Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски праша за одложените водоводни и канализациски проекти во Крива Паланка

Резиме

Љупчо Николовски го праша министерот за животна средина и просторно планирање кога ќе бидат распишани и реализирани проектите за водовод и канализација во Крива Паланка и околните населени места. Тој рече дека општината има средства и подготвени проекти, но дека тие, според него, две години стојат во Министерството без потпис и процесуирање. Наведе дека проектите опфаќаат продолжување на водоводната линија до Конопница, нова линија Вирови Грамаѓе во Конопница и канализација во населба Маневци од село Дуречка Река.

Во влезниот материјал нема содржина на институционален одговор, а документ со одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто така поврзано со средствата, односно до министерот за животна средина, локално прашање, има одобрени пари кои што стојат на располагање, не се користат. Го поставувам до министерот за животна средина по однос на постапките на Министерството за грантовите за општините од заемот од Светска банка, согласно Методологијата за распределба на општина Крива Паланка и следуваат 1 милион евра за проекти за подобрување на водната и канализациона инфраструктура. Ние збориме за 1 милион евра кои што ги кочите и не ги реализирате, а знаете колку ќе добие општина Крива Паланка од Европската Унија со самиот влез. Поедноставна формула, истата општина во Словенија со истата општина во Крива Паланка, во Словенија од влезот од 2004-та до денес општината која што лани ја посетивме добила 500 милиони евра неповратни грантови. Со 500 милиони евра во една општина нема младите да се иселат, нема да има улица не направена, школо не направено, градинка не направена, нема да се затвораат училишта. Туку младите ќе имаат простор и можност да живеат таму и затоа не се гради во Љубљана и затоа нема урбана мафија во Љубљана, итн. Заради тоа што навреме го фатија тој европски пат. Ние сега се молиме за 1 милион евра за водоводната линија во Вирови Грамаѓе во должина од 8 км во село Конопница. Најголемото и најживо село.

Две години стои овој проект во Министерството, не се потпишува, не се процесуира, парите општината си ги има, но како во ова Министерство, така и во сите други, се она што е за Крива Паланка е комплетно заборавено и блокирано. Кога овие средства ќе бидат распишани, кога ќе може да се реализира проектот за доизградба на постојната главна водоводна линија во Крива Паланка, од Крива Паланка до село Конопница, изградба на новата водоводна линија Вирови Грамаѓе во Конопница, изградба на новата канализација во населба Маневци од село Дуречка река. Сите пари општината ги има добиено од Министерството, проектите се направени, една од најспремните, меѓутоа две години проектите стојат во фиока и затоа прашањето е што планира министерот околу овие постапки, кога ќе се добијат и кога ќе се реализираат овие проекти кои што се битни од локално значење. Ова се решенија и решавање на децениски проблеми на граѓаните, со буџетски средства уште децении и ќе разговараме ние овде за водоводи и за канализации и за ситни проблеми, заради тоа што не сакаме да го направиме чекорот кон Европската Унија, не сакаме Крива Паланка во наредните три буџетски етапи и буџети на Европската Унија да добие околу 500 милиони евра, не сакаме земјоделството да добие една милијарда, не сакаме и губиме 8 милијарди евра. Додека целиот регион иде напред, ние ги задолжуваме овде во Собранието, со вашето гласање, идните генерации им кажуваме порака, да, милијарда евра ќе ве задолжиме, меѓутоа единствениот правец, излез ќе ви биде аеродромот во Скопје. И, токму затоа сметам дека и едното, прашањето поврзано со планот и колку ВЛЕН тоа ќе чека во Владата и што е планот како да го фатиме овој воз и оваа порака што ја имаме од Европската Унија дека моментот на проширувањето и сега, но и се битни овие локални проекти кои што се закочени од страна на самите министерства, исто како и за во другите министерства за кои што ќе збориме во некои од наредните пратенички прашања. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за животна средина и просторно планирање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања