Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МВР достави податоци за криминалитетот и критериумите за унапредување

Резиме

Пратеникот Сали Мурати побара од Министерството за внатрешни работи проверливи податоци за криминалитетот по категории во последните две години и информација за критериумите за унапредување и распоредување на кадарот. Во прашањето ги наведе тврдењето на МВР за најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и забелешките на дел од опозицијата и стручната јавност за можна партизација на кадровската политика.

МВР достави табеларни податоци за 2024 и 2025 година: евидентираните кривични дела се намалиле од 18.727 на 17.972, а стапката од 1.019,59 на 978,49 на 100.000 жители. Одговорот содржи и податоци по области, како и графички приказ за периодот 2006–2025 година. За кадровските одлуки, министерството наведе дека се спроведуваат согласно Законот за внатрешни работи, колективниот договор и правилникот за селекција и системот на кариера, посочувајќи ги законските членови 107 и 126.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОВРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – Скопје ПРИМЕНО: 04.09.2026 Орг.Единица Број Прилог Вредност 08 5516/1 0

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседателе на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија:

Министерството за внатрешни работи јавно соопшти дека во изминатиот период е регистрирано најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, додека дел од опозицијата и стручната јавност укажуваат на можна партизација на кадровската политика во ресорот.

Во таа насока, го поставувам следново прашање:

Министерството за внатрешни работи да достави конкретни, проверливи статистички податоци за движењето на стапката на криминалитет по категории во последните две години, како и информација за критериумите применети при унапредување и распоредување на кадарот во министерството?

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје, 04.09.2026 Сали Мурати

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија Пратеничка група „Европски фронт“

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи Кабинет на министер рег.бр 08-197/29/1 Скопје 22.09 2026

До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г-дин Африм Гаши

Предмет: Одговор на пратеничко прашање поставено од Сали Мурати - пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од 04.09.2026 година

ВРСКА: Ваш акт бр:08-5516/2 од 09.09.2026 година

Почитувани,

Согласно член 42 став 4 од Деловодникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви доставуваме одговор на пратеничко прашање од Сали Мурати - пратеник во Собранието на Република Северна Македонија поставено меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 04.09.2026 година.

Прилог: Одговор на поставеното пратеничко прашање

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи Кабинет на министер

Дописот Ви го доставуваме на Ваша надлежност

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ/

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ/

2 Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ул.Димче Мирчев бр.9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk

Почитувани,

Во однос на Вашето пратеничко прашање, во кое се бараат конкретни статистички податоци за движење на стапката на криминалитет по категории во последните две години, во прилог Ви доставуваме табеларни прикази за стапка на криминал на 100.000 жители и криминалитет по области за 2025/2024 година.

Воведно, во однос на изнесеното дека Министерството за внатрешни работи јавно соопшти дека во изминатиот период е регистрирано најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, со цел потврда на фактичката состојба, Во прилог ви доставуваме графички приказ со регистрирани кривични дела во период од 2006 до 2025 година.

Во однос на прашањето кое се однесува на критериумите применети при унапредување и распоредување на кадарот во министерството, Ве информираме дека распоредувањето и унапредувањето на работниците во Министерството за внатрешни работи се спроведува согласно одредбите од Закон за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.108/19, 275/19, 110/21, 89/22 и 111/26), Колективен договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РСМ“ бр.149/21, 299/21, 303/21, 32/22, 54/23, 102/23, 6/24, 215/24, 237/24, 274/24, 115/25, 133/25 и 199/26) и Правилник за начинот на спроведување на селекција при распоредување, како и при унапредување на работниците и начинот на остварување на системот на кариера на работниците во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РСМ“ бр.144/26).

Во член 107 од Законот за внатрешни работи, пропишани се условите за распоредување, а во член 126 условите за унапредување на работниците во Министерството.

Стапка на криминал на 100.000 жители за 2025 и 2024 година вкупен криминал 2025 2024 вкупно кривични дела 17.972 18.727 регистрирани сторители 15.304 14.000 стапка на 100.000 жители* 978,49 1.019,59 *Бројот на жители 1.836.713 на годишно ниво е согласно Попис на население спроведен во 2021 година. Табеларен приказ Стапка на криминалитет за 2025 и 2024 година криминалитет по области 2025 2024 кривични дела од класичен криминал 15.308 16.350 регистрирани сторители 11.861 11.233 кривични дела од организиран криминал 206 198 регистрирани сторители 523 343 кривични дела од економски криминал 1.444 1.052 регистрирани сторители 1.768 1.130 кривични дела од недозволена трговија 1.002 1.112 регистрирани сторители 1.128 1.270 кривични дела против државата 12 15 регистрирани сторители 24 24 Табеларен приказ број на кривични дела по вид на криминалитет

31.000 28.000 25.000 22.000 19.000 16.000 13.000 10.000 7.000 4.000 1.000 -2.000 22.024 2006 година 26.224 2007 година 28.331 2008 година 27.330 2009 година 28.489 2010 година 29.525 2011 година 29.939 2012 година 30.365 2013 година 27.753 2014 година 24.698 2015 година 24.755 2016 година 24.583 2017 година 26.029 2018 година 23.193 2019 година 25.400 2020 година 23.058 2021 година 21.545 2022 година 19.668 2023 година 18.727 2024 година 17.972 2025 година Графички приказ Регистрирани кривични дела во период од 2006 до 2025 година

Сите пратенички прашања