Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за инциденти во Тетово, МВР најави процесни дејствија

Резиме

Рина Ајдари го праша Министерството за внатрешни работи зошто, според неа, полицијата не реагирала соодветно на пријавените инциденти и напади во Тетово, кои таа ги поврза со навивачката група „Војводи“. Таа праша и до кога полицијата ќе биде пасивна пред меѓуетничките провокации и дали МВР штити одговорни лица.

Претставникот на МВР ги отфрли обвинувањата и рече дека насилството ќе се третира според доказите, независно од етничката припадност или навивачката група. Тој соопшти дека, по насока на јавен обвинител, ќе бидат преземени процесни дејствија против повеќе лица поврзани со насилство меѓу навивачи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на провокација и инцидентите кои што имаат омраза, кои што се случуваат во последно време. Значи имаме изјави дека имаме напади од војводи, од навивачката група Војводи, врз Албанци во разни делови во градот и во центарот на Тетово. Значи овие организирани напад создаваат отворена клима на несигурност и меѓуетничка тензија, додека одговорот од Одделот, кој што вие го водите, е минимален, селективен и непрофесионален начин. Тетовската полиција ниту ги има регистрирано како инциденти, последните денови што се случиле инцидентите. Значи дејствијата и неуспесите на МВР во Тетово покажуваат вознемирувачка слика. Физичките инциденти поттикнати од Војводите, врз млади Албанци било и да е од други етнички групи, стануваат редовна појава во последните недели и денови, без да заземат правен одговор. Иако станува збор за отворено насилство на јавни места, реакцијата на полицијата останува бавна, речиси пасивна, додека превентивните мерки или кривичното гонење кон напаѓачите не постојат. Меѓуетничката омраза и уличните провокации се толерираат во тишина и хулиганите никој не ги допира. Овој неуспех на МВР за да ги штити граѓаните, без разлика на етникум, туку една толеранција и провокација кон Албанците и другите жители во Тетово воопшто. Затоа моето прашање, зошто со вашето доаѓање на Влада повторно започнаа меѓуетничките инциденти во Тетово и до кога државната полиција ќе игра улога на пасивен набљудувач пред лицата и на меѓуетничките провокации од страна на групата Војводи против Албанците во Тетово и зошто дозволувате вашиот оддел да стане политички штит за такви поединци, директно загрозувајќи ја меѓуетничката безбедност и мир во градот воопшто. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке, значи стварно не можам да ве разберам, не можам да ве разберам. Цел живот, сета политичка кариера позади вас, зборам како групација, не лично, буквално се шлепате само на етнички прашања. Како, а притоа брутално говорите, навистина, еве пошто сте дама, ќе пробам да бидам максимално така културен во говорот. Значи, вака да бевте од мојот пол ќе речев брутално лажете. Ама гледам дека говорите навистина заради тоа што, како да кажам сега, значи се примени толку колку што се примени Албанци. Јас сакам да се примени пута 10, сакам да, ама таа е бројката што се пријавиле. Вкупната бројка е 31, дозволете ми, ќе одговориме, ќе одговориме на сите прашања. Вкупната бројка е 31, вие велите 100, е како бе пратеничке така, е зошто така? Е зошто така? Не, не, вие имате право да поставувате прашања какви што вие сметате дека треба да поставувате. Тоа си е ваше право, ама зошто не сфаќате, зошто не разбирате не ми е јасно, не ми е јасно зошто не разбирате, дека овој народ е мудар народ, овие граѓани се мудри граѓани и не ви веруваат веќе. Не ви минат тезите за етнички, не знам меѓуетнички и така натаму проблеми кои што цело време се обидувате да ги пласирате. Не ви минуваат. Од година во година се помалку и помалку ќе ви минуваат. Што ќе правите тогаш не знам, треба со спорт да се занимавате изгледа, пошто со политика нема да оди многу, многу. Ама тоа си е ваша работа. Продолжете како што вие сметате дека треба да продолжите, проблемот е тоа што и вие знаете дека не ја говорите вистината.

Ме гледате во очи и знаете дека не ја говорите вистината. А тоа, пак ќе повторам, ваш проблем. Е сега кога говориме за настаните кои што се случуваа во Тетово изминативе денови и кога говориме за факти, согласно информациите кои што ги имам, а во насока на вистината, без оглед дали станува збор за навивач на Тетекс или за Шкендија, на Вардар или на Шкупи или на било кој друг клуб без оглед дали станува збор. Пак ќе повторам, за навивач тотално е небитно пред Уставот и законот дали тој навивач е етнички Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак или било кои друг етникум, Грк, Бугарин небитно, навивач сторил насилство документиран, ќе одговара, барем со оваа Влада и со ова Министерство за внатрешни работи и со овој начин на функционирање, ќе одговара. Согласно информациите кои што ги добив, сега од кога ми го поставите прашањето, по насока на јавен обвинител ќе се преземат процесни дејствија согласно информациите кои што ги добив против поголема група на македонски граѓани, навивачи на едни и на други кои што предизвикале насилство. Пратеничке, ве молам слушајте ме сега, вие ме прашавте и јас одговарам и тоа на прашањето кое што ми го поставивте. Значи да заклучам, без оглед дали станува збор за навивач на еден клуб, друг клуб, трет клуб и така натаму, воопшто е небитно, дали е насилникот Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак или било кои друг, Грк, Бугарин или било кои друг етникум, без оглед, небитно е тоа од кривично правен аспект, тотално небитно. Секој кој што ќе се огреши, а притоа за истото ќе се обезбедат докази, ќе се преземе соодветно процесот од дејствие согласно одредбите од законот за кривична постапка. И за овој настан кривично правен согласно насока на јавен обвинител ќе се преземат соодветни дејствија и не против едно, против повеќе лица, не од една навивачка група, од повеќе навивачки групи ќе бидат преземени соодветни процесни дејствија како и секогаш барем додека јас сум го менаџирал ова Министерство за внатрешни работи. Никогаш врз основа на предзнакот етникум, секогаш во предзнакот на Устав, Закон и фактичка состојба заснована врз основа на докази. Така треба да функционира една нормална европска држава, така треба да функционира и така функционира сега за сега, барем со овој премиер, оваа Влада и овој министер. Е сега знам дека ви е чудно, знам дека вие не сте навикнати на Устав, Закон, Правилници и така натаму, знам дека ви е чудно. Нормално, кога ќе функционираш во пашалак одреден временски период кое не два месеци, туку е 20 години, на начин на како што сте навикнати да функционирате, сега ви е проблем да ја прифатите реалноста дека е малце поинаква од таа што за вас е тековен процес на функционирање и сега малце сте, како да кажам, така малце незгодно во ќош сте и така натаму. Ама ќе се навикнете, ќе се навикнете, со тек на време ќе се навикнете. Зошто? Заради тоа што Европа заслужува европска Македонија, а Македонија заслужува нормални граѓани кои што ќе функционираат во рамки на едно со Устав, Закон врз основа на европски вредности дефинирано општество, кое што го градиме колку и да вас ви се допаѓа тоа или не. Граѓани кои што почитуваат Устав, Закон и кои што функционираат нормално во рамки на својата држава. Кога ќе сторат сообраќаен прекршок, ќе платат сообраќаен прекршок, ќе гледаат да не сторат сообраќаен прекршок, да. Зошто? Заради тоа што имаме сега неселективна примена на технологија и така натаму во делот на констатирање на сообраќајни прекршоци, тоа значи. Едноставно е пратеничке, едноставно е, само треба да, нормални. Пратеничке, Македонија, тоа што го заслужува, Македонија е тоа што го заслужува, го добива со работа, со труд, чесно и посветено, а вие продолжете во вашите и имагинарни тези, ќе видиме до каде ќе стигнете. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања