќаат никаква концесија, ги кршат правилата за ловење. Значи, имаме прекумерно ловење, буквално верверичка нема да има во тие ловишта. Значи, се живо ќе се испотепа и после му се зема концесијата. Но, веќе е џабе. Значи, нема никаква грижа за дивечот, нема потхранување во зима, нема поима да се прават за време на лето итн. Работата е чист профит. Дури и некој од тие како да ги наречам богаташи капиталисти кои што ги земале овие ловишта. Ги издавале и на странци да ловат, издавале и ловишта кои што не биле под нивна концесија да ловат и на странци. И после одреден период кога веќе ловиштето ќе се исцрпи на кое што власта очигледно замижува. Ќе се уништи буквално, му се зема концесијата на тој човек и останува ловиштето девастирано. И сега обичен ловец не може да дојде до тие ловишта. Зошто? Затоа што тие карти, членски дневни карти кои што ги наплаќаат, сега се по 3, 4, 5, 10 пати над нормална фактички цена. И дури кога ќе застрелате некое животно во тоа ловиште, животот не ви припаѓа вас, него на концесионерот, па му го праќате на концесионерот. Па тој 2, 3 кила месо ќе ви продаде и пак повисока цена назад. Значи, тоа е моменталната ситуација, што значи, ние имаме еден ефект на растурање на ловните друштва. Затоа што веќе ако не добијат ловна концесија веќе станува без предметно, а ловците не можат да стигнат до тие ловишта кои што сега се само за богати индивидуи. Растурени ловните друштва, се помалку ловци имаме и треба да знаеме дека бидејќи одамна, значи не е ова од сега. од кога постои практично човековата цивилизација. Значи, имаме нарушена рамнотежа во еко системот и ловците се на пример битни за одржување на таа, колку толку барем вештачки на некој баланс, одржување во еко системите. Еве на пример со неконтролирано размножување на диви свињи, има многу региони во Република Македонија каде што тие немаат предатори, значи немаат грабливци кои што би ги ловеле. Ако ние доаѓаме во ситуација да ако ние немаме контролиран отстрел на многу животински видови, ќе имаме уште поголема штета по еко системите и по дивиот свет. И затоа моето второ прашање е, дали планирате да ја прекинете оваа штетна пракса со давање на концесии на приватни лица. И да ја вратите старата пракса давање на концесии само на ловните друштва. Благодарам.