Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за пренамена на затворени училишта во старски домови

Резиме

Сања Лукаревска ја праша министерката за образование дали и понатаму стои зад изјавата дека затворени училишта би можеле да се пренаменат во старски домови. Во прашањето таа изнесе критики за оптимизацијата на училиштата, образовната поддршка за децата со попреченост и условите за наставниците.

Министерката одговори дека стои зад своите изјави и посочи дека Владата одобрила пренамена на едно училиште и еден ученички дом во старски дом, на барање на градоначалник. Додаде дека празните објекти се во надлежност на општините и дека тие одлучуваат за нивната понатамошна употреба. За оптимизацијата рече дека оваа година биле затворени 26 училишта и обединети 450 паралелки, и тврдеше дека ниту еден наставник не останал без работа.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 11 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање, исто до Вас, се издвојувате со вашите изјави кои што предизвикуваат бурни реакции. Имавте изјава дека децата учат англиски од серии и нема потреба од учебници. Сега на 1 септември им порачавте на родителите и на првачињата, покрај знаење да се трудат да имаат повеќе братчиња и сестричиња. Ја кренавте јавноста на нозе без исклучок, но не внимавајќи на фактот дека секое семејство не е семејство од сликовница и дека не секое дете живее како од бајките и дека не сите родители имаат можност да си дозволат уште едно братче или сестриче. Има уште една изјава која што за мене е навистина оригинална и со која што ги оправдавте сите ваши погубни политики на оптимизација и ред друго. Таа гласи вака: Одреден број на училишта се затворени. Не ме фаќајте за збор, мислам дека околу стотина училишта подрачни се веќе затворени. Некои без да го почнеме ние процесот, затоа што таму нема веќе деца, стојат така зградите. Им препорачувам на градоначалниците да им најдат нова употреба. Од нас нема да имаат никаков проблем, оти не е ни за градинка, нема деца, не можат, и што друго не знам, можеби старски дом, можеби некаков клуб, и така натаму. Ова е од 20 јули 2025 година. Стартот на 1 септември е со следнава статистика. Над 3000 првачиња помалку, 26 затворени училишта, 433 паралелки помалку. Околу 250 деца од кои најголем број првачиња на 1 септември без образовани асистенти. Трета година по ред, вие како министер дозволувате учебната година да започне без навремено обезбедена образовна поддршка на децата со попреченост. Со погубната оптимизација, пет илјади наставници се вишок. Одреден број ќе се трансформираат во образовни асистенти, другите не знаеме каква ќе биде нивната судбина. Има наставници со намален број на часови, има наставници со истечени договори. Наместо да очекуваат повисоки плати, тие треба да се плашат за сопственото работно место. Понатаму, нема превоз за учениците од Светиниколско и Кочанско во средните училишта во Штип. Резултатите од ПИСА се доста актуелни и за тоа се дискутираше многу, за “Киро Глигоров“ ви споменав. Значи, вие носите навремени решенија за затворање на училишта, а за реконструкција не можете да го предвидите точното време. И ова отвора сомнеж. Моето конкретно прашање, после сите овие бисери, дали се уште стоите зад вашата изјава дека училиштата кои што ги затворивте, допрва ќе ги затворате, ќе станат старски домови.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 11 септември 2026 година Во контекст на вашето прашање бидејќи спомнавте многу мои изјави ќе направам да обединам нешто во една целина. Зад секоја своја изјава стојам и до колку сакате ви стојам на располагање јавно пред сите да ја дискутираме секоја поединечно. Не знам од каде поривот кога имаме значајни приоритети да се расправаме за нешто што вие мислите дека можеби ќе донесе некакви поени. Дали тоа носи поени ви покажуваат рејтинг листите. Јас најдобронамерно само ви укажувам дека ова не се теми на кои политичка партија може да добие поени затоа што кога зборуваме за децата, за нивните услови, за нивната добро бит сите се осетливи. Од тука мислам дека треба да продолжиме токму во правецот во кој што јас зборувам, за добро бит на најмладите. Конкретно за да не речете дека не сум ви одговорила, да вашиот градоначалник од една општина, ве молам да ме следите за добро да можете да ми одговорите, имате пратеник од таа општина, градоначалник на СДСМ побара од Владата и на ние на Влада донесовме одлука дека да, едно училиште и еден ученички дом по негово барање може да се пренамени во старски дом. Затоа што јас не им велам на градоначалниците што да прават со зградите кои останале празни, тие се под нивна ингеренција, ама еве колку да ви кажам дека тој сметал дека ќе има општината исклучително значење да има старски дом и јас пак велам секаде каде што мислат луѓето дека треба таков објект нека си направат објект кој што сметаат дека им е потребен. Зошто старски дом. Затоа што на целата земјина топка старее населението, проблемот на демографијата не е наш и луѓето со време кои имаат визија си се адаптираат на идните времиња. Не знам што друго да ви објаснам за влегувањето на учениците во училиштата не треба да се дискутира. За учебниците кои ги немаше на пример во странски јазици 10 години, не треба да се дискутира, за учебниците кои во ваше време 3 години ги немаше, не треба да се дискутира. За наставниците сакате да дискутираме, да има вишок наставници, направивме оптимизација, затворени се не во оваа Влада, во вкупното постоење на оваа држава независна 148, не стотина, 148. Оваа година 26, а 450 паралелки е обединети за да добиеме по квалитетна настава. Ниту еден наставник не остана без работа. Тоа го тврдам и тоа го кажувам. Тоа што во последните 7 години им одземаа часови на наставници за да дадат и вработат на неопределено други наставници за да ги лажеме луѓето дека во иднина ќе ви вработиме, за да ги лажеме луѓето за да гласаат давајќи надеж дека можеби некогаш ќе се навредат јас мојата етика, мојот карактер, тоа не го дозволува. Јас ја кажувам вистината. Имаме 1800 паралелки повеќе, не вели Весна Јаневска, вели анализата на УНИЦЕФ и Светска Банка. Имаме 3000 наставници повеќе, не вели Весна Јаневска, вели анализата на УНИЦЕФ и Светска Банка. Тоа требаше и го знаевте и вие. Тоа требаше на луѓето да им го кажете и вие, не сега кога некој се осмели да го решава проблемот и тоа успешно, да тврдите дека водиме погубни политики. Не, водиме политики кои треба да се водат во образованието и кои сте требале вие да ги почнете пред 9 години. Имаше обид да се направи такво нешто, но не успеавте. Ние во ова ќе успееме и ќе биде во ред и ќе го покачиме квалитетот на образованието. Но за тоа треба време и тоа време го користиме корисно. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања