
Венко Филипче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Венко Филипче, поставено на 113-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јули 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитуван претседателе, колеги пратеници, претседател на Владата, министри. Еве едно прашање до премиерот Христијан Мицкоски. Имено премиере секојдневно се повеќе на виделина излегува неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои што владеете. Не помага ниту силниот пијар, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова не можете да го сокриете, неколку работи. Водата е загадена во пола држава во Гостивар, во Валандово, во Скопје во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите. Водата беше загадена во болницата во Лешок, внимавајте, резултат од примерок земен од чешма во болница каде што се лечат и се лекуваат пациенти. Нема одговор за тоа какви се резултатите сега, зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар. Зошто имате контрадикторни изјави вие едно, министерот за здравство друго дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата. Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот во Вардар. Имено, бела пена која што ја замати водата на местото каде што се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот од Рашче. Значи загадена вода на местото каде што има бунари кои што го дополнуваат изворот од кој што пие вода цело Скопје и нема никаква информација. Го пуштате министерот за внатрешни работи да зборува за чистење на водата, хлорирање, хиперхлорирање, човекот нема капацитет, не знае за тоа, не му е тоа на експертиза, внимавајте, хиперхлорирање на водата носи зголемен ризик од малигни болести, не си играјте играчки. Дајте некој кој што знае и кој што и кој што ја разбира работата и кој што има експертиза да се занимава со тоа. Потребно е прво да отстранат органските соединенија, а после да се прави хлорирање на водата. Паѓа во вода прикаските за стандардот. Секој ден ви е полна устата четврти сме во Европа, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенција и сега Евростат го потврди тоа, последни ме во Европа по стандардот и по примања, најниски, на дното. Не само што сме на дното, нема изгледни политики, најави кое што тоа ќе го коригираат, нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите, се порасна, сите цени се зголемија, освен платите, тие стагнираат. Се зголеми парното, се зголемија повторно горивата, повторно нема мерки за помош на одредени категории на граѓани, поскапи данокот на имот, се поскапе, но платите стагнираат, луѓето се на работ на егзистенцијата. Во однос на коруптивните практики. Последниот извештај на Европскиот Парламент, еден од најлошите до сега во оваа смисла, лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта на независното судство и вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизацијата на судовите. На оваа перцепција, не кај нас, туку во Европа на високи европски функционери влијае и вашиот однос. Се заканувате тука од говорница со затвори, со решетки, верувајте никој не ви се плаши, ама никој не ви се плаши, смешни се, ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо, не ви доликува на функцијата која што ја извршувате и во целиот тој контекст и во целата таа ситуација вчера предлага закон со кој што сакате да потрошите 20 милиони евра заобиколувајќи ги сите системски закони во државата за јавни набавки. Па добро, што е целта, што сакате да постигнете. Каква е таа европска практика, никаква, ваша на оваа власт која што се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Излезе во јавноста не од кај нас повторно, од Европа, од Унгарија, дека ќе се испитува унгарскиот заем. Ве предупредувавме зошто земавте една милијарда евра сомнителни пари. Излегоа дека, луѓето сметаа дека имаат кинеско потекло. Загрозен ли е нашиот стратешки правец на движење, на задолжување, на концепцијата на задолжување во земјава до тој кредит и не ставивте на мапата на срамот на Европа дека има сомнеж дека нашата власт ја ставила државата во некаква сомнителна зделка. И на крајот за лагите, самите се демантирате, четири години не труевте, правевте, обвинувавте, го делевте луѓето на патриоти, на предавници, велевте дека протоколите се дел од преговарачката рамка, дека ние не преговараме со Европа, сме преговарале со Бугарија и загрозен е јазикот и идентитетот итн. за да пред некој ден признаете и вие и министерот за надворешни работи дека сето тоа што сте го збореле не било вистина. Па зарем сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме дека намерно не сакате во Европа, дека намерно го блокиравте европскиот пат. Како сега ќе објасните на луѓето во Европа кои што знаат дека не ја кажувате вистината, кај кои што го срушивте кредибилитетот на државата дека вие ова не го правите намерно. Нема повеќе оправдување, намерно блокиран патот 4 години од кои што вие две години сте на власт. Сега актуелно. Моето прашање е следно кој е крив за овие работи премиере. Јас знам вие ќе кажете Венко е крив, СДСМ е крива за се ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам тоа од вас, кој е премиере крив за сите овие работи во државата. Благодарам.