Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Сали Мурати бара податоци за епидемијата кај овците и козите

Резиме

Сали Мурати упатува прашања до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за епидемијата на сипаница кај овци и кози. Бара официјални податоци за жариштата по региони и општини, бројот на угинати и евтаназирани животни и објаснување за разликите меѓу податоците на АХВ и на здруженијата на одгледувачи. Прашува и за мерките за спречување на ширењето, статусот на најавената донација од 500.000 вакцини од Турција и рокот за обесштетување и обнова на сточниот фонд. Документ со институционален одговор не е достапен во приложените материјали.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 02.09.2026 Огр.Единица Број Прилог Вредност 08 5396/1 0

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседателе на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија:

Земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија е соочен со епидемија на сипаница кај овци и кози, чиј точен обем предизвикува спротивставени наводи меѓу надлежните институции и здруженијата на сточари. Според официјалното соопштение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 31.08.2026 година, болеста е потврдена во 63 жаришта во четири региони, при што се евидентирани 196 угинати животни и над 7.300 евтаназирани животни како превентивна мерка. Претходно, во јули 2026 година, официјално биле потврдени 17 жаришта и околу 2.700 засегнати животни. Од друга страна, Сојузот на одгледувачи на овци на Македонија наведе дека се засегнати над 50 стада, а бројот на уништени животни се движи меѓу 7.000 и 10.000 грла, со можност бројката да е и поголема, при што АХВ реагираше дека во јавноста се шират неточни и паушални податоци.

Во таа насока, ги поставувам следниве прашања:

1. Дали е точно дека состојбата со епидемијата значително се влошила во текот на летото 2026 година, имајќи предвид дека бројот на официјално потврдени жаришта пораснал од 17 во јули на 63 до крајот на август?

2. Кој е точниот, официјално потврден број на жаришта на болеста евидентирани во Република Северна Македонија заклучно со денес, разработен по региони и по општини?

3. Колку точно животни се официјално евидентирани како засегнати од болеста – одделно бројот на умрени и бројот на евтаназирани грла – и како Министерството ја објаснува разликата меѓу официјалните податоци на АХВ и податоците што ги наведуваат здруженијата на одгледувачи на овци?

4. Какви конкретни мерки Министерството презема за спречување на понатамошното ширење на епидемијата, вклучително и статусот на најавената донација од 500.000 вакцини од Република Турција, и до кога ќе биде завршена постапката за обесштетување и обнова на сточниот фонд на засегнатите сточари?

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје, 01.09.2026 Сали Муратӣ

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија Пратеничка група „Европски фронт“

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања