Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерот ја брани изјавата за почитување на судската постапка

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари го праша министерот за правда зошто не изјавил јасно дека борбата во Косово била праведна и дека нејзините лидери се невини, обвинувајќи го дека се крие зад процедурални аргументи и прашувајќи дали со тоа бега од морална одговорност.

Министерот одговори дека неговата порака била институционален повик за умереност, мир, пресумпција на невиност и почитување на правната постапка. Посочи дека одлуката е од прв степен и дека страните имаат право на жалба, па не сака да ја замени судската проценка со политички став. Додаде дека почитувањето на одлуката не значи согласување со нејзината содржина и дека не треба да се доведува во прашање жртвувањето на косовскиот народ за слобода и независност.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Една ваша изјава господине Шасивари, на социјалната мрежа Фејсбук, ве цитирам: На 16 септември патот на сите не треба да осудат, ќе зборува судот. Каква и да е одлуката таа треба да се почитува бидејќи страните имаат право на жалба. Во овој процес во центарот треба да бидат сите лица кои претендираат дека биле жртви на кривични дела, без оглед на нивната етничка припадност, Албанци, Срби, Роми или други, како и правата на секој обвинет. За одговорноста и вината може да одлучи само судот врз основа на докази. Ниту една политичка изјава не може да ја замени судската проценка на доказите ниту да прејудицира вина или невиност. Косово кое се стреми за европски стандарди не може да избере кои жртви ќе ги слуша и кои ќе ги заборави. Правдата треба да биде еднаква за сите, верувам дека и понатаму продолжува изјавата. Не остана човек без да ја прочита оваа изјава. Вие овдека ги споредувате жртвата со агресорот и овдека имаше жестоки изјави за Албанците во Северна Македонија. Многу е значајно како вие се изразувате околу ова прашање. Пред објавување на пресудата во Специјализираниот суд во Хаг, вие повикавте за зрелост, мирно прифаќање на одлуката и верување во правдата и кажувајќи јасно да се релативизира и после овие изјави и после вие пак дадовте изјава, но што слушнавме вчера од вас, ниту еден друг збор да кажете тоа што секој Албанец и добар познавач на историјата знае дека војната во Косово била чиста и дека нивните челници не извршиле злосторство.

Наместо да изразите јасен и национален став, вие се криете поради процедурални акробации. Вчера рековте дека се невини, бидејќи нема конечна одлука од Апелациониот суд и дека треба да се почитуваат понатамошните судски инстанции. Оваа одбрана не е ништо друго освен продолжување на истиот релативачки наратив и ова е сервилна работа. Затоа ви ги поставувам овие прашања, зошто и денеска не може да кажете јасно и гласно дека борбата била праведна и нејзините лидери се невини, туку се криете зад бирократските фрази и за степените на жалбената постапка. Од кои интереси имате ваков став, без да имате храброст да ја заштитите вистината. Дали мислите дека со овие изговори на зборови значи бегате од одговорноста, моралната одговорност или ќе продолжите да бидете министер без да имате доверба на граѓаните, дека мислите дека ги претставувате нив.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Почитувани пратеници, почитувани министри, Благодарам за поставеното прашање, госпоѓа Ајдари за прашањето кое што го постави, за жал, мојата порака која што ја имав пред донесувањето на одлуката, нема да го прочитам целиот и таму е целото прашање и бидејќи е една моја институционална порака, европска порака за умереност, за мир, беше искривена со цел за политичка манипулација со таа изјава. Пред објавување на пресудата јас јасно кажав каква и да е одлуката треба да се почитува и страните имаат право на жалба. И актуелно се гледа дека колку е актуелна оваа порака каде што воопшто сите анализи зборуваат околу тоа дека жалбата е една гаранција, процедурална гаранција и не е формалност, врз основа на жалбата да се разгледуваат сите факти и докази кои што беа изнесени во прва фаза. Мојата порака беше за пресумпција на невиност, за правна држава. Не заборавете дека јас сум професор по право, универзитетски професор и овој процес го следам од мојата научна експертиза веќе три години, бидејќи е еден комплексен судски процес. Немојте да заборавите дека е објавена само содржината на пресудата, негде околу 40 страници, значи не е објавена целата пресуда каде што има вкупно над 400 страници. Има стотици сведоци, има илјада факти констатирани во прва инстанција, каде што завршија со пресуда. Затоа е еден комплексен процес и мојата порака беше на професионален начин и на институционален начин. Да велите дека да се почитува една одлука која што е став на

Меѓународната заедница, да се почитува една одлука не значи дека да се сложуваш со содржината на таа одлука, но ова значи да се искористи жалбата како правен лек и ако не знаете, еден посебен панел во Специјален Зелен суд каде што ќе се одлучува според жалбата и уште еднашка ќе се контролира законитоста на оваа одлука и фактите и доказите и спроведувањето на законот било да е на материјален или процедурален начин. Искривувањето кое што сакате да ми го наметнете за еднаквоста помеѓу агресорот и жртвата и ми е жал што немате ништо познавање околу азбуката на правото, би било вистина доколку судот би констатирал дека ги објавил за злосторства кон човештвото. Значи овој дел на каузата падна долу. Затоа не може да се зборува на праведен начин и да има еднаквост помеѓу агресорот и жртвата. Не беше прифатено обвинението кое што се однесува за злосторства против човештвото. Во прва инстанција ни укажаа дека не беше тоа и со жалба уште еднашка во друг панел која што е на второстепениот суд, уште еднашка на судот на апелација ќе биде констатирано што беше пресудено на првата инстанција. Затоа пресудата е од прв степен и ова треба да го имаме во предвид, бидејќи постои правото на жалба. Оваа процедура не е завршена со правосилна одлука и почитувањето на одлуката не значи дека да дадете оставка од првото на жалба и да се спротивстави одлуката. Но која е вашата противречност, почитувана, ова е едно прашање кое што треба да се постави во јавноста, зошто тоа што ДУИ денеска ова не го прифаќа, не беше таква кога претседателот на овој политички субјект, кога силно даваше поддршка, лобираше во Собранието на Косово да се формира овој Специјализиран суд и ова прашање треба да го поставите до вашиот претседател и тој дал изјава, дал доказ во Специјализираниот суд. Што кажал тој таму и која била неговата изјава. Тоа не интересира и за тоа се интересира целата јавност и мене ми е жал зошто едно такво чувствително прашање и толку комплексна се употребува за добивање на дневни политички поени. Ако сте ја прочитале содржината на одлуката, значи не е објавена целата судска одлука, таму е специфицирано дека не се става во знак прашање легитимноста на отпорот за слобода и независност на Косово и одговорноста е индивидуална. Затоа мојот став е јасен како пред објавување на пресудата и после значи нема судот да го заменам со политиката и ако одлуката не е правосилна нема да има предрасуди кон одлуката, немам до мене такви предрасуди, ни пред, ни после. Значи ова е институционален стандард кој треба да важи за сите. Јасно сакам да кажам дека во ниту еден момент не треба да се стави во знак прашалник жртвувањето на косовскиот народ за слобода и независност. Република Косово денес е независна земја, има одлука од Меѓународниот суд дека независноста на Косово е врз основа на меѓународните стандарди и прашањето е институционално, правно прашање и затоа и мојата порака беше правото нема политичка страна. Мојата порака беше за правилна држава, за владеење на правото, пресумпција на невиност и правото и за мир и тоа беше мојата цел на сето тоа кое што го реков и пред и после објавување на пресудата. Уште еднашка жалам дека вие со искривување, со разни искривувања, со манипулации се обидувате да создадете една јавност и се гледа дека немате успех во тоа. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања