Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мурати бара мерки и рокови за недостигот од наставници на турски јазик

Резиме

Пратеникот Сали Мурати побара од Министерството за образование конкретни мерки, рокови и фази за надминување на недостигот од наставници што предаваат на турски јазик. Тој наведе примери од Радовиш и други училишта и праша дали и кога Министерството ќе постапи по наодите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Министерката одговори дека Министерството побарало од Филозофскиот факултет „Блаже Конески“ програма за доживотно учење турски јазик и дека е донесена одлука за субвенционирање наставници што ќе се стекнат со документ за познавање на јазикот. Според неа, директорот на училиштето „Коста Сусинов“ побарал од АВРМ невработени лица што би можеле да предаваат на турски, а АВРМ одговорила дека нема евидентирани такви лица. Таа наведе и формирани паралелки во „Јосип Броз Тито“ во Скопје и во други училишта, но не посочи план или рок за отстранување на недостигот од наставен кадар.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 15 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање се однесува до министерот за образование, почитувана министерка за образование, до сега и вам сум ви поставил повеќе прашања за проблемите во образованието на турскиот јазик, во основните и средните училишта, од отворање на паралелки, обезбедување на книги и потребна литература, до недостаток на наставнички кадар на турски јазик. Ги знаете овие проблеми, сте запознаени со проблемите, бидејќи добивам од вас одговори со сите 102 на системот, ова не е проблем настанат во времето на вашата Влада, морам да признам, тоа е еден пола вековен проблем, тој системски и континуирано се акумулира со години наназад. Особено е загрижувачки состојбата на наставничкиот кадар во паралелките на турски јазик. Најконкретен пример беше средното училиште во Радовиш каде во осум паралелки од турската заедница од десетици професори што треба да бидат, само еден единствен професор за осум паралелки за четири години, предава само турски јазик и литература. Поднесов барање до Државниот просветен инспекторат, до општина Радовиш, до Слободен пристап на информации, имам документи каде отворено 25 години се повредува уставното право - гарантирано образование на мајчин јазик. Но остана тука, поднесов до Комисија за дискриминација предлог за утврдување на дискриминација и до преставка до Народниот правобранител. Знаете и вие дека за прв пат во нашата држава по 35 години благодарение на пратеникот Сали

Мурати се утврди јазична дискриминација на турската заедница во мојата татковина. Па прашувам вака, каков е планот на Министерството за решавање на констатираниот недостаток на наставен кадар на турски јазик со јасни дефинирани мерки, кој е комплетниот рок во кој Министерството планира овој недостаток да биде отстранет, какви динамики на спроведување по фази, по училишта и по временски период, кои конкретни училишта се опфатени со преземените или планираните активности, знаеме дека состојбата не е изолирана, како во Радовиш, во гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје, основното училиште во Струмица, гимназија во Гостивар, Кичево, Центар Жупа, Струга и Ресен. Дали и кога Министерството ќе постапи согласно со наодите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, вие имате обврска да постапувате по ова, а 20 години, знае македонската јавност, од страна на директорите и подрачните служби во Министерството за образование, не се отвораат конкурси за вработување на Турци во средното училиште во Радовиш, тоа пишува во пресудата. Благодарам на вашето внимание.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поставено на 111-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 15 јули 2026 година Почитуван пратеник. Мое длабоко уверување е дека образованието на мајчин јазик е најефикасно, но во Македонија не се покажа така. и покрај што сите ученици имаат образование на мајчин јазик, резултатите се катастрофални. Но тоа не е важно. Овој проблем за образование на турски јазик не е од вчера, тој е повеќе од 35, 36 години го решаваме и во моментот можам да ве информирам дека има 8 илјади ученици кои учат на турски јазик, тие го остваруваат правото. Инаку, да вие пријавивте во училиштето, пријавите во дискриминација, Комисијата за дискриминација и направен е увид и вие мислам дека имате и одговор. Значи, во училиштето Коста Сусинов 100 документи на пример има, има годишна програма за работна програма за доживотно учење на турски јазик има, одлука за субвенционирање на наставници кои ќе се стекнат со документ за познавање на турски јазик. Одлука за субвенционирање на наставници кои ќе се стекнат со документ со познавање на турски јазик и Акционен план за следење на програмата за доживотно учење на турски јазик. Министерството за образование и култура со мој потпис побарало од Универзитетот Кирил и Методиј, филозофски факултет Блаже Конески да обезбеди програма за доживотно учење на турски јазик. Тие направиле програма и ај пратиле во училиштето Коста Сусинов. Во однос на тоа дека не отвораме, како рековте конкурси, отвораме конкурси сега за учебната 2025- 2026 година значи не отвораме конкурси, туку бараме ново финансирање за наставници кои ќе го познаваат6 турскиот јазик, значи има доставено барање до АВРМ со кое се бара, директорот бара да му се достават невработени лица припадници на турските заедници кои кажат да бидат наставници по музичко, ликовно математика географија, физичка хемија, биологија и така натаму. АВРМ одговара со број значи документ од 30.06.2025 година бројот е 03716/2 од 01.07.2025 година каде што е наведено дека нема евидентирање ниту едно невработено лице кое може да изведува настава на турски јазик по наведените предмети. Државата презела, Министерството презело акција за да обезбеди наставници кои би можеле да предаваат на турски јазик. Тие не мора да бидат задолжително Турци, можат да бидат Македонци, можат да бидат Албанци, кои на Универзитетот Кирил и Методиј по програмата кој ја направил Факултетот Блаже Конески можат да учат турски јазик, но еве не се пријавиле. Инаку, за да немате дилема со ОУ не е формирана предвидената паралелка за квалификација економски техничар бидејќи за истата не е пријавен ниту еден ученик. Училиштето не доставило за барање за формирање паралелка со мал број ученици. Но во Мирко Милевски на пример за квалификацијата електротехничар за компјутерска техника и автоматика првично бил запишан еден ученик. По доставено барање за запишување дополнителни пет ученици со помал број на поени од предвидениот минимум Министерството даде согласност за упис и позитивно мислење за формирање паралелка со вкупно 6 ученици. Значи има паралелка. На пример во Коста Сусинов се формира една гимназиска паралелка со 17 ученици и паралелка за квалификации електротехничар, енергетичар со 29 ученика. Во Скопје каде што вие велите дека не е така, но така е. Во Град Скопје се формирани сите предвидени паралелки. Во Јосип Броз Тито се формирани 2 гимназиски паралелки со вкупно 49 ученици. Повторно со помал број, но океј формирани се и во Цветан Димов се формирани паралелки за квалификација економски техничар со 25 ученици и медицински сестри со 14 ученици. Секаде каде што имало можност секаде се формирани паралелки на турски јазик.

Сите пратенички прашања