
Оливер Спасовски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Оливер Спасовски, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И, моето трето прашање. Кои се фирмите или фирмата која ги обезбедила дополнителните околу 40 милиони денари, односно над 600 илјади евра за прославата. Кои се износите кои тие фирми ги дале или ако една фирма целосно исто така, да го кажеме. Кога се направени уплатите. Кои се примателите на средствата и договорите врз основа на кои се обезбедени. И, да ми се појасни. Дали ова е спонзорство или е донација имајќи во предвид дека директорот на А.Д Лотарија укажа дека работеле според Закон за спонзорства и донации. Па, ме интересира. Дали е ова спонзорство или е донација. Благодарам.