Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

УЈП бара појаснување за даночните податоци за прославата

Резиме

Пратеникот Оливер Спасовски побара од Министерството за финансии да наведе дали се пресметани, пријавени и платени применливите даноци поврзани со прославата, со преглед на даночните обврзници, видовите данок, основите, износите и датумите на уплата за исплатите кон домашни и странски изведувачи и приходите од билети.

Министерството го достави одговорот на Управата за јавни приходи, која оцени дека прашањето е премногу општо и дека не може со сигурност да утврди кои даноци и настани се опфатени. УЈП предупреди дека одговорот на толку широко барање може да биде нецелосен; не достави конкретни даночни износи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Оливер Спасовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Дали се пресметани, пријавени и платени сите применливи даноци поврзани со организацијата и реализацијата на прославата и колкав е точниот износ на платениот данок. Тоа треба сигурно да постои, преглед по даночен обврзник, вид на данок, даночна основа, пресметан и уплатен износ и датум на уплати, исклучително за исплатите кон домашните и кон странските изведувачи, и за приходите од билетите кои што ги имаме. И, на тој начин да се комплетира еден дел од тој мозаик кој што недостасува во целата оваа организација која што е направена. Прашањето го поставувам до министерот за финансии.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Бр.-Nr. 08-5863/3 22.10.2026 год.-вити

Република Северна Македонија Министерство за финансии

Архивски број: 9477/4 Датум: ____________ 22-10-2026

До Собрание на Република Северна Македонија Скопје

Предмет: Мислење Врска: Ваш број 08-5863/2 од 30.09.2026 година

Почитувани,

Во врска со Пратеничкото прашање поднесено од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на Сто дваесет и четвртата седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година, кое гласи: Дали се пресметани, пријавени и платени сите применливи даноци поврзани со организацијата и реализацијата на прославата и колкав е точниот износ на платениот данок, преглед на даночен обврзник, вид на данок, даночна основа, пресметан и уплатен износ и датум на уплати исклучително за исплатите кон домашните и кон странските изведувачи и за приходите од билетите, Министерството за финансии во прилог ви го доставува одговорот од страна на Управа за јавни приходи која е надлежна да се произнесе по истото. Со почит,

Министер за финансии м-р Гордана Димитриеска – Кочоска

Изработил: Сабрије Куртај Контролирал: Душко Тасев Одобрил: Бари Исени, Лилјана Ѓуровска Проверил: Ирена Петковски Согласен: д-р Андријана Матковска

Министерство за финансии Република Северна Македонија Ул. „Даме Груев“ бр. 12, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3255 300 www.finance.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за финансии УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ бул. „Кузман Јосифовски - Питу“ бр. 1, 1000 Скопје Инфо центар 0800 33 000, info@ujp.gov.mk, www.ujp.gov.mk

До: Министерство за финансии Даме Груев бр.12, 1000 Скопје

За: Бари Исени, Раководител на сектор

Генерална дирекција Скопје Сектор за поддршка на директорот и односи со јавност

Врска: Барање (Ваш бр. 09-9477/2 од 06.10.2026 година) Предмет: Одговор

Почитувани,

Во врска со доставеното пратеничко прашање од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година, доставено до УЈП со Ваш допис бр. 09-9477/2 од 06.10.2026 година, а во насока на обезбедување точен и целосен одговор, Управата за јавни приходи известува дека од начинот на кој што е поставено пратеничкото прашање не може со сигурност да се оцени опсегот ниту видот на даноци за кои се бараат податоци за „пресметани, пријавени и платени сите применливи даноци поврзани со организацијата и реализацијата на прославата и колкав е точниот износ на платениот данок“. Вака поставеното пратеничко прашање е премногу општо и може да се однесува на голем број на компании и поединечни прослави или настани кои се дел од организација и реализација на една прослава, а Управата за јавни приходи во обид за обезбедување одговор да се доведе во ситуација да направи ненамерен пропуст со што ќе даде нецелосни податоци на барателот.

Контакт лице УЈП: Александра Велкова, е-пошта: Aleksandra.Velkova@ujp.gov.mk и тел. 02/3299-514.

Со почит,

Изработил: Драган Тодоровски Проверил: Одобрил:

Директор м-р Елена Петрова

Доставено: - Министерство за финансии - Сектор за поддршка на директорот и односи со јавност - Архива

1/1 Твој данок, твоја иднина!

Сите пратенички прашања