
Сали Мурати
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање ми е до министерот без ресор господин Зулфиќар Зејнула. Имено на 24.07 точно пред два месеци бевте избрани во ова Собрание за министер без ресор во оваа Влада како претставник на турската заедница. По долгите макотрпните борби што сме ги воделе тука, еве наеднаш дојде еден министер без надлежности, а на 14.07.2026 година јавно изјавите дека е постигнат договор за далековод и надлежностите на вашето Министерство. Од тогаш до денес Владата пресметав одржи 11 седници на Владата во периодот од 28.07 до 01.09.2026 година. Ниту во јавна изјава, ниту во средствата на медиумите, ниту веб страницата на Министерството не се изнесени конкретни надлежности на вашето Министерство, што е уште посериозно воопшто од, да кажеме од ден 19.05.2026 година во сајтот на Владата ниту еден записник нема што Владата решила. Тоа ли е транспарентноста, тоа ли е отчетноста? Како ние пратениците да следиме што работи Владата. немате, еве проверете министер сте, да кажеме од 19.05 наваму немате ниту еден записник што се одлучува. На ваков начин јавноста останува целосно неинформирана за работата на Владата, вклучително и тоа конкретната надлежност на министерот без ресор што претставува повреда на принципот на транспарентноста и отчетноста. Па го прашувам министерот, со која конкретна одлука и уредба и акт на Владата е утврдена надлежноста на вашето Министерство и кои се тие надлежности. На толку одржани 11 седници на Владата присуствувате, а на колку побаравте збор, што конкретно изнесовте во своите обраќања, кои точки, иницијативи, предлози, извештаи и прашања поврзани со проблемите и положбата на турската заедница ги отворивте во точка на дневен ред и под разно. Ве потсетувам дека граѓаните на турската заедница очекуваат вашата функција да претставува реален механизам... Прашањето го поставувам до министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Зулфиќар Зејнула.