
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Моето пратеничко прашање се однесува до министерот за односи меѓу заедниците. Веќе две години намерно не се применува уставниот амандман 6, за правична и соодветна заедница, токму од ова Министерство. Веќе две години по наречена интервентна одлука на Уставниот суд за укинување на т.н. Балансер, намерно не се донесува Законот за правична и соодветна застапеност. Кога предлогот конечно стигна пред Собрание во фаза на прво и второ читање, наместо вашето или Министерството за односи меѓу заедниците, кое е најкомпетентно според мене како Министерство за оваа материја и приодниот претставник на Владата по ова прашање, пред пратениците се појави чиракот, некомпетентниот министер. Ниту тој лично, ниту неговото Министерство, ниту неговиот тим има стручна и правна подготвеност да ја образложат оправданоста, целта и уставноста на овој закон. Тој беше само келнер. Во историјата ќе биде запаметен само со зборовите амандмани не е усвоен. Готвачите и ден денес остануваат скриени во кујната. Вашиот претходник или претходникот на сегашниот министер, наместо да се занимава со надлежностите на Министерството, ако го отворите сајтот ќе видите кои надлежности поседува, меѓу другото за координирање и мониторинг на процесот на децентрализација, за култура и образование на припадниците на заедниците, за унапредување на меѓу етничките односи, за унапредување на јазикот на припадниците на заедниците, за анализа и за истражување и стратешко планирање, се занимаваше со длабоки политики, една национални, образовни и културни политики, назадување на меѓуетничките односи во државата, расколнички политики, селективен пристап и поддршка и финансирање на заедниците и нивните невладини организации. И тука имам докази, токму од него, 36 проекти, турската заедница добива само 1 проект и дискриминаторски однос во претставувањето на Министерството. Во ниту една свеченост на турската заедница овој министер за односи меѓу заедниците нема учествувано. На тој начин, наместо Министерството за односи меѓу заедниците го претвори Министерството за сопствена заедница. И во смисла накратко сакам да прашам, прво, што конкретно презема вашето Министерство во овој мандат на Владата во рамките, зошто има три надлежности ова Министерство, Одделението за следење и судир на правична застапеност. Едно прашање. Второто, какви активности се спроведени во рамките на Одделението за унапредување на соодветна и правична застапеност и дали Одделение за подготвување на стратешки документи и извештаи се соодветни и правично застапени, изготвен стратешки документ или извештај во овој мандат. Тоа е прашањето до министерот. Прашањето го поставувам до министерот за односи меѓу заедниците.