Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за застапеноста на Албанците во средното полициско училиште

Резиме

Пратеничката Рина Ајдари праша како Министерството за внатрешни работи ја оправдува, според неа, дискриминацијата и слабата застапеност на Албанците во средното полициско училиште. Таа наведе дека од 310 примени ученици, девет се Албанци, и го обвини МВР дека не обезбедува еднакви услови и правична застапеност.

Министерот одговори дека при пријавувањето не се бара националност, а според дополнителни анализи, од околу 520 пријавени 31 биле Албанци, од кои 11 биле примени. Тој рече дека бројот е премал и дека треба да се работи на мотивирање кандидати од сите етнички заедници. Во одговорот ја обвини Ајдари дека го кочи законот за правична застапеност и ги критикуваше нејзините политички партнери за нивното дејствување додека биле на власт; истовремено го пофали обновувањето на средното полициско образование.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Тошковски, ви се обраќам со непочитување на правичната застапеност, како и на непочитување на мултиетничноста. Неодамна беше објавена листата на кандидати на Средното училиште, од 310 ученици примени во оваа генерација, бројот на Албанци е речиси симболичен, само девет се Албанци. Оваа бројка претставува најмалку од 3% од бројките, значи во една клучна институција Албанците претставуваат државен спорен народ во оваа држава. Значи ова навистина не го почитувате и за да бидат прифатени во структурата на полицијата. Вашите изјави дека проблемот не е на пријавување, туку Албанците немаат интерес, значи ова е навредување, бидејќи избегнувате одговорност да гарантирате транспарентност и еднакви услови за примена на сите. Господине министер, како ја оправдувате оваа дискриминација и намалување на застапеноста на Албанците од нивото кое што е апсурдно за Полициското училиште и зошто вие ја користите оваа надлежност на МВР за намерно да не ја почитувате правичната застапеност и да ја враќате полицијата на моноетнички орган.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Почитувана пратеничке, благодарам на прашањето. Очекував дека ќе имам прашање во оваа насока. Бројките се слични на тоа што ги кажавте реално, од околу 520 мислам дека беа вкупно пријавени, согласно информациите кои што ги имам добиено 31 од апликантите и покрај тоа што не се бара националност при аплицирањето, по дополнителни анализи поставени од страна на новинарите, 31 точно од апликантите од 520, пак ќе повторам се Албанци од тие 11 дечиња беа примени во рамки на средното полициско училиште. И да факт е, дека тоа е премал број, факт е дека треба во иднина да работиме максимално ги мотивираме сите етникуми во Македонија да бидат дел од средното полициско училиште. На Македонија и се потребни Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци, Роми и Бошњаци и од сите етникуми во рамки на сите институции, особено во рамки на Министерството за внатрешни работи и во иднина мора да се фокусираме на овој дел. Може и вие да помогнете овде директно, со ваше директно учество, на пример да помине Законот за правична застапеност кои што вие го кочите. Сигурен сум дека со тој Закон ќе помогнете индиректно, но суштината мислам дека кога говориме за ова, требаше да биде друго почитувана пратеничке. Суштината требаше да биде тоа дека вие бевте со вашите коалициони партнери едно дваесетина години на власт и притоа ништо не направивте за Министерството за внатрешни работи и за средното полициско училиште. А вистината е дека оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ за само две години успеа да врати еден тотално девалоризиран процес, односно после 30 години успеавме заедно со Министерството за образование, огромна благодарност повторно до министерката која што лично се вклучи во овој процес да помогне за да може го постигнеме ова кое што го постигнавме, создадовме средно полициско училиште кое што има за цел, да конечно после 30 години повторно кога ќе формираме во рамки на еден образовен процес соодветна професија, конечно да повторно се врати и професијата полицаец, кои што ќе има позади себе не курс од 6 месеци или 9, туку ќе има средно полициско образование во конкретниот случај од 2 години, трета или четврта година во рамки на средното полициско училиште. Навистина, резултатите од она кое што го сработивме се видливи и добро е понекогаш да си признаеме едни на други, навистина дека нешто добро се прави во оваа држава. Ако сите полициски службеници со кои што сум разговарал на тема средно полициско училиште, без оглед дали биле Албанец, Македонец, Турчин, Влав, Србин или Ром или од било кои етникум, буквално сите со кои што сум разговарал, а Бога ми сум разговарал со многу, со илјадници. Кажале дека најдобриот метод, образовен процес за селекција и едукација на полициските службеници е средното полициско училиште, сите буквално, сите со кои што сум разговарал, сите полициски службеници. Иако оние кои што завршиле средно полициско училиште, се гордост за Министерството за внатрешни работи и за Македонија. И сега ние после 30 години го враќаме средното полициско училиште, можевте еднаш да кажавте, еве министер другово што го правите не чини, ама ова барем добро го направивте. Можевте така да кажете, барем така велат сите граѓани со кои што секојдневно имам контакти без оглед дали се Македонци, без оглед дали се Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби,

Бошњаци или од било кои друг етникум, без оглед и тоа е факт. Е сега, зошто не сакате да се приклучите на она кое што е суштина и да дадете поддршка на позитивни проекти, тоа е ваша работа, а за вашата работа секако ќе одлучуваат граѓаните во иднина. Благодарам.

Сите пратенички прашања