Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Арсова праша за најавените дата-центри и нивното економско влијание

Резиме

Пратеничката Драгана Арсова праша дали ќе се реализираат најавените дата-центри и што би значеле за економијата, инвестициите и вработувањето. Таа посочи дека проектите треба да се развиваат одговорно, со почитување на енергетските, водните и еколошките услови.

Министерството за дигитална трансформација одговори дека работи на две одделни насоки: привлекување приватни инвестиции и изградба на национален податочен центар за државните институции. Според одговорот, приватните центри би донеле капитал, работа за домашни компании и специјализирани работни места, но не би вработувале илјадници луѓе како класична фабрика. Министерството наведува дека нема одобрен проект со доделени 100 мегавати струја и право на користење вода од Вардар. Секоја инвестиција, според него, треба да ги помине потребните законски, технички и еколошки постапки. Националниот центар е планиран за потребите на државните системи.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Драгана Арсова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Драгана Арсова, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Кога денес сите користиме социјални мрежи, алатки за употреба на вештачка интелигенција, паметни телефони, навигација, онлајн банкарство. Ретко се замислуваме и запрашуваме што се стои зад тие услуги. Сите тие услуги зависат од обработката, преносот и чувањето на огромен број на податоци. И не зборуваме за некаква далечна технологија туку за нешто што го користиме веќе во секојдневието. И дигитална инфраструктура што стои зад овие услуги. Инфраструктурата на новата дигитална економија се дата центрите и токму затоа сметам дека треба сериозно да се разговара на ова тема. Во изминатиот период слушнавме најава за развој во дата центри во нашата држава како дел од пошироката стратегија за привлекување на инвестиции. Од изјавите на претседателот на Владата, премиерот господинот Христијан Мицкоски слушавме дека се прават преговори со повеќе компании, меѓу кој и поголема мулти национална компанија. И тоа значи дека веќе разговараме за можност Македонија да привлече капитал, висока технологија и нови економски активности. Меѓутоа од страна на опозицијата за жал колегите не се овде да ме слушнат што ќе проговорам, меѓутоа од нивните изјави на прес конференции од лидерот на опозицијата слушнавме дека се исплашени од некој наводи по однос на дата центрите во Република Македонија. Односно, зборуваа за зголемена потрошувачка на струја, дополнителен притисок врз водните ресурси, негативно влијание врз животната средина итн. Но, наместо од секоја нова технологија однапред да направиме закана треба да разговараме за тоа како таа технологија ќе ја развиеме одговорно и како Македонија и граѓаните ќе имаат придобивки од неа. И наместо да шириме страв и да се прашуваме дали во Република Македонија треба да има дата центри. треба да се прашуваме како Македонија може да ги привлече, како да обезбеди најголема корист за граѓаните и како тоа да го направи одговорно и транспарентно. Секако дека треба план за енергетските потреби, треба одговорно користење на природните водните ресурси, треба да се почитуваат стандардите за заштита на животната средина. Но, тоа не значи дека треба како држава да постојано да ги бараме ризиците пред да ја видиме можноста. Затоа што ако светот оди напред кон вештачка интелигенција и инвестира во огромна дигитална инфраструктура. Тогаш Македонија има две можности. Да ги користи туѓите технологии и туѓата дигитална инфраструктура или да ги препознае можностите и да развива оваа дигитална инфраструктура. Затоа ценам наместо постојано да слушаме што може да биде проблем, треба да разговараме како нашата држава да биде дел од оваа нова економија. И токму затоа почитуван министер за дигитална трансформација моето прво прашање до вас гласи. Дали ќе се реализираат најавените дата центри во земјава и што конкретно значи нивната изградба за Македонската економија, инвестициите и отворањето на нови работни места.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за дигитална трансформација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Арсова, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Почитуван потпретседател, почитувани пратеници, почитувана пратеничке благодарам за прашањето. Ќе започнам со многу директен одговор, активно работиме во две различни области. Едното е привлекување на приватни инвестиции во центри за податоци. И второто е изградба на национален податочен центар. Тоа е за потребите на државните институции. За приватните центри, целта е да создадеме услови заинтересирани меѓународни компании да донесат капитал, да изградат инфраструктура и да отворат високо платени работни места во државата, да создадат економски можности во Македонија. Поттикнувајќи диверзификација и развој на економијата. За националниот податочен центар, целта е државата да добие современо, безбедно место за своите информациски системи. Податоците што ги обработуваат институциите, наместо како до сега 20 различни центри кои трошат електрична енергија. Немаат соодветна заштита и не се меѓусебна поврзани. Ова се два различни проекти, важно е да не ги мешаме да разговараме за двата поединечно. Прво за приватните податочни центри директно на вашето прашање. Во светот во моментот има огромна побарувачка за инфраструктура за вештачка интелигенција и обработка на податоци. За оваа инфраструктура се потребни големи капитални инвестиции електро енергетски и телекомуникациски капацитети. Специјализирана опрема и високо квалификуван кадар. Македонија има можност да учествува во овој нацистички циклус. И за нашата економија исклучително важно да го фати овој бран заради диверзификација на економијата, високо платени работни места, споделување на знаење, нов инвестициски бран, покренување на економијата на новото време. Веќе пости интерес за развој на големи капацитети во државата, ќе дадам пример само еден од разгледуваните проекти. тој предвидува фазна инвестиција, индикативна вредност од најмалку 100 милиони американски долари во првата фаза. И можам вкупен износ поголем од 500 милиони долари. Што значи една ваква инвестиција. Прво значи, изградба на нови објекти инфраструктура, значи, искористување на напуштени објекти и фабрики од транзицијата, отвора работа за градежни компании електро инженери, машински инженери, проектанти, телекомуникациски оператори, финансиски и правен сектор, логистика и домашни добавувачи. Второ, по изградбата центарот има потреба од специјализирани кадри за управување со системите, одржување, мрежна инфраструктура и сајбер безбедност. Но, сакам да бидам прецизен овие центри не се класична фабрика со илјадници работници. Големите центри за податоци се капитално интензивни проекти, нивната економска корист треба да се разгледува и преку градежните активности и домашните добавувачи, електро енергетската и телекомуникациската инфраструктура, даночни приходи, можностите за нови дигитални услуги за граѓаните. И трето, можеби најважно. Центарот за податоци може да создаде нови можности за домашната ИКТ индустрија. Ако Македонските компании добија пристап до нови пресметковни капацитети, ако можат да развиваат призводи услуги базирани на вештачка интелигенција, ако се вклучат наши инженери и универзитети тогаш економската корист не завршува со изградбата или оперирањето на објектот. Инвестицијата може да создадат дополнителна деловна активност и нови услуги што ќе се развиваат во Македонија, а ќе се продаваат на меѓународниот пазар. Затоа кога разговараме со потенцијален инвеститор, прашањето не е само колку сервери ќе донесе или колку мега вати ќе користи. Прашањето е колку капитал, колку работни места, знаења и економска активност ќе останат во Македонија. Бидејќи опозицијата прашуваше за струјата, водата и природните ресурси, а створи паника, хистерија, ширеше и лажни вести. Сакам да одговорам многу директно, затоа што ова е прашање што најмногу ги интересира. Со лажни вести се создава само паника и страв, а тие ги создаваат една мала група која што е сместена во опозицијата. Дали ќе се пренасочи струјата наменета за домаќинствата кон приватни дата центри. Не. Приватните инвеститори мора да ги обезбедат своите енергетски потреби преку соодветни договори, приклучоци и законски постапки, а цената на струјата е пазарена и никој нема да ја субвенционира. Не зборуваме за тоа некој да добие привилегирано право врз електричната енергија што им е потребана на домаќинствата. Принципот е големите приватни инвестиции да не се создаваат не оправдан дополнителен товар за граѓаните. Второ прашање, или тоа беше и прес конференција на претседателот на СДСМ. Дали веќе сме доделиле 100 мега вати струја и право на користење вода од Вардар за некој приватен центар за податоци. Не. Нема одобрен проект со кои се доделени тие права, а нема ни побаран проект. И претходно јавно го разјаснив прашањето. Ниту е издадена дозвола ниту е потпишан договор за изградба на дата центар од 100 мега вати кој би користел вода од реката Вардара. Секој потенцијален проект, мора да помине низ соодветни технички, водостопански, еколошки други законски постапки. И тие постапки ги почитуваме за секоја инвестиција. Трето прашање, дали ќе се сечат шуми за изградба на националниот центар за податоци. Не. Потенцијалната локација на националниот податочен центар е на не искористено државно земјиште во близина на технолошката индустриска зона кај Скопје. Локацијата е разгледувана поради близината до електро енергетската инфраструктура, патната, оптичката инфраструктура, а не поради потреба од разлистување на шумски површини. Истото важи и за приватните инвестиции во центрите за податоци. Кај приватните проекти, секоја предложена локација дополнително ќе мора посебно да се оценува и нема однапред да се претпоставува дека секоја локација соодветна само што постои инвестирајќи интерес. И конечно, дали ќе дозволиме инвестира што го загрозува водоснабдувањето на граѓаните. Ова е услов под кои ние нема да одобриме ни проект. За секоја конкретна инвестиција мора да се утврди од каде ќе се обезбеди евентуалното користење на вода, колку ќе се користи таа вода и каква технологија за ладење ќе биде применета. Постојат, модерни, современи решенија за ладење со без потрошувачка на вода или со мало користење или искористување на водата. Но, технологијата мора да се избере според условите на конкретната локација и да ги исполни потребните законски и еколошки стандарди. Економскиот развој и заштитата на ресурсите не треба да се поставуваат како спротивставени цели. Проектот треба да покаже дека може да ги исполни и двете. И кратко ќе спомнам компаративно каква е состојбата во Европа. Германија, најавена приватна инвестиција 5,6 милијарди евра, Шварц групација, групацијата во чија сопственост е Лидл, дата центарот од 240 мега вати во близина на Ростук. Гугл, инвестициска програма од 5,5 милијарди евра во Германија во Дитенбах. Започната изградба на 150 мега вати на дата центар во Австрија. Словенија, државен и европски проект околу 145 милиони евра е АИ фабрика Слајф во близина на Марибор, 75 милиони евра национално финансирање, 70 милиони евра европско финансирање. Бугарија, 3 милијарди евра приватен проект во подготовка Бринел компјут центар за податоци со вештачка интелигенција во општина Марис во близина на Пловдив. Романија, 380 мега вати во близина на Илов. Франција, 45 милијарди евра во центар за податоци 3,1 гига вати. Италија, проект со најавена инвестиција 5,3 милијарди евра околу 300 мега вати планиран капацитет. И на крајот ќе завршам околу националниот центар за податоци. Знам дека опозицијата и тој го критикуваше додека на сфати дека и тие учествувале во проект за изградба на секундарен дата центар во близина на Прилеп. Тој нема иста големина и намена како ова што го спомнував до сега. националниот центар е планиран како инфраструктура со инсталирана моќност под 1 мега ват. Значи 100 пати помал од овие кои што ги спомнав. Наменети за информациски системи на државните институции. Затоа што и денес државата располага со повеќе од 20 одделни серверски и дата центарски локации. Со очекуваме подобра заштита на државните системи, по сигурно функционирање на електронските услуги и по ефикасно управување со инфраструктурните ресурси. Центарот ќе биде поврзан и со резервната инфраструктура на МВР во Прилеп со цел да се обезбедат подобри услови за континуитет и обновување на критични системи во случај на прекин. Ќе се сети опозицијата на Прилеп, иако денес шират лажни вести против изградба на центри за податоци. Тогаш потрчаа да отворат проект кои што претходно беше планиран од ВМРО ДПМНЕ аплициран на проект со Европската Унија. За ова изработивме физибилити студија, утврдивме потенцијална локација како што зборував и работиме на финансискиот модел и потребните постапки. Треба да напоменам дека ова е дел од планот за раст на Европската Унија и дека за него се обезбедени 20 милиони евра од планот за раст од кои 30% се Гранд компоненто. Значи, директно Европската Унија го подржува овој проект. На крај почитувани пратеници, свесен сум дека опозицијата еден многу мал дел од опозицијата, но многу гласен. Сака да ја види Македонија на колена, понижена, уништена, раскарана, поделена. Така ќе го правдаат своето учество во лошите страници во поновата Македонска историја. Но, верува дека и сите ние и власт и опозиција и инженери и земјоделци можеме да се договориме дека разнолична економија која создава голема додадена вредност и која е девирзифицирана е добра и за државата и за општеството и за сите македонски граѓани. И ќе завршам со одговор на суштината на поставеното прашање, приватните центри за податоци претставуваат токму таква можност, нови капитални инвестиции, работа на домашни компании, специјализирани работни места и развој ИКТ индустријата. И треба да донесат нов капитал и нови можности за Македонската економија. Благодарам.

Сите пратенички прашања