Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Снопче бара мерки за правична застапеност на Албанците во јавните институции

Резиме

Пратеникот Халил Снопче го праша министерот за односи меѓу заедниците какви мерки ќе преземе за правична застапеност на Албанците во јавните институции и за создавање кадри за идни водечки позиции. Тој наведе примери од конкурси и институции, тврдејќи дека бројот на Албанци е низок, и побара анализа на причините, утврдување одговорност и конкретен план со мерки и рокови. Приложен документ со институционален одговор не е достапен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Халил Снопче

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање за министерот за добро владеење. Овдека не е присутен. Господине министер вие сте министер за односи меѓу заедниците и треба да се грижите и за правичната и за соодветната застапеност во јавните инстанци во државата. И ова не треба да биде едно политичко ветување, но треба да се гледа и на директен начин на работата на која што ја правиме. Затоа сакам да ве прашам за еден вознемирувачки феномен. Дека, кое што е појавено во нашата држава во последен период, каде што и вие сте министер. Не може вината да биде само на претходните. На пример се констатирани неколку случувања околу вработувањата. На пример, во Маврово, Гостивар 56 Македонци само 2-ца Албанци. Едно претпријатие каде што и Албанците се над претставени. Во јавни приходи во последниот конкурс 77, 65 Македонци и само 12 Албанци. Да не збориме за водечката хиерархија, да не должам уште повеќе. Значи, во последниот конкурс и ова беше прашање кое што во средното полициско училиште 310, само 9 Албанци. Помалку од 3%, да не збориме за воената академија каде што бројот на Албанците е симболичен и многу е мал. Не е проблемот само на вработување туку имаме и друг проблем овдека. Се поставува и друг проблем, каде ќе бидеме после 10 или 15 години со кадри со Албанци ако не се прави план, кои ќе бидат командири во полициските станици во местата каде што живеат Албанци во касарни во логистика, во одбрана и заштита ако не планираме за ова прашање. Ако правиме план денеска што ќе се случува. Значи, не е само вработување денешно вработување кои ќе биде гарантирано. Врз основа на Уставот за правична и соодветна застапеност туку или некој намерно ова го прави за во иднина Албанците да немаат кадри за да не можат да не претставуваат во државните институции. Било да се водечки или на други места. Затоа господине Ферати јас сакам да поставам прашање какви конкретни мерки ќе преземете вие како министер за намалувањето на застапеноста на Албанците да се претвори во недостиг на кади Албанци кои што ќе бидат водечки утре. Дали ќе побарате податоци точни да ги анализирате причините за оваа работа и да барате одговорност каде што правичната застапеност не е почитувана. Да барате одговорност. Дали имате намера да имате конкретен план со мерки и рокови за Албанците во полиција во одбрана итн. И да не дозволите денеска да се направи еден простор кои што не ќе може после да се потполни толку лесно. Вие сте нов министер и како нов министер не можете да се решат проблемите со коментирајќи ги работите на претходните министри. Вие сте актуелен министер и овие промени кои што ги спомнав и други феномени се случени во мандатот кога сте вие министер. Правичната застапеност не е работа колку Албанци ќе бидат вработени денес е прашење каде што ќе бидат ангажирани Албанци во иднината. Затоа јас следев и едно интервју каде што не можевте да правите разлика помеѓу Груби и Стоиљковиќ. Но, не можеше се префрлив и на таа кај изминатите министри. Господине Ферати јас бев голем критичар и на Артан Груби од оваа говорница и во моите јавни настапи и да бидеш сигурен дека во нивно време немаше вакви работи. Не може да се случуваат во ЕС Маврово или во Јавни приходи или во средното училиште да бидат од 310 Македонци, само 9 Албанци. Овие работи не може да се случат. Треба да преземете мерки. Благодарам. Прашањето го поставувам до министерот за односи меѓу заедниците.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за односи меѓу заедниците

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања