Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска праша за полагањето правосуден испит на албански јазик

Резиме

Дијана Тоска го праша министерот за правда зошто се сменил неговиот став за полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Таа го оспори моделот според кој теоретскиот дел би се полагал на албански, а практичниот на македонски, и побара да знае кога министерот ќе се сретне со студентските претставници. Посочи дека студентите бараат решение и за другите државни испити.

Министерот одговори дека во Министерството се примени пет барања од студентски асоцијации на универзитети, со предлози за полагање на различни јазици. Рече дека прашањето треба да се разгледа правно и институционално, а кандидатите да се оценуваат според знаењето. Најави дека во првиот дел од октомври ќе ги повика претставниците на студентските асоцијации и деканите на консултативна средба за да го претстави и објасни решението.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 11 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Сега имаме прашање за министерот за правда Јетон Шасивари, почитуван министре тука ќе поставам едно прашање кои ги тангира директно јазичната еднаквост на граѓаните и јазничите права и младите Албанци во државата и нејзините институции. Станува збор за илјадници млади Албанци кои што поминале години на правните факултети, полагале испити, завршувале и вложиле време, пари и огромен труд за да станат дел од правосудниот систем. Меѓу нив е и мојата ќерка. И затоа и повеќе и ме боли. И токму на овие студенти кога треба да им се отвори вратата кон правната професија државата им поставува уште една пречка. Вие господине министер оваа проблематика многу добро ја знаете. Одамна ја знаете, дури од април самите изјавивте дека ова не е право. Дека правосудниот испит треба да се полага на албански јазик. Затоа јас, но и граѓаните имаат право да ве прашаат. Што се промени господине министре? Зошто ја променивте одлуката и мислењето? Вие давате едно решение како комбиниран модел. Теоретски дел на албански, а практичен дел на македонски јазик. во една држава кога правата треба да бидат 100% гранатирани за сите граѓани вие давате решение со 50% право. Вие сте министер, вие не на некоја партија или коалиција туку на сите граѓани. Треба да бидете исти за сите граѓани. Правосудниот испит не само теорија, правникот пишува, изготвува, аргументира и подготвува правни документи. За тоа едно јазично право не може да биде целосно во теорија, а ограничено во пракса. Уште едно, студентите бараат дијалог со вас. три студентски парламенти доставија барање, а последното барање од студентскиот парламент на универзитетот во Тетово е доставено на 31 август. Студентите го направија својот дел, сега вие треба да го наградите или да ја завршите задачата што ја имате како обврска. Кога ќе ги повикате на средба овие студенти. Претставниците на трите студентки парламенти. Вие нудите, давате решение само за правосудниот испит. Тие освен правосудниот испит бараат решение за сите државни испити.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 11 септември 2026 година Благодарам почитуван потпретседател. Почитувани пратеници, почитувани министри. Почитувана пратеничке, госпоѓа Тоска. Ви благодарам за поставеното прашање. Прашањето на правосудниот испит не е прашање само на еден испит туку е и прашање на новите правници за нивната иднина, за еднакви можности и за квалитетот на правото кое што сакаме да го изградиме во нашата држава. Како министер за правда, мојот став е јасен. Секоја иницијатива која што доаѓа од студентите и од Академијата треба да се разгледува, да се анализира сериозно. Дозволете ми да ви докажам дека во последниот период во Министерството за правда постигнати се и доставени се вкупно 5 барања архивирани од студентските асоцијации, од петте Универзитети во нашата држава. Барањето е на асоцијацијата на студентите од Штуловиот Универзитет за да може да се положи испитот на албански јазик. Од асоцијацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ со барање на албански јазик е барање на меѓународниот Универзитет, Балкански Универзитет кој што има два циклуса. Првиот циклус на магистратура на англиски јазик, нивното барање е на англиски јазик. Четвртото барање е од меѓународниот Универзитет „Визион“ кој што има акредитација, правни студии во прв и втор циклус на македонски, англиски и турски јазик. Нивното барање е на англиски и на турски јазик и има барање на асоцијацијата на тетовскиот Универзитет со барање на албански јазик.

За мене, не е ова само статистика ова е една порака од младите кои што се подготвуваат да бидат дел од правниот систем и оваа порака сакат да ја слушнеме. Нашиот пристап не е пристап на импровизација, затоа кога дискутираме за јазичните бариери посебно треба да бидеме внимателни. Јазикот нема да биде пречка за еден млад човек да го докажува неговото знаење, професионално знаење. И, кандидатите треба да се оценуваат врз основа на знаењата кои што ги имаат за правото, а не врз основа на тоа кој што го полагаат испитот создава една нова бариера. Сакам да бидам многу јасен. Значи, ова прашање не го гледам како етничко или политичко прашање. Ова прашање го гледам како правно институционално прашање и прашањето е како врз основа на Уставот и Законите треба да имаме еднаков пристап, да се почитуваат јазичните права и истовремено да бидат овие прашања за истите кандидати. Јазикот може да биде различен, треба да биде ист, и за ова сметам дека треба да биде едно прашање на политичка институционална политичка зрелост. Во наредниот период од како ќе почне новата академска година во првиот дел на месец октомври ќе ги повикам претставниците на студентските асоцијации заедно со деканите на овие Универзитети на една средба. Консултативна средба каде што не само ќе им биде претставено решението туку и истото ќе биде објаснето на практичен начин, имајќи во предвид дека тој дијалог со академците многу е значајно...

Сите пратенички прашања