Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Крмов праша за гориво, заштитна опрема и регрес во Македонија пат

Резиме

Пратеникот Борислав Крмов го праша министерот за транспорт за наводен недостиг на гориво во подружницата на Македонија пат во Штип, недостиг на лична заштитна опрема и неисплатен регрес за годишен одмор. Крмов рече дека дел од вработените извесен период не можеле да работат и оцени дека недостигот на опрема претставува прекршување на законските обврски.

Министерот ја опиша состојбата во претпријатието како исклучително тешка и рече дека долгот бил намален од 34 на 25 милиони евра. За регресот потврди дека не е исплатен, но рече дека ќе биде исплатен во законскиот рок. Не даде конкретно појаснување за наводите за горивото и заштитната опрема, а повика Јавното обвинителство да ги разгледа ревизорскиот извештај и кривичната пријава што, како што рече, ја поднел.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Борислав Крмов

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 11 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Јас моето прво пратеничко прашање значи ќе му го поставам на министерот за транспорт, Александар Николоски. Јас сакам да зборувам за состојбите во Македонија пат бидејќи директорот не можеме да го викаме затоа што, го бира и разрешува Владата. Јас како најповикан ќе го прашам значи министерот. Првата ситуација со Македонија пат е во подружницата во Штип, значи по наши, по мои информации од 28 јули до 22 август вработените немале нафта. Значи, тоа е повеќе од 25 дена, 25 дена без нафта. Значи, тие сите крупни зафати биле прекинати, за некои ситни зафати земале нафта од колегите од Кочани и значи сите машини и шофери и останати вработени сте ги праќале на принуден одмор. Значи, зборуваме за некои триесеттина луѓе кои што 30 дена не можеле фактички да си ја извршуваат својата работа затоа што, не сте им обезбедиле гориво. Понатаму, втората ситуација е со ХТЗ опрема која што огромен дел од вработените немаат уште од март 2025 година, значи од минатата година. Сега ние тука зборуваме за, тоа се специјални кациги значи специјални одела, заштитни обувки кои што имаат метален дел. Понатаму, имаат заштитни ракавици, еве за сигнализација и т.н. тие се сезонски значи одела. Значи, летна и зимска опрема, моментално огромен дел од нив немаат ништо. Значи, си работат по тренерки, по фармерки, со патики, во маички и сакам да ве потсетам министре дека ви е и законска обврска. По Законот за безбедност и здравје при работа по членот 17 алинеја 6, значи тука го имате и прекршено Законот. И, една помала забелешка, значи законски имате право да го, се уште го немате исплатено К-15 на вработените, значи регресот за годишен одмор иако законски може да го тегнете до декември. Па, ме интересира кога планирате значи да го исплатите. Моето прашање до вас е: Значи, околу сите овие три ситуации јас кои што ги опишав. Би сакал од вас значи појаснување и објаснување. Значи, тоа е моето прво прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 122-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 11 септември 2026 година Благодарам на прашањето. Ви благодарам што ја отворивте темата за Македонија пат како и да се вика сега по ново, нели после промената на името, не можела да се вика Македонија пат, па ја прекрстија овие претходниве, тешко е за кажување. Ама како и да е, состојбата таму е исклучително тешка, ултра тешка. Го наследивме претпријатието со 34 милиони евра долг, сега е 25, за две години намаливме 9. Крадел кои стигне, кај стигне, ако литар боја за фарбање на улици која што и не ја користеле, коштала икс, ја наплаќале икс пута 10. Да не зборувам за зимско одржување, еве овие две години се чисти снегот, претходно пари се даваа, снег не се чистеше. Само за удари од кучиња, јас знам дека има кучиња, ама не верувам дека сме толкави рекордери, 11 милиони евра се пресудени оштети. Има формирано таму една банда, една мафија на адвокати, проценители, вештаци и Бог ги знае како се викаат и излегува дека до 2024-та година дури беше оној Константин Ацевски директор што си ја тепаше жена му, кучиња секој ден удирале во возила, после 24-та некако имаат намалено кучињава да се удираат во возила. Паралелно на тоа има уште една банда, таа е малце пософистицирана, таму се вака адвокати кои што реално се подобри и кои што ги носат предметите во Стразбур. Сојузени се со компанија која што им се должи и сега Стразбур почна да носи одлуки и долгот да им се плати и камата да им се плати и по една благодарница да им дадеме, а ако ги видете цените по кои што имаат добивано тие компании, се исто така далеку над пазарните. Јас неколку пати сум повикувал, еве да искористам и тука од Собрание, од собраниската говорница да замолам, не знам кој друг збор освен да замолам, Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај, не мора ништо друго да работат, само да го прочитаат ревизорскиот извештај и кривичната пријава која што јас лично ја имам потпишано, јас не се кријам. Потпишав преку 20 кривични пријави кога бев избран и во периодот после тоа од неколку месеци како доаѓаа работите и да истражат како таму се работело. Катастрофална е состојбата, плата не се земаше до пред да бидеме избрани, сега знам дека работиве што сега ќе ги кажам изгледаат, но треба да знаеме од каде тргнавме. Плата се зема редовно, К15 точно е дека не е исплатен, но ќе биде исплатен во законскиот рок. Се подмируваат добавувачите во рамки на она што е реално. Опремата која што ја имаше претпријатието се стави во функција. Се уште се користат надворешни компании за чистење на снег, но не во обем во кое што беше претходно. Се запалија асфалтните бази, повеќе реконструкции што ги прави ЈПДП, наместо да оди на тендер, оди преку Македонија пат. Можете да ја отворите листата на јавни набавки на ЈПДП и таму ќе видете дека скоро и да нема во овие две години јавна набавка, односно тендер на ЈПДП за одржување на патишта. Причината е затоа што се договоривме со ЈПДП таа работа да ја даваат на Македонија пат, па Македонија пат со тие пари да враќа долгови и така се вратија овие 9 милиони евра, од 34 на 25 и да може да ги подмирува платите на вработените и да може да им помагаме. Исто така се направија корекции на цени, пред две седници на Влада помина нова корекција на цени, цело време ги коригираме цените, надолу одат, како утврдуваме пазарот како бил, така. На пример претходно до 2024-та година ако тон асфалт бил некаде 100, 110 евра, овие го фактурирале 190 евра. И сега немам веќе време, уште 25 секунди имам, можам вакви примери да ви бројам до утре, едно од поголеми главоболки ми е Македонија пат. Но повторно молам, замолувам, апелирам, не знам кој збор да го употребам, да Јавно обвинителство таму влезе и детално ја истражи работата. Благодарам.

Сите пратенички прашања